Да ве почастам со уште една моја сторија за темава.
Се надевам нема да ви се допадне.
Пријател - да се биде или не
Ви го претставувам најновиот вид на загрозени суштества - пријателот. Можеби никој нема да се согласи со оваа констатација, не ни мора, ова е само мое мислење. Дека пријателството не е тоа што беше, знаеме сите.
Ретко кој може да му верува на некој друг, ретко кому можеш да кажеш дека ти е вистински пријател. Но, што би била поентата на животот ако не се надеваме на подобро утро. Па исто така се надевам дека пријателството некој ден ќе го достигне нивото на кое што треба да е.
Што е пријател?
Пријател е човек со кого си испил неколку пива и си споделил многубројни тајни, пријателот е тој кој што ќе ти помогне кога ќе се најдеш во тесно, пријателка е таа со која што идете на шопинг и на журки. Пријателот е човек кој што те сфаќа и разбира, и тогаш кога ти самиот тешко се разбираш.
Пријател е човек кој што ти се допаѓа, кого го знаеш и кому му веруваш.
Што е пријателство?
Пријателството е магија која што се создава од двајца луѓе. Таа е врска помеѓу двајца луѓе која што треба да трае и да зближи. Пријателите се скапоцени камења и како такви треба да се третираат. Да се има пријателство со некој значи да се има доверба во некого и таа доверба да ти биде возвратена.
Што е потребно да се биде добар пријател?
Пријателството има неколку клучни моменти. Тие се според мене довербата и триаголниот клуч на пријателството. Довербата е една работа без кое едно пријателство не може да опстои. За да бидеш добар пријател, треба да имаш многу доверба во персоната со кого си решил да се спријателиш.
Триаголниот клуч на пријателството подразбира - земање, давање и делење.
Од пријателот треба да се зема толку колку што ќе ти се даде, да се даде што е можно повеќе и да се дели што е можно повеќе.
Додека го читате ова, сигурно ви се навраќаат спомени од случки кои што ви се случувале со вашите пријатели. Случки кои што никогаш нема да ги заборавите.
Оставете го своето его на мира барем за некое време, бидете пријател.
stormangel@kajgana.com