Постои, ама многу е тешко да се изгради. Тешко е да се најде личност која секогаш ќе биде тука за тебе, а другарството не се покажува со зборови, туку се докажува со дела.
Јас мислев дека имам многу вистински другарки, ама вчера сфатив колку сум им важна. Знаеја дека натпреварот ми беше многу важен, пола месец им зборував за него и се договаравме. И на крај што излезе од сето тоа? Едно големо НИШТО. Се јавив на преку 10 души и пред плачење бев од нивните никакви оправдувања, најсериозно. Еве дел од нив:
- На тренинг сум, неможам.
- Ќе ми доаѓаат дома другарки и дај не се замарај со тоа фудбалот, дојди кај мене и ти.
- Неможам, ќе одам на шопинг за екскурзија.
- Ќе одам со моите на роденден кај ќерка на пријатели на моите, се знам со девојчето.
- Не ми се излегува.
Тоа беа моите "најдобри" другарки. Јаки причини, нема што. А јас што сум правела? Сум одела како будала од една населба до друга за нив, зашто им било тешко да го мрднат гзот од дома/маало. Сум излегувала кога воопшто сум немала време, сум излегувала кога не ми се излегувало, сум излегувала на пола саат да позборуваме зашто на една од госпоѓиците и било тешко, имала љубовни проблеми па ај јас трчај да ја орасположам ова она. Јас сум била иницијатор на повеќето излегувања, а сме оделе каде што сакаат они и до кога сакаат. Секогаш рано сум се враќала од излегување заради нив што се вистински флегми и се ги мрзи, ниту па сакале да направат нешто што јас го сакам, да останеме до покасно. Не се потрудиле да издејствуваат излез до подолго, баш им беше гајле за моите желби, важно по нивно да е. А се сомневам и дека сакале.
Преку неделата ако ги викнам да подизлеземе на кафе, еден час барем, или некогаш навистина имам потреба за разговор како и секој човек, они неможат. Зошто? Имале за учење. И така секој ден до петок, кога пак излегува по нивно.
Ете баш сум баксуз, вакво ми беше "друштвото" од Скопје. А да доаѓаат деца од Куманово/Охрид/Штип и други градови за едно излегување не бива. Кога сум таму, екстра си поминуваме. Тоа е другарство.
Не барам да скокаат секогаш кога ќе речам ОП, односно да излегуваат секогаш кога ќе им се јавам. Ама да ми кажуваат такви оправдувања за ден што знаат дека ми е премногу важен, знаат дека сакам спорт и се тоа?
На крајот отидовме со мојата НАЈДОБРА ДРУГАРКА со која не се знаеме долго, ама испадна нај фер од сите овие кои ми се правеа другарки! Го презакажа излегувањето со друго друштво и дојде со мене иако не е голем љубител на фудбал (а да видите како се внесе на натпреварот ехеее
). Со тој потег го зацврсти уште повеќе нашето другарство и никогаш нема да и го заборавам тоа. Докажа дека вистинско другарство постои. Затоа јас сега со сигурност кажувам: ДА, ПОСТОИ!