Вистинско другарство, постои ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lil-Krist**
  • Време на започнување Време на започнување
Вистинско другарство ........... денеска ??!!! :confused:
Во времето кога нашите родители биле млади да постоело колку-толку, ама денеска ................ ??!!! :oops:
Јас лично и не гледам денеска да постои некое вистинско другарство, освен она ’’другарство/пријателство‘‘(од интерес) ............. повеќе гледам ривалство и натпреварување помеѓу децата и општо помеѓу луѓето !
Децата, а и возрасните едноставно се копираат еден од друг, ривали се и постојано се натпреваруваат ........... еден нешто да купи или да направи после сите ќе го копираат скроз на скроз ............. и ако некој(без разлика дали ти е комшија, роднина, колега...) те побара на мобилен или ти тропне на вратата во 99,9% од случаите е за некаква услуга ....... значи се е од интерес !
 
Вистинско другарство??? Според мене е еднакво на вистински интерес.Луѓето денеска се се поотуѓени,саможивни,гледаат што е можно повеќе да земат од "колачот" што им се нуди(ако ме разбирате што сакам да кажам).
Времињата кога постоеа било какви дали и обични другарства изумреа, затоа што љубомората за тоа кој,колку ,што има е страшна работа и неизлечива болест на овој век,па и нареден милениум ако некој ме прашува за во иднина.И што е уште пострашно сите сакаат на некој начин да ви наштетат мислејќи дека ќе си го задоволат своето его.:cautious:
 
Постои. Зборам за другарство кое сме го стекнале од мали, не за другарствата што се стекнуваат во средно или на факултет. Сум имала милион другарки, и само за една можам да кажам дека ми е вистинска. Секогаш сме биле тука една за друга и иако не можеме да се гледаме често, ја сакам како сестра. Другово све од интерес !
 
Дали постои или не вистинско другарство ............ ??
И да и не .................... !
Доколку со некого се познавате уште од деца, уште од мали нозе, на пр. некои маалски другарчиња или пак со некој братучед, да тие пријателства можат да бидат и во одреден процент вистински ........... но сепак повеќето пријателства што човек ќе ги создаде во текот на животот се лажни особено пријателствата кои се создадени за време на средно школо, факултет, работа и.т.н. и ваквите лажни пријателства не траат многу долго !
Инаку општо земено нема многу вистински пријателства освен секако оние од интерес, исто како што се помалку има и вистинска љубов и бракови од вистинска љубов ................. се е некако материјализирано денеска ............. Капитализам ЈБГ !
 
Постои не се сите со тебе од корист како што се пишале погоре, ама секој со своето искуство.
Повеќе верувам во машко-женско другарство отколку помеѓу женско-женско.
Искрени пријателства се оние од детството тие никогаш нема да те разочарат, додека оние од средно многу ме разочараја.
Многу сум среќна што имам вистински пријатели, тие се најголемото богатство во мојот живот :)
I love them very much .
За ништо на светов не би ги заменила моите пријатели.
 
Бидејќи сум малер на љубовно поле, можам да дробам и јадам гомна за љубовта како не постои и е илузија до утре сабајле, ама па за ова кога станува збор, за другарство, имам доста лично искуство кое ми потврдило дека постојат, и ја ценам секоја минута со нив проведена. Животот не би ми бил ист доколку тие личности не се дел од него. Фала универзуме! :D
 
Бидејќи сум малер на љубовно поле, можам да дробам и јадам гомна за љубовта како не постои и е илузија до утре сабајле, ама па за ова кога станува збор, за другарство, имам доста лично искуство кое ми потврдило дека постојат, и ја ценам секоја минута со нив проведена. Животот не би ми бил ист доколку тие личности не се дел од него. Фала универзуме! :D
Ништо... Повели и друг пат...:icon_mrgr:
--- надополнето: 9 октомври 2012 во 01:05 ---
Ај да не бидам ептен офтопик...
Има една езрека и вака некако беше... "Пријател во некаква потреба, е пријател навистина"... но ова е само уште еден израз на затскриена алчност... Тоа не е љубов, не е пријателство... тоа е само искористување на другиот и ништо повеќе... Зошто би се грижел за тоа кој ти е прав пријател... Најбитното нешто е... дали сум јас пријателски настроен кон луѓето... Пријателството е највисока форма на љубовта... Тоа ти е чиста ствар... не е како љубовта, љубов помеѓу маж и жена(извини Шкорпи де:icon_mrgr: ) во неа мора да има моменти на страст, но во пријателството нема страст, нема ништо грубо во таа смисла... Тоа ти е чисто суптилно, да не речам духовно...:)
 
Зависи како си го имате сватено тоа вистинско другарство ?
Ако имате сватено дека некој треба куршумот наменет за тебе да го запре со своите гради тогаш се лажете.А дека има вистински другари кои ќе ти помогнат кога ти е тешко и можеш да му кажеш се што ти лежи на душа,ИМА.Само без претерување , сигурно нема некој да се одкаже од сопствениот живот само заради твои проблеми...Имам Еден вистински другар, и се знаеме од 6-7 години кога сме биле т.е заедно сме цел ебан живот и мн радости и стресови заедно сме претрпеле...+ некои заебани калакурници :D
 
Постои, ама многу е тешко да се изгради. Тешко е да се најде личност која секогаш ќе биде тука за тебе, а другарството не се покажува со зборови, туку се докажува со дела.

Јас мислев дека имам многу вистински другарки, ама вчера сфатив колку сум им важна. Знаеја дека натпреварот ми беше многу важен, пола месец им зборував за него и се договаравме. И на крај што излезе од сето тоа? Едно големо НИШТО. Се јавив на преку 10 души и пред плачење бев од нивните никакви оправдувања, најсериозно. Еве дел од нив:

- На тренинг сум, неможам.
- Ќе ми доаѓаат дома другарки и дај не се замарај со тоа фудбалот, дојди кај мене и ти.
- Неможам, ќе одам на шопинг за екскурзија.
- Ќе одам со моите на роденден кај ќерка на пријатели на моите, се знам со девојчето.
- Не ми се излегува.

Тоа беа моите "најдобри" другарки. Јаки причини, нема што. А јас што сум правела? Сум одела како будала од една населба до друга за нив, зашто им било тешко да го мрднат гзот од дома/маало. Сум излегувала кога воопшто сум немала време, сум излегувала кога не ми се излегувало, сум излегувала на пола саат да позборуваме зашто на една од госпоѓиците и било тешко, имала љубовни проблеми па ај јас трчај да ја орасположам ова она. Јас сум била иницијатор на повеќето излегувања, а сме оделе каде што сакаат они и до кога сакаат. Секогаш рано сум се враќала од излегување заради нив што се вистински флегми и се ги мрзи, ниту па сакале да направат нешто што јас го сакам, да останеме до покасно. Не се потрудиле да издејствуваат излез до подолго, баш им беше гајле за моите желби, важно по нивно да е. А се сомневам и дека сакале.
Преку неделата ако ги викнам да подизлеземе на кафе, еден час барем, или некогаш навистина имам потреба за разговор како и секој човек, они неможат. Зошто? Имале за учење. И така секој ден до петок, кога пак излегува по нивно.
Ете баш сум баксуз, вакво ми беше "друштвото" од Скопје. А да доаѓаат деца од Куманово/Охрид/Штип и други градови за едно излегување не бива. Кога сум таму, екстра си поминуваме. Тоа е другарство.
Не барам да скокаат секогаш кога ќе речам ОП, односно да излегуваат секогаш кога ќе им се јавам. Ама да ми кажуваат такви оправдувања за ден што знаат дека ми е премногу важен, знаат дека сакам спорт и се тоа?

На крајот отидовме со мојата НАЈДОБРА ДРУГАРКА со која не се знаеме долго, ама испадна нај фер од сите овие кои ми се правеа другарки! Го презакажа излегувањето со друго друштво и дојде со мене иако не е голем љубител на фудбал (а да видите како се внесе на натпреварот ехеее :D). Со тој потег го зацврсти уште повеќе нашето другарство и никогаш нема да и го заборавам тоа. Докажа дека вистинско другарство постои. Затоа јас сега со сигурност кажувам: ДА, ПОСТОИ!
 
Постои, но поретко го има затоа што денес многу малку се луѓето на кои можеш да им веруваш и да им се довериш.
 
Треба време за некое другарство да се развие. Треба со човека да се запознаеш, да видиш дали имаш слични интереси, да се дружите.
Секој си има различно сфаќање на зборот пријателство, а и на поимот вистинско. Познавам различни луѓе, со некои имам едно здраво, со други можам да денгубам во кафана,, но ништо повеќе од тоа.
Пријатели кои би гинеле (не во буквална смисла на зборот туку онака народски кажжано) со мене мислам дека се двајца. Со едниот се знам уште од дете со другиот се знам последниве 4-5 години некаде од крајот на средно. Имало и други со кои сме биле блиски и сме си помагале, но ете такви биле приликите да сме отишле секој по својот пат на различни страни од свето.
Мислам сепак најголем дел од таквите другарства се стекнуваат во основно или средно школо. Подоцна ми се чини е потешко луѓето да се запознаат, а и поради лоши искуства се поптретпазливи па е тешко да се зближат.
 
Не постои. Сум имал другари со кој заедно сум бил 20 години и по цел ден сме се дружеле на школо и дома и преку ноќ се сменија останавме само на едно здраво, се јавуваат само кога им треба некоја помош.
Кога ќе ги сретнам на улица не ги гледам со исти очи ги нема оние зафркавања како што ги имаше порано, едвај два збора си кажуваме како странци да сме.

Во глава им се замотаа некои црни мисли и дознав дека еден од нив ми се лути и не ме сака за другар затоа што како мал сум го тепал и навредувал. :eek: Па деца сме биле тоа е било игра за сега да се свати премногу озбилно.
И денес ми се јави да му објаснам нешто која дволичност еј, па јас нормално му објаснив не ми е тешко да му кажам два збора не сум идиот како него он си мисли дека ме искористил ама не е. ;)
Ги поканувам на роденен а они мене не, две години по ред така им давам до знаење дека 20 години е многу и тешко е да се откажеш од некој. Не е 2 години ајде бе кој го е** нека шета.
Ај може ќе им дојде паметот па ќе се сетат што и како сме биле нека ме побараат.

Затоа не верувам дека постои денес се е од корист. Порано имаше другарство татко ми има 2 другари кои и по неговата смрт доаѓаат кај нас и не почитуваат.
Најдобри другари ми се моите дома, а се друго ми е пријатели со кои имам општ муабет никако откривање на тајни и проблеми и барање совети затоа што од едно уво влезе од друго излезе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom