Ви се случила некоја натприродна работа?

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Момци, продолжете во темата за Астрална Проекција :)
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
908
Поени од реакции
185
Незнам дали ова е мистерија или не али.....веќе 10тина пати ми се има случено ова во последниве 2 месеци...некоја случка сум ја видел 2 пати(Deja Vu)
 
TwiNNeR

Повеќе читам, помалку пишувам
Член од
1 декември 2009
Мислења
179
Поени од реакции
107
Deja Vu се случува нон стоп, и мислам дека скоро нема човек на кој му се нема случено.

Ама тоа е најверојатно заради сличноста на настаните...

незнам, ама тоа не е толку нешто „Натприродно“...
 
Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Немам обичај да ѕиркам во темава, ама пред неколку недели ми се случи во спиење да се укочам целата и да чувствувам тежина како некој да ме дави и не можам да се ослободам. Првпат во живот ми бидна тоа, ама не се испаничив само зошто имам читано овде и отприлика знаев што ми се случува. Грозен притисок над себе, како да ме силува некој, баш такво некое чувство, само ептен кратко. Дури и кога пробував да отворам очи, не можев.

Не сакам да ми се повтори пак. :pipi:
 
L

Lu

Гостин

Парализа во сон си добила, ништо страшно.
 
честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Немам обичај да ѕиркам во темава, ама пред неколку недели ми се случи во спиење да се укочам целата и да чувствувам тежина како некој да ме дави и не можам да се ослободам. Првпат во живот ми бидна тоа, ама не се испаничив само зошто имам читано овде и отприлика знаев што ми се случува. Грозен притисок над себе, како да ме силува некој, баш такво некое чувство, само ептен кратко. Дури и кога пробував да отворам очи, не можев.

Не сакам да ми се повтори пак. :pipi:
Низ темава иам читано се сеќавам имаше неколку вакви случки. Демек, мозокот ти е разбуден а телото сеуште ти спие, во тој фазон беше. Како и да е, не сакам да ми се случи, језиво ебате!
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Една другарка денеска ми кажа дека и се случуваат некои чудни работи, па би сакала тука да прашам за нив.
Некогаш, кога ќе легнела да спие, само што ќе ги затворела очите(сеуште не била заспана) и се појавувала црна позадина и многу коцки кои се ширеле, собирале и слично, и (незнам како) ама во таа „димензија“ која ја гледала, се обидувале да и наштетат, и постојано бегала. Ако ги отворела очите, а била во апсолутна темница, тие сеуште биле тука се’ додека не видела некаква светлина (ламба, телефон и сл), кога исчезнувале.
Any ideas?
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Немам обичај да ѕиркам во темава, ама пред неколку недели ми се случи во спиење да се укочам целата и да чувствувам тежина како некој да ме дави и не можам да се ослободам. Првпат во живот ми бидна тоа, ама не се испаничив само зошто имам читано овде и отприлика знаев што ми се случува. Грозен притисок над себе, како да ме силува некој, баш такво некое чувство, само ептен кратко. Дури и кога пробував да отворам очи, не можев.

Не сакам да ми се повтори пак. :pipi:
Пред 6-7 години ова ми се случуваше секоја втора ноќ.Лошо чувство.На многу луѓе ова им се дешава,ваљда нешто со подсвеста е.Волшебен е моментот измеѓу јаве и сон.
 
Член од
10 јануари 2010
Мислења
113
Поени од реакции
56
Една ноќ, што нема никогаш да ја заборам, ми беше најстрашната во животов. Се разбудив на сред ноќ и не можев ни да дишам ни да мрдам, абе ништо ич. Пробав да станам ама не можев. како што прочитав тоа е сенки ко ке те газат:nesvest:. Станав некако, со некоја сила, скокнав од кревет и запалив светло, а в соба секако, немат никој. Сабајлето бев потсинат на грбот и на лицево, па баба ми објасна дека се сенки, и дека е добро за време на спиењето барем малку светло во собата да имат, а вечерта кога ме газеа в соба беше тотален мрак.
Ако се присетам на некоја друга, ке пишам:smir::baeh:
 
Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Не е натприродно ама е убедливо преглупо чувство, дури спијам... Ќе сонувам најнормални ствари, сум излегла да се шетам, денски, со друштво дрн дрн. И ко што си сонувам, не се гледам себеси кај шо одам по улица, туку го гледам точно то шо би го гледала пред мене кога би чекорела стварно по улицата, патот, плочите, асфалтот шо и да е, ко во глата да сум си. И како што одам, секој пат, буквално секој, или некоја дупка помала се појавува колку да се подотепаш, или тротоар или вирче, и секој пат кога ќе стигнам до него нормално го избегнувам и прерипувам, и во истата секунда цела се стресувам во кревет, ко да сум пред паѓање стварно и да се поместам да не се утепам. Глупо е ама штом ме дрмне во секундата се разбудувам, ама одма продолжувам да спијам, ни очи не отворам. :D
 
Voice of Jericho

Twisted Firestarter
Член од
13 септември 2008
Мислења
301
Поени од реакции
137
Мене ми се случи пред неколку години една доста интересна дешавка... Сонував како влагам во една куќа и во куќава владеела мизерија, т.е. сите исполегнати на земја, издрогирани, изначукани, шо ли уште не и како што се движам низ куќава, луѓето внатре некако чудно ме гледаа (најверојатно пошо ја бев најнормален од сите луѓе таму) и после се разбудив, сонот заврши.
Е после 3 недели од сонов, бев кај другарчиња во Бутел (а во населбава никад пред тоа немам отидено). На пат коа идевме накај другарчево, загледав една куќа што ми падна многу многу позната, као негде да сум ја видел. После ми се споија жичките и сфатив дека глеам у екстериерот на куќата од мојот сон! Ептен ми пролазија морници и им кажувам на другариве се по ред убаво, за сонот, за ненадејното појавување на истата таа куќа и уште згора на тоа, еден од другарите ми вика "Инаку куќава пред месец дена беше опасно ограбена"... :vozbud: И ај сеа?
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Не знам дали ова е натприродна работа и можеби ќе ме помислите за лудача ,ама пред 3 години,легнав да спијам и како веднаш да заспав(инаку спиев во иста соба со брат ми,ама он во моментот кога си легнував не беше во таа соба). Неколку минути откако заспав почувствував како гушење од кое не можев да се одбранам,а што беше најтрагично не можев ни да се разбудам ,ниту да го помрднам телото.По долго гушење,почувствував само едно лесно ослободување и мислејќи дека сум веќе будна станав од креветот,но кога станав телото остана да ми спие т.е. се гледав себеси како спијам , а не можев на никаков начин да си влијаам. Мислејќи дека сум умрела веќе ,отидов во дневната ги видов моите и брат ми,се обидував да им сигнализирам дека сум тука(инаку гледаа една серија ) ,но тие не ме забележуваа ,односно како да бев дух.Исплашена тотално и мислејќи се што ќе правам понатаму се вратив во собата седнав до сопственото тело и плачев молејќи се повторно да си го вратам духот во телото.Не поминаа ни неколку секунди се разбудив ,гушејќи се и плачејќи , а кога отидов во дневната сите што беа дома беа во потполно истите позиции како и пред неколку секунди и ја гледаа истата серија.Не ми е јасно како можеше да спијам,да се чувствувам дека умирам ,духот да ми се одвои од телото,да шетам по станот и едвај да се вратам назад.
Ептен забеган пост,срамота.:pop:
:ija::ija::ija::ija: леле жено јас сигурно ќе цркнев ова да ми се случеше!

инаку твојата случка ми даде одговор на едно прашање, кое цело време си го поставувам, значи астралната проекција не може да ја примети друг освен оној кој ја доживува.

ајт среќно натаму, гледај да не ти се случува!:ija:
 
Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Мене еднаш, кога беф мал 6 години мислам, кога се вракав дома навечер под скалите од влезот од зграда имаше една мачка ме погледна и се сврте избега како да ја бркам ја се збунив после како што се качував по скалите осетив како нешто да се движи позади мене како да дише ама не се слушаат стапки, како да лебдеше, после јадев им кажав на мојте они викат демек ми се чинело, послем легнав и истото се слушаше како пред влезот у соба беше тоа истото како да ме гледа и да чекам да заспијам се осеќав и неможев да заспијам отидов кај мојте и дојде таткоми да види и нема ништо па ми беше страв и останав кај нив у соба да спијам пошто имаше уште еден кревет. И така спиев една недела од што ми беше страв, викнавме попови и нешто чатеа, па после постепено почнав да спијам кај мене у соба немаше ништо послем тоа.
Од тогаш ми се деси тоа пак кога имав 16 години истиот датум ама кога влегов дома сам бев, моите беа на свадба, јас легнав ама тоа не го слушнав,уморен беф и заспав и незнам колку саат беше ама се разбудив и до мене како да стоеше тоа и да збореше нешто ама не се разбираше ништо и ја станав упалив сијалица и отидов у дневна и со заплена сијалица и телевизор седев дур не дојдоа мојте и неможев пак да заспијам многу беше страшно и кога беше до мене кога се разбудив и поладно беше од вообичаено незнам што беше ама од тогаш пак го немам видено, само страв ми е да не дојде пак на 26 коа ке имам.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398

КОЕ?!??!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom