Никој нема/не може да даде објективен одговор....секој си гледа свое искуство...или ај, можеби и искуство на најблиските.
Ако родителите (пример) ти се морбиди некои и со никој во влез не прават муабет а притоа ќе ти зборат дека сите комшии се ѓубриња, ти ќе го мислиш истото за нив, без притоа да приметиш дека твоите родители се единствени кои не прават муабет со луѓето што живеат во цел влез.
Слично/исто ти е и за другарство. Ако немаат (пример) блиски пријатели и повторно, ако ти се морбиди некои ќе ти тупат како на никој не можеш да му веруваш, зошто татко ти/мајка ти имале некои пријатели на кои им дале се во животот, само они за некоја глупост им се скарале...а они се и сешто преживеале со нив. Можеби и ти си морбида некоја, која нема другари а бара изговор во таквото нешто со фразата "абе, такво време дојде...на никој не можеш да му веруваш...се од корист" а во меѓу време заебал пола населба, испаднал "циган за безпари" а другата половина го одбегнува поради исти причини како и првава половина. После тој ќе се ожени и на децата ќе им тупи, како нема другарство, не постои...сите од корист....итн итн итн.
Јас 10 години имам 4ца другари, се караме, се смееме, се пијанчиме, лути сме еден на друг (најдолго 3 месеца) стално за глупости ама, на крај...пак сме тука еден за друг и затоа ќе кажам ДА, ПОСТОИ ВИСТИНСКО ДРУГАРСТВО ВО МОЈОТ ЖИВОТ....сега за сега, се надевам дека така ќе остане до крај.