Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
12 март 2009
Мислења
19.915
Поени од реакции
15.902
Не гледам зошто би лажел, а од друга страна грев е да лажам такви како тебе.

Моите не беа работници, туку беа и сеуште се реномирани универзитетски професори. До сега се што имаат заработено во животот е со личен труд и залагање, ништо не им е дадено на тацна.
Се одеше во Грција по 30 дена бидејќи Грција беше со помали плати од СФРЈ.. ај дали оделе твоите на Јадран месец дена ( не во камп).... а 2 коли не се проблем ни сега, зависи какви... поголем проблем е паркирање и сообраќајни гужви бидејќи се наполнивме со коли...
јас веќе со 1.5 години стаж станав раководител во фабрика и имав плата како доцент на факултет ... но проблемите почнаа подоцна, кон крајот на 80-тите со обезвреднувањето на ју динарот.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Знаеш... во времето на СФРЈ моите беа службеници... едниот правник, другиот агроном...
Е, они имаа просечни примања, и НЕМАШЕ ШАНСА да си дозволат да купат еден, а не два стана. За две коли исто така немаше шанса. Одмор во Грција можеше да се дозволи колку една недела... што е доволно. Татко ми најчесто не водеше на Јадранот, поточно Хрватскиот дел од Јадранот.
Универзитетски професори и воени лица во СФРЈ беа многу над просекот!
Е сега, да се вратиме во сегашноста...
Ако имаш две плати кои се неколкукратно над македонскиот просек, можеш да си го дозволиш сето тоа наведеното.
Мене ми успева со малку надпросечни две плати да имам две возила, да отплаќам кредит, да шетнам некаде на одмор и да живеам нормално (ни бедно ни луксузно).
Се зависи и од стилот н живот, постоеа фамилии кои со една плата подигнуваа куќи или правеа викендици... станови најчесто се откупуваа тие работничките или се земаа со кредити кои беа доста поволни, но имаше и такви кои си живееа живот без штедење, голем број деца на работници од СФРЈ, денес живеат во куќи на свои татковци, пример татко ми откупил стан кој добил од фирмата, убав голем, на жената татко и беше со средно ,вработен во градежна фирма и успеал да направи 2 спрата куќа од по 70 квадрати спрат и да има и нова кола. Е сега СФРЈ беше ставена на СОЦИЈАЛистички темели значи да се води грижа за обичниот човек, тоа значеше солидарност, заедништво, помагање.... во државни фирми, банки.. нема многу ни место за лично богатење така да и парите воглавном се враќаа назат во општеството додека сека одат во џепови и сметки на газди, порано работниците избираа директори врз основ на тоа колку добро ја води фирмата, така да редовни плати, пласман на роба, наоѓање на работа, работнички одморалишта, пакети со производи 1-2 годишно, К15, 13 плата.... беа начин некој да остане директор, сега газда може да прави што сака како сака и кога сака, да отпушта, да скратува да казнува.... никој ништо не му може. И јас и жената работевме во СФРЈ и замисли во годината ко ќе дадоа плус по една плата и по К15 (кој беше речиси како плата) значи 28 плати годишно плус и јас и таа по едно полутче, пита кашкавал, картон вина, сокови сувомеснати, мед, ...... мојата фирма имаше хотел на Охрид каде одев за симболична цена која ми ја задржуваа на плата на 2-3 пати, кај неа имаа приколки во градиште, здравство и школство бесплатни не треба да даваш пари ни за уписи ни за испити ни за шурупи ни за операции, ќе настинеш, најголем трошок ти се лекарства за секојдневни маки, капки за нос, аналгин, аспирин, андол... антибиотик... сето тоа одеше бесплатно на рецепт, витамин Ц одеше на рецепт.. и ко ќе собереш редовни и добри плати плус екстра пари а од друга страна помалце издатоци од колку денес - добиваш прилично убав живот за народот.[DOUBLEPOST=1434834548][/DOUBLEPOST]
ХАхаххахахаха,имаш проблеми со диоптријата.Си го прочитал оној дел од мојот пост што ти одговара,а за она другото штамааааа.....
A тој дел тебе не ти одговара?
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466

Не него тебе не ти одговара,бидејки не го искоментира.....
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.082
Поени од реакции
6.704

ако си прав и искрен Македонец ќе му бидеш благодарен на другарот Тито што се здружи со другарите од Македонија и првпат се доби Македонска нација и писмо во поновата историја

и да,не може во капиталистички систем народот подобро да живее отколку во социјалистички(не социјалистички под закрила на дегенереници диктатори,ами социјалистички во буквална смисла на зборот)
 
Ајдеееее.Да му бидам благодарен на чопавиот загорец што ја згази и уништи вековната желба на овој народ да ја види Македонија во нејзините природни граници.Да му бидам благодарен на чопавиот загорец што дедо ми има лежено на Голи Оток поради про македонските идеи.Да му бидам благодарен на човекот кој нареди стрелање на Скопското Кале на 15 Македонски офицери што се имаат побунето дека не сакаат на Срем туку да се спојат со партизаните од ДАГ во Грција.Да му се заблагодарам на човекот кој создаде цела армија на кодоши во државата кои се влечат ден денес.Да му се заблагодарам зошто Македонија е допишана со молив 1943 поради наводно каснење на Македонската делегација а вистината е сосема поинаква......
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.915
Поени од реакции
15.902
околу слободата, Македонија беше од подолните региони, под чизма на неспособна милиција и доста удбашки остатоци. Се сеќавам кога дојде еднаш Тито во 60/70-тите, 2 дена бевме во опсадна состојба. А во исто време летото бев во Пула, доваѓа Насер, само 15 минути беше запрен сообраќајот во градот, да помине колоната со Тито и Насер. Абе кај нас и по смртта на Тито, се додека одеше штафетата ( едно прче дрво) од работа не тераа пешки да одиме по 4-5километри до трасата каде одеше штафетата.. Абе уште се држат удбашите, им смета Лустрацијата, а и во Хрватска сега има афери со судењето на ех началникот на Удба кого мораа да го испорачаат на Германија ( за ликвидации на хрватски емигранти во Германија во 70-тите)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.187
Поени од реакции
8.383
школство бесплатни не треба да даваш пари ни за уписи ни за испити
Школството не само што не е бесплатно денес, туку и се применуваат разни видови рекет како на пример: ИКСА, книжевен фонд, казни по еден куп основи (презапишувања, ако не пријавиш електронски во одредениот период се плаќа 400 ден. од предмет, итн.), пријавување испити (ова само во МКД го има)...

Налет тоа, заради еден куп вакви работи, кога и да се симнам на студентски прашања слушам по некое раскажување на студент како изгубил два-три семестри во бирократски глупости...
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Грев е да постираш такви постови........

Аха значи реномирани професори 3 стана и 2 коли.Браос бе батка........
Да, реномирани универзитетски професори кои покрај тоа што предаваат на факултет цел живот работат дополнително, чесно и поштено. Не знам што ти е тука чудно. За разлика од нив, некои нивни колеги, кои немаат ни приближно капацитет и способност "заработија" многу повеќе, но го немаат образот и статусот кој моите родители го уживаат во општествово.

Знаеш... во времето на СФРЈ моите беа службеници... едниот правник, другиот агроном...
Е, они имаа просечни примања, и НЕМАШЕ ШАНСА да си дозволат да купат еден, а не два стана. За две коли исто така немаше шанса. Одмор во Грција можеше да се дозволи колку една недела... што е доволно. Татко ми најчесто не водеше на Јадранот, поточно Хрватскиот дел од Јадранот.
Универзитетски професори и воени лица во СФРЈ беа многу над просекот!
Јас мислам дека моите имаа просечни примања споредено со други. Или можда кругот на луѓе меѓу кои сме се движеле бил таков па јас како дете имам добиено погрешна претстава. Во секој случај моите не уживаа незнам какви државни почести и поволности. Секој еден денар им е заработен поштено и со труд, а работеа многу.

Е сега, да се вратиме во сегашноста...
Ако имаш две плати кои се неколкукратно над македонскиот просек, можеш да си го дозволиш сето тоа наведеното.
Мене ми успева со малку надпросечни две плати да имам две возила, да отплаќам кредит, да шетнам некаде на одмор и да живеам нормално (ни бедно ни луксузно).
Можам, ама не си го дозволувам затоа што имаме поприоритетни трошоци. Мене работата ми е таква што покрај приходите имам и многу расходи. Одам често во Западна Европа, а секое одење ми е трошок. Кога сум овде пак имам доста средби со луѓе по ресторани и слично, кои исто така коштаат. Не се поплакувам дека ми е тешко и не ми одговара сето тоа, ама на крај на месец трнувам многу помалку пари од што би сакал.
Летово, комплет со жена и деца, бевме 8 дена во Грција во просечен хотел. Можевме и во полуксузен, но ќе требаше да скратам од друго. Веднаш по тоа сите комплет заминавме на 8 дена во Германија, од каде што во моментов го пишувам постов. И тука не се расфрламе со пари, буџетот го планирам и ограничувам. Сакам до крај на лето да одиме бар на уште 8 дена во Грција комплет и на еден-два продолжени викенди со жена без деца.
Нашите работни позиции сега се многу подобри отколку тие на моите во време на СФРЈ. А кога ќе се присетам кога одевме на одмор моите не се устручаваа за трошење додека бевме на одмор.
Во таа насока мислам дека стандардот во СФРЈ беше далеку повисок од овој кој го имаме денес. Да не зборам што ми се случува да одам многу денови во континуитет по 12+ саати на работа што било непоимливо во време на СФРЈ.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
околу слободата, Македонија беше од подолните региони, под чизма на неспособна милиција и доста удбашки остатоци. Се сеќавам кога дојде еднаш Тито во 60/70-тите, 2 дена бевме во опсадна состојба. А во исто време летото бев во Пула, доваѓа Насер, само 15 минути беше запрен сообраќајот во градот, да помине колоната со Тито и Насер. Абе кај нас и по смртта на Тито, се додека одеше штафетата ( едно прче дрво) од работа не тераа пешки да одиме по 4-5километри до трасата каде одеше штафетата.. Абе уште се држат удбашите, им смета Лустрацијата, а и во Хрватска сега има афери со судењето на ех началникот на Удба кого мораа да го испорачаат на Германија ( за ликвидации на хрватски емигранти во Германија во 70-тите)
А за некоја година ко ќе лустрираат оние кои даваа информации за УЧК и ОНА во Македонија? Шо кодошеле борци за човекови права
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Дајте мислам не се живее во облаците.Чиста утопија,носталгија за нешто што не вреди за мене да се споменува а камо ли да се отвара топик за дискусија.[DOUBLEPOST=1434835896][/DOUBLEPOST]
Да, реномирани универзитетски професори кои покрај тоа што предаваат на факултет цел живот работат дополнително, чесно и поштено. Не знам што ти е тука чудно. За разлика од нив, некои нивни колеги, кои немаат ни приближно капацитет и способност "заработија" многу повеќе, но го немаат образот и статусот кој моите родители го уживаат во општествово.

Јас мислам дека моите имаа просечни примања споредено со други. Или можда кругот на луѓе меѓу кои сме се движеле бил таков па јас како дете имам добиено погрешна претстава. Во секој случај моите не уживаа незнам какви државни почести и поволности. Секој еден денар им е заработен поштено и со труд, а работеа многу.

Можам, ама не си го дозволувам затоа што имаме поприоритетни трошоци. Мене работата ми е таква што покрај приходите имам и многу расходи. Одам често во Западна Европа, а секое одење ми е трошок. Кога сум овде пак имам доста средби со луѓе по ресторани и слично, кои исто така коштаат. Не се поплакувам дека ми е тешко и не ми одговара сето тоа, ама на крај на месец трнувам многу помалку пари од што би сакал.
Летово, комплет со жена и деца, бевме 8 дена во Грција во просечен хотел. Можевме и во полуксузен, но ќе требаше да скратам од друго. Веднаш по тоа сите комплет заминавме на 8 дена во Германија, од каде што во моментов го пишувам постов. И тука не се расфрламе со пари, буџетот го планирам и ограничувам. Сакам до крај на лето да одиме бар на уште 8 дена во Грција комплет и на еден-два продолжени викенди со жена без деца.
Нашите работни позиции сега се многу подобри отколку тие на моите во време на СФРЈ. А кога ќе се присетам кога одевме на одмор моите не се устручаваа за трошење додека бевме на одмор.
Во таа насока мислам дека стандардот во СФРЈ беше далеку повисок од овој кој го имаме денес. Да не зборам што ми се случува да одам многу денови во континуитет по 12+ саати на работа што било непоимливо во време на СФРЈ.
Ако беше нормална и саглам таа југословенска академска елита,немаше да дозволи да се распадне .Ама се распадна бидејки не беа кадарни да ја задржат.Некој ке ми каже насционализмот ја распадна.Јаааааа,мајкатаааааа.......
 
баш..........во времето на СФРЈ Македонците работеа во свои фирми и соработуваа со цела Југославија,а и со пола свет,денес или работат странство за странски газди или во сопствената држава за олигарси,не се подеднакви пред државните органи,приморани се да ја напуштат државата за подобар живот..........природниот прираст објаснува доволно кои години биле најпогодни за живот на овие простори
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
579
Поени од реакции
831
Како прво не знаеш со кого коментираш на овој форум.[DOUBLEPOST=1434832934][/DOUBLEPOST]
:ROFLMAO:

И дај мајко му веке разберете југославија умре 91-ва.....
Но носталгијата за неа не.;)
Ах како не знаеше Тито да тера една режимска преродба како Грујота наш па да своите граѓани ги донесе до питачки стап,да своите граѓани ги донесе до тој степен да за само еден хамбургер и сок ги шета со автобуси кај му душа сака како да се стока,да своите граѓани секојдневно ги манипулира преку партиските медиуми и партиските "војници" кој вршат тортура врз народот преку штабови и разни организации,да отидат до таму да и малолетни деца во училишта се користат за партиски цели,да народот е задоволен со мизерна плата со која неможе и месец да истера а не пак да заќари нешто...
И еве да речиме Југославија не чинела,била лоша,Тито обичен лопов (иако дури ни на својата жена после смртта не и остави никаков имот,туку се остана на државата),зошто повеќето народ чезнее по таа Југославија,зошто повеќето народ е задоволен од животот во тој период,затоа што народот во тоа време беше се што денес не е.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.915
Поени од реакции
15.902
Да, реномирани универзитетски професори кои покрај тоа што предаваат на факултет цел живот работат дополнително, чесно и поштено. Не знам што ти е тука чудно. За разлика од нив, некои нивни колеги, кои немаат ни приближно капацитет и способност "заработија" многу повеќе, но го немаат образот и статусот кој моите родители го уживаат во општествово.

Јас мислам дека моите имаа просечни примања споредено со други. Или можда кругот на луѓе меѓу кои сме се движеле бил таков па јас како дете имам добиено погрешна претстава. Во секој случај моите не уживаа незнам какви државни почести и поволности. Секој еден денар им е заработен поштено и со труд, а работеа многу.

Можам, ама не си го дозволувам затоа што имаме поприоритетни трошоци. Мене работата ми е таква што покрај приходите имам и многу расходи. Одам често во Западна Европа, а секое одење ми е трошок. Кога сум овде пак имам доста средби со луѓе по ресторани и слично, кои исто така коштаат. Не се поплакувам дека ми е тешко и не ми одговара сето тоа, ама на крај на месец трнувам многу помалку пари од што би сакал.
Летово, комплет со жена и деца, бевме 8 дена во Грција во просечен хотел. Можевме и во полуксузен, но ќе требаше да скратам од друго. Веднаш по тоа сите комплет заминавме на 8 дена во Германија, од каде што во моментов го пишувам постов. И тука не се расфрламе со пари, буџетот го планирам и ограничувам. Сакам до крај на лето да одиме бар на уште 8 дена во Грција комплет и на еден-два продолжени викенди со жена без деца.
Нашите работни позиции сега се многу подобри отколку тие на моите во време на СФРЈ. А кога ќе се присетам кога одевме на одмор моите не се устручаваа за трошење додека бевме на одмор.
Во таа насока мислам дека стандардот во СФРЈ беше далеку повисок од овој кој го имаме денес. Да не зборам што ми се случува да одам многу денови во континуитет по 12+ саати на работа што било непоимливо во време на СФРЈ.
Како за кого...додека работничките на лента работеа турбо, тие од канцелариите одеа во кафана да го дочекат 8-ми март, со неколкумина машки од синдикатот ( тие што беа за расплод)... а во 60/70-тите кога се пушти ф-ка Малон, на еден работник раката му ја фати машина (валците). Лентата застана, ама за да се спаси раката требаше најмалку 12-15часа демонтажа на валците, па раководството нареди докторите да му ја исечат раката да не запира толку производството...
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Како за кого...додека работничките на лента работеа турбо, тие од канцелариите одеа во кафана да го дочекат 8-ми март, со неколкумина машки од синдикатот ( тие што беа за расплод)... а во 60/70-тите кога се пушти ф-ка Малон, на еден работник раката му ја фати машина (валците). Лентата застана, ама за да се спаси раката требаше најмалку 12-15часа демонтажа на валците, па раководството нареди докторите да му ја исечат раката да не запира толку производството...
Да, да, секако. И после тоа му ја исекоа и другата рака за да биде симетричен...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom