Дај мислам малку со темата.Гледам еден куп југоносталгичари ама што слушале од родителите или биле у пелени кога постоела.
Креација на ЦИА.По историското НЕ на Сталин во времето на информбирото,југославија добива 1950 по тајни канали финансиска помош од околу 400 милиони долари од Американците,надевајки се дека ке ја придобие во своите редови.Но со доагањето на Хрушчов на власт и неговото историско доагање за помирување во Белград мислам дека е 54 или така нешто,ЦИА го отвара досието Југославија.Во 60-те години има бруто приход поголем од Јапонија????Но и покрај финансиската помош која е добиена од страна на Американците југославија продолжува да се задолжува,а курсот на домашната валута се оддржува вештачки со печатење на пари,бидејки комунистичката врхушка научена на убавините што ги нуди Западниот свет во тој период,преминува во црвена буржоазија која е цврсто убедена дека ке владее 1000 години.
Народот се залажува со филозофијата,гледајте ги земјите од Источниот Блок и се ке ви биде јасно,и го прифака она што му се нуди.Нереални кредити со минимални каматни стапки и со страшна девалвација,роба со квалитет за тие простори и преценета,а она што беше достапно од Западот беше оданочувано со 200% за да се зачува домашното производство??????
Задолжувањето продолжува и во 80-те години по смртта на саканиот ни другар тито,а фабриките преполнети со работници почнуваат да доживуваат колапс.
Она што обичниот граганин успеваше да го донесе од Запад по било кои канали беше даночено со 25% царина и некои си мислам дека беа 15% данок,со образложение дека се штити домашното производство????Алооооо,видео рекордери југославија не произведуваше,вокмени,касетофони за во кола,итн,итн.......
Кажувате дека се живеело подобро.Во кој аспект.Дека сте граделе куки со нереални кредити,па затоа сега се ни излегува на нос.По тоа ли се гледа дека се живеело поубаво,а?Или со Ју пасошот се патувало секаде.Како да не?И тогаш Грција бараше визи,и Америка,Австралија.Канада.....Европа????И за Германија се бараа визи,но се издаваа преку тогашните Министерства или Завод за вработување кога ги пракаа нашинците на работа во Германија или било која земја.....
И во тој период имало недостатоци и во школството и во здравството,но никој не смеел да зборува за тоа,сите кутеле....
Држава со јак државен апарат ОЗНА и УДБА за строго контролирање на граганите со мала доза на фина глазура на површината......
Во 90-те со распагањето на СССР престана и улогата на југославија да постои.Целата филозофија беше да се докаже на Источниот Блок една социјалистичка држава како може да функционира по западен модел.
ЦИА ја создаде,ЦИА ја растури.Јасно како бел ден.
И за крај,алооооо дајте малку олабавете Југославија умре 1991-ва.Мислам ако не се секавате на Гугл има се.....Сервус