Некој човек требало да има секс со некоја стварно "голема" жена. Само што се качил на неа, ја прашува:
- Може да ја изгасам сијалицата?
- Што е бе, да не си срамежлив?
- Не, ми го гори газот.
--------------------------------------------------------
- Жено, кога ќе се вратам од пат, сакам куќава цела да си ја варосала!
- А бе, Трајче не претерувај, ни четка имам ни леген...
- Ич не ми е гајле, снајди се, ако не е варосана кога ќе дојдам, тешко тебе.
Ете го Трајче после 3 дена се враќа од пат и го гледа татко му без мустаќи.
- Што е ова мори...
- Ти ми кажа да се снајдам, и од мустаќите направив четка.
Идниот ден се враќа Трајче од работа и го гледа татко си на врв од круша.
- Тате, а бе што правиш горе.
- А бе онаа твојана фати торта да прави, па си викам да не и снема јајца!
----------------------------------------------------------------------------
Некој згоден дечко влегува во кафич, порачува пијачка и се обидува да смува некоја женска. Откако пола саат ништо не му успева, во кафичот влегува некој ептен ружен тип, седнува на шанк и не поминуваат 2 минути сите добри женски во кафичот му се закачуваат. За пет минути ружниот излегува од кафичот со двете најдобри женски. На згодниов не му се верува што видел, па оди на шанк и го прашува шанкерот:
- Добро бе, што беше финтава со ружниот тип, ја овде згоден не можам ни една женска да свртам, а тој ружен ко ној, си ги зема најдобрите две женски. Жити мајка како му успеа???
- Појма немам да ти кажам. Знам само дека секоја вечер истото го прави. Седнува на шанк, порачува пијачка и почнува да си ги лиже веѓите...
-------------------------------------------------------------------------
Син - новопечен правник по првиот работен ден во татковската адвокатска фирма му се фали на татко му:
- Тато, денеска го решив процесот кој ти не можеше да го решиш 10 години.
- Идиоту еден. Од парите од тој процес ние живеевме последните 10 години.
Две баби одамна што се немаат видено се среќаваат на улица и си се прашуваат што има ново, која како е итн. итн. Тогаш едната прашува:
- Абе што прави маж ти?
- А, Стојан умре пред две недели. Ја го пратив да набере зелка од бавчата, он се наведнал, добил срцев удар и паднал мртов на земјата.
- Леле, ужас. А, ти што направи?
- Ништо, отворив конзерва грашок.
----------------------------------------------------------
Тројца другари се расправаат кој од нив има подобра меморија.
Првиот: Јас се сеќавам на првиот ден од школо.
Вторниот: Ништо не е тоа, јас се сеќавам на првиот ден во јасли.
Третиот: Што зборите бе, јас се сеќавам кога отидов на матурска со татко ми, а се вратив дома со мајка ми.
--------------------------------------------------------------
Дечко и девојка конечно одлучуваат да се венчаат, па одат заедно на лекарски преглед. Поминува прегледот и по една недела лекарот го вика дечкото кај себе во ординација и му вика:
- Слушај сега, имам добра и лоша вест. Добрата е дека твојата вереница има гонореа.
- Ако тоа е добрата, што е лошата вест!!?
- Лошата е што не ја добила од тебе.
Двајца рибари ловат риби од чамец под некој мост. Во еден момент едниот од нив погледнува накај мостот и забележува погребна поворка како поминува по него. Рибаров станува, ја симнува капата и ја наведнува главата. Кога изминала поворката си ја ставил назад капата и продолжил со риболовот. Откако го видел ова, вторниот рибар, изненаден, му вика:
- Баш ме потресе, не знаев дека си толку емотивен.
- Па, мислам дека правилно постапив. На крајот на краиштата бев женет со жената 40 години.
-------------------------------------------------------------
Некоја жена имала страстна афера со инспектор за контрола на куќни штетници. И додека тие една вечер се забавувале, на врата заѕвонил мажот на госпоѓата. Оваа набрзина го пикнала инспекторот, пиштол гол, во плакар и му рекла да седи таму и збор да не испушта. Си влегол мажот дома, ама му станало нешто сомнително, па почнал да го пребарува станот. Кога го отворил плакарот и видел гол човек му викнал:
- Кој си бе ти?
- Јас сум инспектор од "Домашна чистота". Дојдов да испитам случај со појава на молци во зградава.
- А кај ти е облеката???
Инспекторов се погледнува, па извикува:
- Ах тие мали копилиња!!