Тој семафор работи на принцип - спротивни ленти право, па после само лево, како што е и ставена сликата погоре.
OK, значи едниот брзал да фати зелено. Веројатно и на жолто поминал, можеби дури и црвено фатил. Второво е големо не-не, но што со следново: Другиот на ФУЛ ЦРВЕНО поминува, и тоа брзо вртење лево - со фул куроболие без воопшто барем прво претпазливо да погледне дали некои иде од таму од каде е зелено и може да налета некој. Притоа заобиколува друг застанат на семафор.
ОК. Факт е дека првиот ако не го бркал семафорот, веројатно немало да се деси бељата. Ама оној вториот со вакво однесување и резонирање - гарантирано ќе направел беља друг пат. Може уште 100 пати ќе поминувал вака, се додека еднаш не се поклопат коцките. Како што се поклопиле сега.
Само сакам да се направи разлика. Веројатно и двајцата се криви, но од 1 до 10 првиот би рекол дека е 3 или најмногу 4... Но вториот е 10 од 10 крив.
Заради вакви работи избегавам да „бркам зелено“. Но некогаш се дешава да се брзам. Сакам да кажам буквално на секој може да му се деси да помине со 5-60 на раскрсница и некој ако вака брзо ти излета нема шанси да го избегнеш ни со 40 да возиш.
Тоа кажано овој првиот барем 70-80 возеше и ќе го јаде заедно со второт кој дефакто и дејуре ја направи сообраќајката. На негова душа е убиството.