Другарствата и другарите се еден динамичен организам.
Јас бидејќи немам ниту брат ниту сестра ,дома сум поприлично веме само така да се јавува потребата за дружење со луѓе бидејќи ако не би сакал да се дружам со други би бил аутист, а не сум.
Сум имал еден најдобар другар од прво до четврто, уште сме другари ама поретко се гледаме , никогаш не си имаме забиено нож во грб.
Од 5 до 8 имав три најдобри другари , едниот е малку попасивен таков му е стилот на живеење и малку поретко се гледаме и комуницираме ама секогаш кога е во можност ми помага, вториот малку во средно го смени начинот на живот кој веќе не одговараше со нашиот и самиот се оддалечи од нас ,сепак никогаш не ми заби нож во грб.
Во средно продолжив да се дружам со третиот другар и групата најдобри другари се приклучија и двајца близнаци (брат и сестра).
Третиот другар од групата најдобри другари го изгубивме некаде прошлата година кога тој фати женска и се затреска по неа а ние не и одговаравме како друштво. Во средно запознав еден куп луѓе од кои 6-7 души ми се поблиски другари и другарки а другите би ги диференцирал како другари а со останатите сме на ниво на познаници. Исто така сите останати од основно се на ниво на познаници. После средно започнав уште еден куп луѓе од кои некои ми станаа другари ама само еден влезе во кругот на блиски другари (не знам дали ќе го прочита ова бидејќи е од форумов али не е тип кој реплицира на волку филозофски теми).
Најдобри другари сепак ми остануваат близнаците иако сега не комуницираме често бидејќи немаат интернет ама секогаш ми праќаат бројчиња по мобилен, познавајќи ги нивните вредности и карактери мислам дека тешко ќе биде нешто да го уништи нашето другарство.
Инаку како што приметивте не сум тип што се разочарува од распаднатите пријатлства , и ако некое се распадне во мене секогаш постои надежта дека ќе најдам ново.
А едно од основните пароли во животот ми се :
Што е можно повеќе луѓе да се запознаат во животот, од секого ќе научиш нешто ново и интересно.
Така да социјализацијата е многу важна ама во исто време човек треба да е силен и сам да опстои.
Инаку со моите најдобри другари секогаш имаме разбирање еден за друг и ако за нешто се подналутиме ако има објаснување и извинување има и опростување обавезно, искрено кажано моментално моите двајца најдобри другари ми се како брат и сестра.
Јас се надевам дека нашето другарство ќе опстои и ќе остане вистинско доживотно другарство, бидејќи таквите се многу ретки и човек треба да има многу среќа да најде такви другари.