Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
СФРЈ била ептен богата, арно ама народот кој мислел малку поинаку со свој мозок до кој не успеал да допре детергентот за перење не се чувствувал баш толку добро како што југоносталгичариве се обидуваат да тврдат. Еве како големиот соцреалистички крал на СФРЈ ги трошел народните пари, а денес некој прави циркуз за еден беден Мерцедес купен за премиерот на државава
http://mkd-news.com/omilenite-82-avtomobili-na-tito-go-vozel-brezhnev-vo-101-sofija-loren-vo-kadilak/
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275

Прво што ми падна во очи во текстот е демек Тито бил опседнат со Мерцедеси. Тоа не е точно, омилена марка на Тито беше Кадилак а не Мерцедес така да и остатокот на текстот ми е сумњив дека го пишувал некој кој има појма за темата. За 35 години за потребите на државниот врв биле набавувани возила, не знам ни дали бројката е точна a не е ни вистина дека имал мајбах.
Е сега од тие возилата некои се и поклони од Сталин, од Картер, знам дека еден ликолн го доби од иселениците ва америка, неколку мерцедеси се добиени врз основ на размена за камиони од една афричка земја која после свргнување на диктаторот не знаеше шо да прави со неговите мерцедеси а попотребни им биле камиони за стопанството, еден “фиќо“ поклон од загребачки велесаем, 2 возила поклон од Хрушчов, имаше и неколку олдајмери останати од кралевина Југославија, мислам и на усташкиот поглавник Павелиќ мерцедесот остана во сопственост на претседателството на СФРЈ.
Број на возилата и не е голем за толкава земја и толкав период, пошто тито не се возеше во сите нив, голем број од тие возила беа на ЈНА и во нив се возеше пратњата и персоналот на Тито, генерали и други од политичкиот врв, исто така и големината на државата беше поинаква не е исто да треба со возило да се помнат 1200 километри или 200 километри од крај на крај. Ос Скопје до Битола со полициска пратња и “чистачи“ пред него, се стига за сат ипол, одвај еден филм да се догледа попат, таан ќе се постигни иделана температура во сите зони на возилото а веќе мора да излезе надвор на жешкото, додека пример од Београд до Љубљана се возеше 6 сати (и повеќе пошто по пат требаше негде и да се застане да се руча)
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Дај мислам малку со темата.Гледам еден куп југоносталгичари ама што слушале од родителите или биле у пелени кога постоела.

Креација на ЦИА.По историското НЕ на Сталин во времето на информбирото,југославија добива 1950 по тајни канали финансиска помош од околу 400 милиони долари од Американците,надевајки се дека ке ја придобие во своите редови.Но со доагањето на Хрушчов на власт и неговото историско доагање за помирување во Белград мислам дека е 54 или така нешто,ЦИА го отвара досието Југославија.Во 60-те години има бруто приход поголем од Јапонија????Но и покрај финансиската помош која е добиена од страна на Американците југославија продолжува да се задолжува,а курсот на домашната валута се оддржува вештачки со печатење на пари,бидејки комунистичката врхушка научена на убавините што ги нуди Западниот свет во тој период,преминува во црвена буржоазија која е цврсто убедена дека ке владее 1000 години.

Народот се залажува со филозофијата,гледајте ги земјите од Источниот Блок и се ке ви биде јасно,и го прифака она што му се нуди.Нереални кредити со минимални каматни стапки и со страшна девалвација,роба со квалитет за тие простори и преценета,а она што беше достапно од Западот беше оданочувано со 200% за да се зачува домашното производство??????

Задолжувањето продолжува и во 80-те години по смртта на саканиот ни другар тито,а фабриките преполнети со работници почнуваат да доживуваат колапс.

Она што обичниот граганин успеваше да го донесе од Запад по било кои канали беше даночено со 25% царина и некои си мислам дека беа 15% данок,со образложение дека се штити домашното производство????Алооооо,видео рекордери југославија не произведуваше,вокмени,касетофони за во кола,итн,итн.......

Кажувате дека се живеело подобро.Во кој аспект.Дека сте граделе куки со нереални кредити,па затоа сега се ни излегува на нос.По тоа ли се гледа дека се живеело поубаво,а?Или со Ју пасошот се патувало секаде.Како да не?И тогаш Грција бараше визи,и Америка,Австралија.Канада.....Европа????И за Германија се бараа визи,но се издаваа преку тогашните Министерства или Завод за вработување кога ги пракаа нашинците на работа во Германија или било која земја.....

И во тој период имало недостатоци и во школството и во здравството,но никој не смеел да зборува за тоа,сите кутеле....

Држава со јак државен апарат ОЗНА и УДБА за строго контролирање на граганите со мала доза на фина глазура на површината......

Во 90-те со распагањето на СССР престана и улогата на југославија да постои.Целата филозофија беше да се докаже на Источниот Блок една социјалистичка држава како може да функционира по западен модел.

ЦИА ја создаде,ЦИА ја растури.Јасно како бел ден.

И за крај,алооооо дајте малку олабавете Југославија умре 1991-ва.Мислам ако не се секавате на Гугл има се.....Сервус
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Во СФРЈ моите родители имаа просечни примања со кои успеаа да купат два стана во Скопје и стан во Охрид и имавме два автомобили (еден со парна, а друг со непарна регистрација). Притоа секое лето одевме по месец дена во Грција на одмор и таму секој ден се храневме по кафани и не си скратувавме ништо. Секоја зима одевме на зимување по една до две недели и исто така не си скратувавме од ништо.
Денес со просечни примања македонско семејство може само да се прехрани. Јас и сопругата имаме неколку пати поголеми примања од просечните во Македонија, а сепак месец дена летување во Грција без устручавање не си дозволуваме. Имаме купено еден стан, но 40% од тој стан е поклон од моите(ми поклонија друг помал стан кој го продадов) и сеуште исплаќаме кредит за него. Имаме само едно возило, а купувањето на второто кое ни е делумно потреба, а делумно луксуз, го одлагаме веќе една година.
 
Хахахахахахахаха,ама ме изнасмеа слатко......Лажи ги децата на форумот а не мене

Се знаело во социјализмот колку работникот можел да купи со просечна плата,а за стан можел да сонува освен ако не го сполазела туга вошка......

Типична буржоазија за тој период и за тој систем.Затоа и се распадна 91-ва....
 
Токму за тоа што времето на црвената буржоазија помина, тие и нивните потомци како и голема маса медиокритети кои се неспособни да се грижат сами за себе жалат по СФРЈ!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
ЦИА ја создаде,ЦИА ја растури.Јасно како бел ден.
CIA е формирана во 1947 година
Југославија постои од 1929 (под тоа име) пред тоа као кралевина СХС, а “комунистиичка“ Југославија е прогласена во 1943 година - 4 години пред да настане CIA.

Како можеш да пишип за нешто за кое немаш апсолутно никакво познавање?? на блеф
Како можеш да дискутираш за работи за кои не само што не си ги доживеал туку не си направил ни макар малце напор да ги научиш??
Тоа е проблем на денешницата, премногу млади деца се провлекоа низ образовен систем без труд и учење.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Хахахахахахахаха,ама ме изнасмеа слатко......Лажи ги децата на форумот а не мене
Не гледам зошто би лажел, а од друга страна грев е да лажам такви како тебе.

Се знаело во социјализмот колку работникот можел да купи со просечна плата,а за стан можел да сонува освен ако не го сполазела туга вошка......
Моите не беа работници, туку беа и сеуште се реномирани универзитетски професори. До сега се што имаат заработено во животот е со личен труд и залагање, ништо не им е дадено на тацна.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.851
Поени од реакции
5.990
Знаеш добро што сакам да прикажам, не се праи наудрен. Ама ај да ти појаснам пошто ти е нејасно. Во СФРЈ која колку и да ја фали некој сега, имаше куп аномалии и нефункционалности. Населението во некој дел, ама не целото можеби имаше подобар животен стандард ама најголем дел трпеа за многу нешта кои беше невозможно да се купат или набават во самата земја. Автомобилите со најлош квалитет ги преплаќавме, исто и речиси се што можеше да се купи беше иста приказна. Не велам дека немаше и поквалитетни производи да се купат, ама тие пак ептен ретко кој можеше да си ги дозволи а пак не беа светски брендови. Во 1987 година се закуќив почнав да создавам семејство, па нормално, за дома требаше да се купат многу нешта. Стаса и телевизорот на ред. Ништо освен Еи-Ниш, Горење и Искра немаше по продавниците а не сакав југословенско ѓубре да купам. Моите дома имаа еден Grundig и еден Nordmende телевизор кои татко ми ги донесе од Германија и плати за нив дебела царина. Знам добро што квалитет ќе добиев ако купам југословенско ѓубре од телевизор кое во тоа време сеуште се произведуваше без далечинска команда! Си отидов во „Аутотехна“ и си купив Blaupunkt кој го платив 920 германски марки и уште толку во југословенски динари зашто беше од консигнациска продажба па требаше да се плати царина, данок и секако мрсна маржа за трговецот. Тој телевизор сеуште е во функција и работи без никаков дефект се до денес иако е кренат и не се користи како и телевизорите кои тогаш ги имаа моите родители, Поентата е дека преплаќавме дупло и повеќе за стоки со нормален стандардаен квалитет. Тоа според мене е далеку од некакво добро живеење. Здравството не беше ништо подобро од сега, и тоа претходно го напишав. Лекарите и тогаш правеа пропусти и грешки и не одговараа за нив, беа заштитени како мечки во планина. Школство беше катастрофа, програмите преобемни со купишта непотребен материјал кој треба да се учи надвор од секаква потреба и логика.
-А за ЈНА не ми ставај пропагандни клипови од 9-то Мајски паради зашто знам многу добро што армија беше и што имбецили од луѓе ја водеа меѓу другото и за тоа што една година служев во таа армија, а бев и нејзин резервен офицер!
Можеби немам доволно сознанија како оние кои живееле во СФРЈ, бидејќи сум роден во независна Македонија, ама морам да ти кажам дека за телевизорот грешиш и тоа од лично искуство.
И татко ми се скрасил како тебе, во тие години и купил Еи-Ниш телевизор. Истиот, и после 26-7 години уште работи без проблем. Низ целиот животен век, бил 2-3 пати носен на поправка за минорни дефекти. Даљинското, оти стоело во целофанче, кога ќе го видиш, како ново да е. А да не ти зборувам за телевизорот на дедо ми,покоен, исто Еи- Ниш, уште постар од тој ние што го имаме, работи без проблем уште.
Пред 10-на години, ми земаа телевизорче, quadro, за кај мене у соба, после 3-4 години, екранот рикна. Имавме philips, купен, '98, лани рикна и тој, иако може да се поправи, не е исплатливо оти е ера на ЛЦД, за кој не верувам ни дека 10 год. ќе издржи.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Picture 1917.jpg Другарице и другови... шта сам оно хтео да кажем...хочете чути у моје време како се живело...
(дупли Лп, да ја ставам на грамафон и пуштам глас... или оди на шител и К5, избери сега да не биде утре доцна)
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
CIA е формирана во 1947 година
Југославија постои од 1929 (под тоа име) пред тоа као кралевина СХС, а “комунистиичка“ Југославија е прогласена во 1943 година - 4 години пред да настане CIA.

Како можеш да пишип за нешто за кое немаш апсолутно никакво познавање?? на блеф
Како можеш да дискутираш за работи за кои не само што не си ги доживеал туку не си направил ни макар малце напор да ги научиш??
Тоа е проблем на денешницата, премногу млади деца се провлекоа низ образовен систем без труд и учење.
Како прво не знаеш со кого коментираш на овој форум.Како второ ако воопшто си израснал во таа држава треба да ти се појасни малку работите,или си бил во пелени кога постоела.

Јас израснав во таа држава и многу добро знам како беа работите поставени.Ја имам почувствувано силата на тој социјализам на свој грб така да не ми попувај на мене.Можеш да им попуваш на децата кои немаат поим за тој систем и таа држава......

The Office of Strategic Services (OSS) was a United States intelligence agency formed during World War II. It was the wartime intelligence agency, and a predecessor of the Central Intelligence Agency (CIA). The OSS was formed in order to coordinate espionage activities behind enemy lines for the branches of the United States Armed Forces

Е ако погуглаш малку повеке ке дознаеш и повеке,нели......

И дај мајко му веке разберете југославија умре 91-ва.....[DOUBLEPOST=1434832934][/DOUBLEPOST]
Не гледам зошто би лажел, а од друга страна грев е да лажам такви како тебе.

Моите не беа работници, туку беа и сеуште се реномирани универзитетски професори. До сега се што имаат заработено во животот е со личен труд и залагање, ништо не им е дадено на тацна.
Грев е да постираш такви постови........

Аха значи реномирани професори 3 стана и 2 коли.Браос бе батка........
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Во СФРЈ моите родители имаа просечни примања со кои успеаа да купат два стана во Скопје и стан во Охрид и имавме два автомобили (еден со парна, а друг со непарна регистрација). Притоа секое лето одевме по месец дена во Грција на одмор и таму секој ден се храневме по кафани и не си скратувавме ништо. Секоја зима одевме на зимување по една до две недели и исто така не си скратувавме од ништо.
Денес со просечни примања македонско семејство може само да се прехрани. Јас и сопругата имаме неколку пати поголеми примања од просечните во Македонија, а сепак месец дена летување во Грција без устручавање не си дозволуваме. Имаме купено еден стан, но 40% од тој стан е поклон од моите(ми поклонија друг помал стан кој го продадов) и сеуште исплаќаме кредит за него. Имаме само едно возило, а купувањето на второто кое ни е делумно потреба, а делумно луксуз, го одлагаме веќе една година.
Знаеш... во времето на СФРЈ моите беа службеници... едниот правник, другиот агроном...
Е, они имаа просечни примања, и НЕМАШЕ ШАНСА да си дозволат да купат еден, а не два стана. За две коли исто така немаше шанса. Одмор во Грција можеше да се дозволи колку една недела... што е доволно. Татко ми најчесто не водеше на Јадранот, поточно Хрватскиот дел од Јадранот.
Универзитетски професори и воени лица во СФРЈ беа многу над просекот!
Е сега, да се вратиме во сегашноста...
Ако имаш две плати кои се неколкукратно над македонскиот просек, можеш да си го дозволиш сето тоа наведеното.
Мене ми успева со малку надпросечни две плати да имам две возила, да отплаќам кредит, да шетнам некаде на одмор и да живеам нормално (ни бедно ни луксузно).
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Како прво не знаеш со кого коментираш на овој форум.Како второ ако воопшто си израснал во таа држава треба да ти се појасни малку работите,или си бил во пелени кога постоела.

Јас израснав во таа држава и многу добро знам како беа работите поставени.Ја имам почувствувано силата на тој социјализам на свој грб така да не ми попувај на мене.Можеш да им попуваш на децата кои немаат поим за тој систем и таа држава......

The Office of Strategic Services (OSS) was a United States intelligence agency formed during World War II. It was the wartime intelligence agency, and a predecessor of the Central Intelligence Agency (CIA). The OSS was formed in order to coordinate espionage activities behind enemy lines for the branches of the United States Armed Forces

Е ако погуглаш малку повеке ке дознаеш и повеке,нели......
Се заеба и сега се обидуваш да се извадиш но само појкје се дозакопа
Значи гуглу наш : ОСС е формиран во Јуни 1942 кога веќе Југославија постоеше и кога веќе КПЈ и партизаните 2 години се бореа со јасна цел за формирање на социјалистичка Југославија наместо кралевина Југославија која постоеше од 1929
Така да ни ОСС не можеше да создаде нешто кое веќе беше создадено и постоеше.
Ај обиди се да најдеш можеби имаше пред ОСС некоја друга организација која ја создаде Југославија... види врати се во америчката граѓанска војна... или војната за независност.. или можеби индијанците пред да ги открие Коломбо имаа некоја своја тајна организација која ја создаде Југославија.
Ти немаш апсолутно никаков абер од историја ниту било какво искуство со таа земја
 
ХАхаххахахаха,имаш проблеми со диоптријата.Си го прочитал оној дел од мојот пост што ти одговара,а за она другото штамааааа.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom