Некој фармер си купил петел. Веднаш го пуштил заедно кај другите животни, а овој почнал да се качува по кокошки, гуски, патки, правел растур по цела фарма.
Едно утро фармерот кога гледа на буништето, што ќе види. Петелот отпревртен на грб, со нозете кренати во вис, а над него летале орли, спремни секој момент да слетаат. Фармерот се приближил до петелот и рекол:
- Еее, мој петелу! Ти реков дека така нема да стигнеш далеку!
А петелот ги отворил очите, и прошепотил:
- Бегај газда, ќе ми ги избркаш орливе!!!:pos2:
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Влегува една жена во автобус и во рацете држи мало дете.
Возачот:
- Е ова е најгрдото дете што некогаш сум го видел!
Жената целата црвена од нервоза, оди на крајот од автобусот, седнува и на човекот до неа му вика:
- Возачот ме навреди како никој до сега!
А човеков и вика:
- Ај оди опцуј го за да ти олесни, а јас ќе ти го причувам мајмунот!:pos2::pos2::pos2: