- Член од
- 17 август 2012
- Мислења
- 49
- Поени од реакции
- 5
Нема вистински другарство. Имам 3 другарки кои ги сметам за вистински но и тие не се покажаа баш така. Сите си фатија дечковчи и цело време го поминуваат со нив, не познаваат по улица ако се сретнеме, за излегување тешко дека може ние четирите да излеземе сами, секогаш и дечковците ги носат со нив. Кога и да ги барам се немаат време, или учат или дечко расправаат. У школо сме заедно се додека не дојдат да ги приберат со колите нивните дечковци после часови и ни кафе се видува ни ништо. Не дека јас немам дечко, ама се со свои граници. Се знае кога е време за дечко кога за другарки, муабет ова она. Ме бараат само кога им требам за на школо да им објаснам и за тест, жими тогаш најмногу се дружиме. Сепак секој е од корист, тешко да се најдат вистински другарки, додека имаат корист и животот би го дале за тебе, после тоа не се знаеме ај чао. Летото ич не се дружиме, секој на своја страна, ако им се јавам за излегување ок, ако не секој со дечкото си оди, не им е битен часот до колку ќе бидат со него, а додека сме заедно секогаш негде брзаат. Така да не барајте некој на кој ќе можете да му верувате, тешко дека ќе најдете таков, ама доколку имате вистински другар не го запоставувајте заради дечко/девојка