Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Знаеме сите дека другарството е важно за една личност да биде онака целосна... Секој нели во животот запознава особи кои понатака им остануваат само пријатели или тоа пријателство преминува во вистинско другарство... Сите имаме другари/другарки од детство и тоа дружење трае и ден денес или од некои причини прекинува...
Јас лично не можам без другарство, тоа е за мене најважно и се би сторила (во доменот на моите можности) за моите другарки/другари...
Имам другарки со кои сум пораснала, што би се рекло пелените ни ги менувале заедно и среќна сум што ги имам покрај себе и денес. Знам дека кај и да сум ќе ме сакаат и секогаш ќе се тука за мене (а и јас за нив)...
Имам личности во мојот живот кои сум ги запознала подоцна, но можам да кажам дека сме развиле одличен однос и имаме потполно разбирање...
Сум имала и лоши моменти со една другарка кога на конец ни "висело" другарството, но со добар разговор и расчистување на недоразбирањата се средувало се...
Сепак мислам дека за да почне едно пријателство, а потоа да премине во другарство многу е битна енергијата која ја шират двете особи... Од прв момент можеш да осетиш со кого ќе се сложуваш, кој ти одговара барем за муабет... Личности кои шират негативна енергија, или личности чија аура е полна со испрекршени линии веднаш ги тргам од своја близина
Се гордеам со луѓето кои се околу мене!
Колку вие се дружите, каков е вашиот однос и колку се сакате?
Ај доста беше за сега, пак ќе се отворам сигурно