Пресуда за убиство
Човек се нашол на суд, обвинет за тешко убиство со предумисла. Судијата: Овде се работи за тежок деликт, крваво убиство со предумисла. Го повикувам обвинетиот во своја одбрана а со цел да се обиде евентуално да ја ублажи казната да ја изнесе својата одбрана и олеснителните околности. Обвинетиот: Беше глупа... морав да ја убијам. Судијата: Тоа не го сметам за олеснувачка околност. Ако не сакате остатокот од животот да го минете пред решетки морате да најдете нешто поубедливо. Обвинетиот:Во ред ценет Суде, дозволете ми да ви раскажам како беше.
Живеевме во една зграда. Над нас живееше семејство со две деца. Жална ситуација, децата беа многу ниски. Синот од 12 години беше висок 80 сантиметри а оној постариот од 19 години се на се 85 сантиметри.
- Да, рече жена ми, тоа се пиринеи.
- Мислиш, Пигмеи - и реков.
- Не, одврати таа, пигмеи се она што го имаме под кожа и поради што поцрнуваме на сонце. - - Тоа е пигмент - забележив.
- Не...пигмент е она на што пишувале старите Римјани.
- Побогу жено, тоа е пергамент.
- Не, пергамент е кога некој ќе прочита или прикаже само дел од некое дело.
Почитуван Суде, претпоставувате дека немав воља да и објаснувам дека се работи за фрагмент. Отидов на тросед, легнав и почнав да читам весници. Набргу дојде мојата жена со книга во раце, ја отвори и почна да чита нешто.
- Душо, погледај: 'Сончевата тераса од рачна торба била учителка од макрото 15'.
Ја земав книгата, ја погледна и и реков:
- Драга моја, ова е книга на француски јазик и тука пишува ".... La Marquise de Pompadour est la Maitresse" а тоа значи дека Маркизата од Помпадур му била љубовница на Луј 15-ти.
- Не - рече таа- мора буквално да се преведува. La Marquise е сончева тераса, Pompadour е рачна торба, La Maitresse е учителка а Louis XV е 15 макро. И потоа продолжи - јас тоа сигурно го знам, не џабе земав часови по француски и вежби со својот легионар.
- Веројатно мислиш на лекторот.
- Не, лектор е еден грчки херој.
- Тоа беше Хектор и беше Тројанец.
- Не, Хектор е мерка за површина.
- Мерка за површина е хектар.
- Не, хектар е пијалок за Боговите.
- Жено, тоа е нектар.
- Не е, тоа е река во јужна Германија.
- Таа река се вика Некар.
- Не знаеш ти ништо, јас уште како мала пеев во дуо за реката Нектар.
- Си пеела во дует.
- Не, дует е кога играат Милан и Барселона.
Почитуван Суде... тогаш земав чекан и ја опалив по глава. Конечно замолчи.
Судија... Пресуда...
"Обвинетиот се ослободува, јас би ја опалил со чекан по глава уште кај Хектор!"
Отворил Мујо тековна, па почнал да троши чекови на сите страни. После некое време го викаат во банка и му кажуваат:
- Господине Мујо, дали знаете дека сте во толкав минус што можете во затвор да одите?
- Леле, стварно??? И што да правам сега???
- Ќе треба да ги вратите сите пари назад.
- Уф бре, ме преплашивте. Еве, сега ќе ви пишам чек.
* * *
Се вратил татко му на Игорче од пат и го гледа Игорче како вози нов точак. Зачуден го прашува:
- Од каде ти се парите за ваков точак? Сигурно кошта 400 марки.
- Од шетање бе тато.
- Какво шетање бре, кажи ми од каде ти се парите?!
- Па, секој ден додека ти беше на пат, комшијата Коле доаѓаше да ја види мама, а мене ми даваше по 20 марки и ми кажуваше да шетам.
* * *
Застанува човек пред благајна на автобуска станица и вика:
- Ве молам една повратна карта.
- А до каде?
- Што до каде?? Па, до тука.
* * *
Влегува човек во кафич и му вика на шанкерот:
- Дај ми две дупли вотки.
- Ти изгледа си имал многу тежок ден, а?
- Абе остај, открив дека постариот брат ми е педер.
Доаѓа следниот ден истиот човек, порачува повторно две дупли вотки и објаснува:
- Испадна дека и помладиот брат ми бил педер.
Третиот ден, човеков повторно влегува во истиот кафич и пак го порачува истото. На шанкерот не му се верува, па прашува:
- Добро бе, нема ли никој во твојата фамилија што сака жени!?
- Има... жена ми.
* * *
Шетаат два дијаманта по плажа и коментираат:
- Бре, колку клошари имало овде.
* * *
Две камчиња залутани во Сахара се чудат:
- Види митинг човече!
* * *
Управникот на затвор ја прашува затвореничката осудена на смрт на електрична столица:
- Имате ли некоја последна желба?
- Да. Ве молам држете ме за рака.