Знаеш добро што сакам да прикажам, не се праи наудрен. Ама ај да ти појаснам пошто ти е нејасно. Во СФРЈ која колку и да ја фали некој сега, имаше куп аномалии и нефункционалности. Населението во некој дел, ама не целото можеби имаше подобар животен стандард ама најголем дел трпеа за многу нешта кои беше невозможно да се купат или набават во самата земја. Автомобилите со најлош квалитет ги преплаќавме, исто и речиси се што можеше да се купи беше иста приказна. Не велам дека немаше и поквалитетни производи да се купат, ама тие пак ептен ретко кој можеше да си ги дозволи а пак не беа светски брендови. Во 1987 година се закуќив почнав да создавам семејство, па нормално, за дома требаше да се купат многу нешта. Стаса и телевизорот на ред. Ништо освен Еи-Ниш, Горење и Искра немаше по продавниците а не сакав југословенско ѓубре да купам. Моите дома имаа еден Grundig и еден Nordmende телевизор кои татко ми ги донесе од Германија и плати за нив дебела царина. Знам добро што квалитет ќе добиев ако купам југословенско ѓубре од телевизор кое во тоа време сеуште се произведуваше без далечинска команда! Си отидов во „Аутотехна“ и си купив Blaupunkt кој го платив 920 германски марки и уште толку во југословенски динари зашто беше од консигнациска продажба па требаше да се плати царина, данок и секако мрсна маржа за трговецот. Тој телевизор сеуште е во функција и работи без никаков дефект се до денес иако е кренат и не се користи како и телевизорите кои тогаш ги имаа моите родители, Поентата е дека преплаќавме дупло и повеќе за стоки со нормален стандардаен квалитет. Тоа според мене е далеку од некакво добро живеење. Здравството не беше ништо подобро од сега, и тоа претходно го напишав. Лекарите и тогаш правеа пропусти и грешки и не одговараа за нив, беа заштитени како мечки во планина. Школство беше катастрофа, програмите преобемни со купишта непотребен материјал кој треба да се учи надвор од секаква потреба и логика.
-А за ЈНА не ми ставај пропагандни клипови од 9-то Мајски паради зашто знам многу добро што армија беше и што имбецили од луѓе ја водеа меѓу другото и за тоа што една година служев во таа армија, а бев и нејзин резервен офицер!