Војната на патиштата

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Не најдов слична, генерална тема на која би можело да се дискутира за оваа проблематика која е навлезена очигледно длабоко во порите на општеството. Ако има слична или веќе постоечка споете.

Значи ситуацијата во РМ подолг период е аларманта страшно е што по сите нови статистики бројот на жртви во сообраќајот но првенствено деца се зголемува. Ако во минатото тие биле помалку по број, денес се повеќе на број толку е едноставно. Немора да расправаме со точен број на жртви.
Генералниот став на МВР и другиве надлежни органи до скоро беше дека мора под итно да се елминираат неколку црни точки на територија на РМ и соодветно на тие места да се постави освелтување да се прошират по уште неколку ленти во двете насоки, знаци и информативни табли. Од тоа засега ништо.
Што можеме ние да заклучиме? Македонија нема сообраќајна инфраструктура или таа е во катастрофална состојба (со исклучок на овие патните правци кои се автопати и оние магистрални патишта кои се во добра состојба) на останатите делници меѓу кои и во градски средини ситуацијата е аларманта.
Второ но и не мора да биде второ под запис во однос како причина, сообраќајната култура и делувањето на полицијата кога е во прашање неприспособена брзина или таканаречено к*рчење со брзи коли и под дејство на алкохол.
Што е со законот за малолетници да можат да полагаат?
Во градски средини алармантни смртни точки, несемафоризирани раскрсници, пешаци на улица...

Државава се уби трошење на пари на се и сешто но сообраќајот ќе се одвида по делници стари по 70-80 години, пијани возачи кој превезуваат деца на трактори, 16 годишници со дозволи за нивните џипови итн...
Едно заедничко граѓанско прашање до властите треба да биде која и дали воопшто има стратегија за намалување на бројот на жртви. Доста само со водење на евиденции. Повеќе се изначитавме црна хроника во изминативе години и дури точно ни се познати и имињата на загинатите што е страшно но не и како да се сопре оваа проблематика која го демне било кој од нас.

од порталот, денес
Прегазено 10-годишно дете во Скопје
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Во Куманово комај и да нема пешачки премин т.е не се обележани и не се видливи.
Наместо возачите да чекаат да поминеш, ти треба да почекаш тие да поминат па тогаш да ја поминеш улицата.

Колку ми се смешни овие што излегоа пред ТВ, кои велат дека ќе "преземат" мерки, па што чекаат до сега?-Да не сакаат да се дупло да се покачи стапката на удрени или не дај боже загинати пешаци па да излегуваат пред ТВ и да паламудаат!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Еве за кокретниов линк што го наведе, не ме изненади местото на живеење на сторителот. Овие што живеат во Сарај и овие што идат/се враќаат од Тетово во населбата моја прават најголеми проблеми на сообраќајницата. Никогаш не застануваат на пешачкиот што е тука за минување улица, (напротив, ти свират у смисла нормален си што поминуваш тука ќе те изгазам) секоја година има по некоја жртва а општинава абер нема да постави семафор барем кај Св.Лазар болницата за да немаат време да достигнат толкава брзина. Убаво ми рече еден член на Кајганава, вика грешен ви е пристапот за бунење, може треба да се буните за кружен тек да стават (y) Често кај семафорот тука што е подалеку, поготово навечер кога нема гужва, не застануваат на црвено и најчесто со уште еден автомобил се тркаат до излезот на градот :facepalm: и после ќе немало жртви.

Друг муабет се пијаните копиљаци на кои татко им им го дал џипот и сега се највечи фраери во маало, ќе се изначукаат со алкохол и вози со уште 200 души во кола, не знам бе родителиве ко прво имаат ли мозок или немаат? Знаат ли дека детево со една нога во бездна го ставаат така или не знаат, се повеќе и повеќе се котат несовесни родители.

А трето, кривица си има и државата. Патиштата ни се како во Тексас `79. Мостот кај Стража си седел така со месеци, требало да се деси страшна сообраќајка за да им текне да го сменат. Знаците ставени зад грмушки, осветление никакво. Не знам зошто плаќаме само патарини кога патуваме.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Јас мислам дека жените се курви и се криви за несреќиве.
А можно е и Евреите да имаат замешано прсти.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Многу брзо се вози.. мене искрено не ми е јасно што е со луѓево. Дали се замислуваат дека се не знам колку добри возачи, дали е колку да се покаже дека нова кола зел настаро од Бугарија.. тоест од Германија или толку многу им се брза за на гробишта.. стварно не знам. Јас колку што гледам ниедна брзина, ниеден знак не се почитува. Џабе ни се нас знаци и патокази и ограничувања... народот е стока... а стоката не ги разбира тие знаци и не знае да чита. Значи.. мораме на поинаков начин да ја научиме таа стока да се однесува согласност со прописите и законите во оваа држава.

Како?.. епа многу лесно.. удри го по џебот.. и ќе се научи.
Не знам колку од вас знаат за тоа, возачите на меѓуградските автобуси имаа.. и сеуште имаат забрана да застануваат кај ќе им текне низ Скопје, затоа што пречеа и на колегите од ЈСП а и се ствараше гужва невидена во сообраќајот. Кога на почеток почнаа со казни, многу компании одлучија дека не им е баш исплатливо да плаќаат по 1000е за 2-3ца индијанци што сакале порано да се симнат за да не плаќаат за такси или за бус до тоа место, па прекинаа со тоа застанување на секој чекор. Значи сепак казните успеале да променат нешто...

Така на пример, после скопска патарина, на одредени места понекогаш има патроли.. па возачите, иако е тој дел од автопатот како писта, честопати не ја преминуваат границата од 120.... а зошто е така? .. затоа шо не знаат дали има или не полиција... аха.. значи сепак има нешто што ги спречува.

Значи казната е единственото решение за оние идиоти што веќе станале возачи и кои не може човек да ги промени. Али затоа треба кај младите возачи да се дејствува. Младите неискусни возачи, бар повеќето, немаат сообраќајна култура, не ни знаат што е тоа..
Не е битно на човек само да му ги дадете тестовите да ги научи напамет и да врти цел ден низ полигон да си игра мајтап со колата... напротив, треба секој инструктор да разговара со својот ученик за тие пишани и непишани правила во сообраќајот.. и инструккторите треба да бидат оние кои прво ќе одлучуваат дали нивните ученици се спремни да полагаат за кола или не... а кај нас што се случува.. ќе дојде за полагање...
" Aбе мојот син знае да вози бе, ехее ја сум му ја давал колата уше кога имал 10 години.. а на 13 и тракторот почна да го тера" затоа на 23 научи да лета и сега се вози на гробишта, а со него се возат уште 2-3 невини души, жртви на неговиот талент и на неговата одговорност како шофер.

Епа господа.. ние сакале, неќеле.. мораме да научиме некои работи во животот. Многумина мислат (а тоа се случува претежно кај мажите) дека оти се мажи они по дифолт се родени учени... тој балкански менталитет.. "мажот се знае", "мажот е за кола".. "жената е за в кујна" и ред други глупости од тој тип, не доведоа во ваква состојба.
Некои мажи го сметаат полагањето за кола како омаловажување (затоа шо, нели.. тие се родени возачи) и наместо да гледаат на тие часови, како на нешто што ќе им користи во животот и што можеби некогаш ќе ги спаси од сигурна смрт, тие гледаат како да ги поминат што побрзо за да им дадат возачка и да одат низ град да си замислуваат дека се во NFS па после се општа опасност како за тие во сообраќајот, така и за пешаците.. а богами и за објектите што се покрај патот.
Друга работа... секој втор е уште подобар возач кога е пијан.. да да.. тоа досега не знам колку пати сум го слушнала и не знам колку пати сум се расправала. Некои луѓе стварно одат до крајности.. или се толку глупави, да мислат дека навистина се подобри возачи кога се пијани и дека уствари можат да го контролираат возилото.
Па добро.. зошто тогаш оние што возат по 93498432 км.. кога ќе се изморат, легнуваат да спијат?.. зошто не се изопијат ко говеда и не седнат зад волан?сте се запрашале воопшто?!
Дури сум слушала и такви глупости од типот.. ја дури и да возам 140.. имам контрола над колата.. yeah right.. и ја велам.. дури и да сум дрво пијана од прва го погодуам клучот на вратата.. ама не само шо клучот не го погодувам.. туку и вратата ја грешавам.

На тв имаме 50000 реклами за таа наша прекрасна чудесна земја.. а немаме ниедна реклама за тоа какви се последиците од таквото несовесно возење, од брзото возење. Луѓето не се ни свесни што купуваат и што возат. Многу од нив немаат појма колку малку треба за да се случи незгода и дека во тој момент човек не може да размислува како што размислува додека е смирен и кога не е под стрес. Секој човек различно реагира во таква ситуација и затоа секој не е за возач..
Еве пример за реклами што треба да ги пуштаат измеѓу секој натпревар, серија, програма.. белки ќе допре до некого
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.100
Посочете ги на темава плачковците што се жалат на форумов дека полицијата многу казнувала.
Полицијата работи колку да се каже дека работи нешто. Треба да контролираат и да казнуваат 10 пати повеќе.

Никој не е роден фин и културен, треба да го научиш да биде таков. А нема подобар метод од мавање по џеб без пардон. Драконски парични/затворски/социјални казни се многу поедукативни од било какви „мотивирачки„ видеа и кампањи.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
За да се намали бројката на жртви во сообраќајот мора да почне една стратегија на државно ниво во која ќе се опфати се, од елиминирање на црни точки, повеќе сообраќајна полиција, едукација кај помладите возачи и нивните несовесни родители кои се во се поголем број, изградба и модернизација на нови делници...
И со овие прегазени деца во градска средина ситуацијата е страшна а да се праша човек што е по селксите и рурални средини каде се превезуваат по 10 малолетници на трактори како случката во Кочани, тој џабе ќе го казни полиција ако децата од дома не ги контролира никој и тие постари што се осмелуваат да возат толку им е совеста. Затоа очигледно е дека фали таа едукација посебно од дома и од школо. А најстрашното од се е што гине невин народ со ваква култура во МК секој е потенцијална жртва и како пешак и како возач...
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.805
Поени од реакции
11.420
Да не направев судар уште првиот ден кога ја земав возачката, можеби никогаш немаше да го доживеам овој ден. Сега кога возам, се влечкам, зошто од тоа пусто брзање се имам прегорено. Ама сепак култура на возење, немаме.
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
3
Поени од реакции
1
Во Куманово комај и да нема пешачки премин т.е не се обележани и не се видливи.
Наместо возачите да чекаат да поминеш, ти треба да почекаш тие да поминат па тогаш да ја поминеш улицата.

Колку ми се смешни овие што излегоа пред ТВ, кои велат дека ќе "преземат" мерки, па што чекаат до сега?-Да не сакаат да се дупло да се покачи стапката на удрени или не дај боже загинати пешаци па да излегуваат пред ТВ и да паламудаат!
така е сегде никој не внимава и на сред толпа на луге возат 80-90 км/ч
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.456
Поени од реакции
2.010
Моментално е многу тешко да добиете возачка дозвола па дури и да сте нечиј татин син од владата, но последиците од тоа што секое копито дојде до возачка дозвола пред некоја година се чувствуваат сега.
Казните воопшто не се мали и полицијата навистина доста казнува но за некои е едноставно попусто.
Републичкиот совет за безбедност на собраќајот и патиштата направи неколку спота и одеа доста време на националните телевизии.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Многу е едноставно зошто - немаме култура на возење.Посебно низ град, ниту пазат на правила, ниту се запознати со нив (освен во напамет наученото за возачки тест), сите се за брзање и сите се во ‘кој сум јас‘ mode.
Од друга страна, после зголемен процент на казни и пешаците почнаа со злоупотреба на правата, па се влечат на пешачки.Придружувани од велосипедисти и скутерџии, како во однесување исто во преминување пешачки :cenzura:
А полицијата невозможно е да ја сметаме како фактор кога генерално со сопствените постапки е пример за ниска или никаква возачка култура, дрскост и сељачизам.
Секоја чест на исклучоци, да се чудиш дали е вистина.

Ако почниме да гледаме практично и реално, за наш или Балкански пазар нека почнат производство на возила без жмигавци, барем ќе заштедат по некое евро овие без леб дома.

Сообраќајната инфраструктура е посебна приказна.

Друг муабет се пијаните копиљаци на кои татко им им го дал џипот и сега се највечи фраери во маало, ќе се изначукаат со алкохол и вози со уште 200 души во кола, не знам бе родителиве ко прво имаат ли мозок или немаат?
Да се чудиш како положиле, а 70% уплатниците и документите за возачки испит не знат да си ги пополнат.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Денес повторно малолетна жртва, 9 годишно дете го загубило животот.
Очигледно треба да се формира едно граѓанско здружение или невладина организација која ќе притиска за властиве да започнат една стратегија по ова прашање.
И конечно народните пари и буџетските пари да завршат на вистинко место а ова е една голема проблематика. Поважен проект од било кој друг.
 
Член од
11 септември 2012
Мислења
20
Поени од реакции
10
Посочете ги на темава плачковците што се жалат на форумов дека полицијата многу казнувала.
Полицијата работи колку да се каже дека работи нешто. Треба да контролираат и да казнуваат 10 пати повеќе.

Никој не е роден фин и културен, треба да го научиш да биде таков. А нема подобар метод од мавање по џеб без пардон. Драконски парични/затворски/социјални казни се многу поедукативни од било какви „мотивирачки„ видеа и кампањи.
Potpolno se slozuvam, noooo za zal nie sme naviknati na toa deka sme "nekoj i nesto", pa sekoj koga ke go sopre policija i za najobicna kontola reagiraat:
-"Pa ti znaes koj sum jas", pocnuvaat telefoni da se vrtat, od eden na drug, na tret. Nikoj i nikako ne saka da ja priznae vinata i kulturno da plati kazna.
Toa e vo najdobar slucaj, vo poinakva situacija kade sto policijata ne e involvirana t.e. kade sto se resava bilo kakov prekrsok spogodbeno megju storitelite, treba da sme srekni ako ne se sluci da ni izvadat ogneno ili ladno oruzje:(
Edukacijata spored mene e dobra, na sekakov nacin(so kampanji, videa i sl) no za zal kaj nas na toa se gleda so potsmev (n) i nikoj ne se obiduva malku da podrazmisli koi se odgovornostite i posledicite koga ke sedneme pozadi volanot!
Za zal vo MK sekogas tie sto gi pravat najgolemite prekrsoci pominuvaat i KE pominuvaat nekazneto uste dooolgo vreme! (n)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom