Војната на патиштата

Член од
22 декември 2011
Мислења
2.013
Поени од реакции
4.209
Другите што чекаа глупи се нели, он најпаметен преку неколку коли на црвено на лента што не се наменета за лева. Сите прекршоци ги има опфатено.

За ова само најблиските на жртвата на сред плоштад да го бесат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.350
Поени од реакции
29.825
Трагичното овде е што истиот гомнар гарантирано истите срања и претходно ги има напавено десетици можеби и стотици пати... Несанкционирано.


Тука е проблемот. Секој ден гледаме вакви идиоти како прават вакви идиотски работи.
Но во меѓувреме полицијата не ги брка ваквите суштински проблеми, премногу се зафатени со ловење кој на обиколница и автопат вози 10км/ч над лимитот.
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Идиот врти лево на црвено, удара во кола што доаѓа, и го менува правецот на движење и собира пешак во страшен удар. Тешко за гледање.
Значи копиљот што врти лево на црвено удира во друга забрзана кола, па така и го менува правецот накај пешакот? Зошто не успеа да закочи???:eek:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.973
Поени од реакции
35.635
Значи копиљот што врти лево на црвено удира во друга забрзана кола, па така и го менува правецот накај пешакот? Зошто не успеа да закочи???:eek:
Да да, го имаш погоре видеото повторно е постирано.
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Да да, го имаш погоре видеото повторно е постирано.
Многу е збунувачки моментов. Тој што прекршува предизвикува друг да изврши убиство, а самиот тој не го ни допира пешакот. :unsure:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.713
Поени од реакции
38.933
Многу е збунувачки моментов. Тој што прекршува предизвикува друг да изврши убиство, а самиот тој не го ни допира пешакот. :unsure:
па не е тој крив у случајов. Крив е тој што ја предизвикува несреќата. Тој што влага полукружно на црвено светло. Тој да не би предизвикал судар колата друга никогаш не би го удрела пешакот
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
890
Поени од реакции
1.432
mene vaka eden mi izleta na crveno (mene zeleno) prema mostot so lavovite goce delcev, koga ides od ilidenska-vlada-prema mostot. Mene mi bese zeleno a od desno (od centar posta) so 80km/h+ mi go presece patot. Da bev malku ponapred ke me poebese.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.010
Поени од реакции
6.040
Има и друг проблем тука, а тоа е што тој кој што има зелено, лета(вози побрзо од дозволените 50кмх) кои што дополнително придонесуваат за да се случи нешто со таков катастрофален крај за лице кое што ниту криво, ниту должно губи живот.

p.s. Ако добро се погледне видеото, семафорот над колата која што стои, веднаш по судирот менува бои, наликува на промена од црвено=>жолто=>зелено.
Ако е така, ова може да значи дека двајцата се криви, тој што иде право да лета, во обид да го фати семафорот, кој што ништо чудно и да веќе станал црвено!
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.713
Поени од реакции
38.933
Јас не обратив пажња на тој, вака од око делува ко да вози побрзо од 50 км на час. Сепак ќе се утврди од вештаци па ако е така и тој може ќе јаде дел од вината.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.266
Катастрофа.

Има неколку фактори во македонскиот сообраќај.

1. (Не)културата. Со цел мозок да претекнуваш лента каде е црвено и веќе чекаат неколку коли за ти да искочиш мангупот што прв ќе пројде.

2. Самиот дизајн на улиците. Имаме широки булевари кои делат сообраќај со градски превоз, пешаци и велосипедисти. Широки улици потикнуваат побрзо возење ради субјективното чувство на сигурност за возачот и простор дека може да се вози, не џабе секаде во градски средини се стеснуваат улиците. Ова беше еден од првите шокови што ме погоди дури живеев во Холандија, они ладнокрвно земаа и една улица во Ајндховен во самиот центар на градот која е со големина на Рузвелтова кај нас (само 3 ленти не 4) ја направија со 1 лента за коли во еден правец, БРТ систем двосмерен (значи две ленти за автобуси во 2 насоки) и ја симнаа велосипедската од тротоар доле на улицата со што го проширија и тротоарот.

Потесна улица = поспоро возење -> поголема гужва за автомобили -> стимулација на одбирање јавен превоз или точак и покрај веќе огромната култура за такво нешто.

Тука ќе вметнам и тоа што упорно пешачките кај нас се редат на ќош од раскрсница, кога во денешно време истите се поместуваат намерно подолу на улицата во секој помодерен град во Европа. Ова се прави од аспект на безбедност во вакви случаеви да нема луѓе што чекаат на ќош, и плус кога вртиш десно во 90% од случајот пешаци и велосипедисти ти се во мртов агол и не ги гледаш, а кога се подолу на улицата дури ти со кола да дојдеш до пешачкиот, пешаците веќе се на пола лента односно потребно е помалце време за тебе како возач да пројде у чекање, тоа само по себе донесува до помалце инциденти, не е во човекот да нагази дури има пред него некој и намерно да сакаш да убиеш.

3. Немање на автоматизирани камери што ќе детектираат прекорачувања и автоматски ќе генерираат казни кои ќе ти биднат доставени на домашна адреса, ти прави се луд 10 пати во тек на ден прекорачи брзина, 10 пати ќе ти стигнат честитки.


Кај нас имаме булевар со по 6 ленти со 50 кмх, што е глупост сама по себе. Булеварот како таков е наменет за брз проток на возила и треба да се користи како таков, е сега што нашите ги имаат напукано булеварите во сред населби место користење на ринг филозофија тоа е друг муабет.

Заклучокот ми е дека Скопје не плаче, него рове за еден убав revamp на стеснување, велосипедизирање и БРТ систем (што отвара можност и за трамвај.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.061
Поени од реакции
12.948
Не знам дали приметивте момчето прво трга лево да чека семафори, а потоа се предомислува и трга десно, најверојатно сакал да се упати на страната дијагонално од него и требало да помине 2 пара семафори, па во главата се двоумел од каде да оди. Скроз иста недоумица и јас имам секој ден кога поминувам, не ми се верува како може една одлука околу тоа од кој семафор на зелено да ја поминеш улицата да ти го спаси или земе животот... Мизерја, тага и бес во ист момент чувствувам, на сите маки па уште пред 1 месец дете му се родило...

За жал и ова ќе биде секое чудо за 3 дена, тука ќе се напишат неколку страни, на Фб ќе се стави некоја објава, политичките лидери може ќе споделат некој статус за политички поени да соберат (а можно е и не, презафатени се сега), причинителите ќе се извлечат со минимална казна или без казна каков што беше случајот на Иван во Капиштец и тоа е тоа, до некоја следна несреќа, до некој нов згаснат живот.

Истото ова ми се случи пред 10 години на Џон Кенеди, една кола од паркинг излагаше без да види лево десно, пресекувајќи пат на улетана кола што возеше по улицата со минимум 80 на саат, удрената кола се одбива на 2 метра од нас и врти ко вртимушка, срчите летаат накај нас во кожа, ама од преголем шок не ги ни осеќаш, после 5 минути дури успеваш да слушаш надворешни гласови поради преголемото биењето на срцето и неможност да се смири. Сме имале среќа тогаш, не чувал Господ, ама толку генерално вреди животот тука, ко пара на улица што можеш да изгубиш, така и животот, само парата може некој пак да ја најде,а од ова само црнила семејствата и блиските ќе најдат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.350
Поени од реакции
29.825
p.s. Ако добро се погледне видеото, семафорот над колата која што стои, веднаш по судирот менува бои, наликува на промена од црвено=>жолто=>зелено.
Ако е така, ова може да значи дека двајцата се криви, тој што иде право да лета, во обид да го фати семафорот, кој што ништо чудно и да веќе станал црвено!
Имплицираш дека е зелено и за вртење лево и за напред?
Не го знам тој семафор и не ни знам каде точно за да проверам на стрит вју, но мислам дека на ваква раскрсница не е можно и во двата правци да е зелено за право И за вртење, плус тој првиот пред него што чека на семафор ваљда не е глуп па за џебе дреме на семафор.

Сакам да кажам - на сите ни се има случено малку да подзабрзаме да фатиме зелено светло... Ама НИКОГАШ, и повторувам НИКОГАШ не ми се случило на црвено да поминам семафор, ни било како а најмалку онака кога некој веќе чека пред мене. Плус земи во обзир како брзо заврти лево, како да е сам на планетава.

Така да освен ако не испадне некоја заврзлама каде:
- е зелено за лево и истовремено е црвено за тој што иде право
- тој застанатиот на семафор е во дефект или е глуп/заспан/пијан/итн
Само во ваква комбинација тој што вртеше лево може да не е е крив. Ќе видиме, ама се сомневам.


Инаку убиениот дечко наводно имал двомесечно бебе со сопругата. Познаник се знае со роднина негов, дечкото од свадба се враќал... И тоа наводно му понудиле да го вратат со кола ама одбил, сакал за да се прошета до дома.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Kajgana Shop

На врв Bottom