Барал петелот кокошки низ селото, ама нигде ни една. Тргнал тој накај градот, кога таму што ќе види, се печат тие на излог од една кафана. Изнервиран петелот:
- Види ги ти нив, ја го превртев цело село да ги најдам, а они тука си се кварцаат.
Си биле Албанец, Србин, Црногорец и Македонец на донаторска конференција во Америка. На враќање решиле да поминат од кај Бразил, да се прошетаат малку. Арно ама кога крстареле по Амазон ги нападнале крокодили и ги изеле!
Едниот крокодил се жали:
-Уф ама жилаво месо има Србинов, си го расипав желудникот.
- Ај не заебавај, мене од Албанецов цел ден ми корне здивот.
- Не зезајте бре, јас од овој Црногорецов цел ден плукам значки и медали, цревава ми ги распара.
А овој четвртиов крокодил мирно си седи. А бе, тебе ништо не ти е?
- Не, јас го пуштив Македонецот, ми вети дека ќе ми донесе уште луѓе!