Вистинско другарство, постои ли?

Член од
17 август 2012
Мислења
49
Поени од реакции
5
Нема вистински другарство. Имам 3 другарки кои ги сметам за вистински но и тие не се покажаа баш така. Сите си фатија дечковчи и цело време го поминуваат со нив, не познаваат по улица ако се сретнеме, за излегување тешко дека може ние четирите да излеземе сами, секогаш и дечковците ги носат со нив. Кога и да ги барам се немаат време, или учат или дечко расправаат. У школо сме заедно се додека не дојдат да ги приберат со колите нивните дечковци после часови и ни кафе се видува ни ништо. Не дека јас немам дечко, ама се со свои граници. Се знае кога е време за дечко кога за другарки, муабет ова она. Ме бараат само кога им требам за на школо да им објаснам и за тест, жими тогаш најмногу се дружиме. Сепак секој е од корист, тешко да се најдат вистински другарки, додека имаат корист и животот би го дале за тебе, после тоа не се знаеме ај чао. Летото ич не се дружиме, секој на своја страна, ако им се јавам за излегување ок, ако не секој со дечкото си оди, не им е битен часот до колку ќе бидат со него, а додека сме заедно секогаш негде брзаат. Така да не барајте некој на кој ќе можете да му верувате, тешко дека ќе најдете таков, ама доколку имате вистински другар не го запоставувајте заради дечко/девојка :)
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Ретко се наоѓа вистинско другарство.Во мојот живот најдобар другар сум си самиот јас.Не верувам повеќе на никој,а и се е минливо :) Со тие што сум се знаел долго,сега исто како да се запознаваме,како да не знаеме кој од каде е и што е :D
 

Ceci0

Captain
Член од
20 јануари 2011
Мислења
334
Поени од реакции
208
Постои да ама многу ретко... Јас можам да кажам дека имам само еден таков другар... А сум имал и такви што се правеле дека се другари/ки па на крај се што гледале е да те заебат на некој начин или биле од корист со тебе... Како и да е...Постои вистинско другарство ама мислам дека неможеш да имаш повеќе од 1 или 2ца другари/ки
 

SteamyLover

beautiful tango
Член од
24 октомври 2012
Мислења
202
Поени од реакции
554
Постојат такви другарства ама многу, многу се ретки. Денес секој гледа да ти наштети само..

Мој вистински другар е мајка ми. Знам дека никогаш лошо нема да ми помисли.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Не постои, или многу ретко!
Мојот пријател е мајка ми!.....
 
Член од
23 јули 2012
Мислења
93
Поени од реакции
89
За да имаш најдобар или барем добар другар , треба и ти да си таков тоа е клучот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom