Се зависи и од стилот н живот, постоеа фамилии кои со една плата подигнуваа куќи или правеа викендици... станови најчесто се откупуваа тие работничките или се земаа со кредити кои беа доста поволни, но имаше и такви кои си живееа живот без штедење, голем број деца на работници од СФРЈ, денес живеат во куќи на свои татковци, пример татко ми откупил стан кој добил од фирмата, убав голем, на жената татко и беше со средно ,вработен во градежна фирма и успеал да направи 2 спрата куќа од по 70 квадрати спрат и да има и нова кола. Е сега СФРЈ беше ставена на СОЦИЈАЛистички темели значи да се води грижа за обичниот човек, тоа значеше солидарност, заедништво, помагање.... во државни фирми, банки.. нема многу ни место за лично богатење така да и парите воглавном се враќаа назат во општеството додека сека одат во џепови и сметки на газди, порано работниците избираа директори врз основ на тоа колку добро ја води фирмата, така да редовни плати, пласман на роба, наоѓање на работа, работнички одморалишта, пакети со производи 1-2 годишно, К15, 13 плата.... беа начин некој да остане директор, сега газда може да прави што сака како сака и кога сака, да отпушта, да скратува да казнува.... никој ништо не му може. И јас и жената работевме во СФРЈ и замисли во годината ко ќе дадоа плус по една плата и по К15 (кој беше речиси како плата) значи 28 плати годишно плус и јас и таа по едно полутче, пита кашкавал, картон вина, сокови сувомеснати, мед, ...... мојата фирма имаше хотел на Охрид каде одев за симболична цена која ми ја задржуваа на плата на 2-3 пати, кај неа имаа приколки во градиште, здравство и школство бесплатни не треба да даваш пари ни за уписи ни за испити ни за шурупи ни за операции, ќе настинеш, најголем трошок ти се лекарства за секојдневни маки, капки за нос, аналгин, аспирин, андол... антибиотик... сето тоа одеше бесплатно на рецепт, витамин Ц одеше на рецепт.. и ко ќе собереш редовни и добри плати плус екстра пари а од друга страна помалце издатоци од колку денес - добиваш прилично убав живот за народот.[DOUBLEPOST=1434834548][/DOUBLEPOST]
A тој дел тебе не ти одговара?