spooky напиша:
Офчар, да ти кажам право, ме нервираат такви цинични изјави : „Имав Х другари, ми забија нож во грб(!!!) и сеа немам и не сакам да имам.“
Или пак она дека барање другари е знак на слабост. Една од поголемите глупости што сум ги чул во животот, извини вака на директниот пристап. Другари не бараш кога ќе решиш да бараш, тие се појавуваат сами.
Човекот во суштина е социјално битие и му требаат други луѓе за да опстане. Ако некој баш запнал може и во пустиник да се претвори, ама тоа сигурно нема да го направи појак или да го заштити од проблеми. Ќе ти кажам дека е многу полесно да се затвориш и да не бараш блискост од страв дека ќе се изгориш, ама кој не ризикува - не добива. Треба да имаш сила да кренеш глава, да ја тргнеш навредата (и навредувачот) од себе и да продолжиш понатаму. Сум ризикувал, ме зезнале и ме повредиле, ама и сум добил - и тоа повеќе отколку што сум дал, и се надевам дека ќе имам можност да возвратам. Не се жалам што сум бил повреден : пред се, тоа е моја грешка што не сум проценил добро. И не мислам да се изолирам или да го сведам дружењето само на курчење низ град. Сакам луѓе со кои ќе можам да поделам добро и лошо, кои ќе се радуваат кога јас се радувам и ќе ми помогнат кога ми треба помош. Ама и обратно!
Малку е погрешна претставата дека најдобри другари се оние кои се многу долго време заедно. Има некоја вистина во ова, ама не значи дека не можеш да сретнеш вистински пријател и многу покасно. Јас на пример имав (и уште го имам, фала богу) прекрасен пријател од многу рано детство, сега ми е кум. И само пред четири-пет години го сретнав - скроз ненадејно - вториот таков човек. Другари за курчење имам многу, ама овие двајца ги сметам за „вистински“ (што ли тоа да значи).
бла бла бла..
1. нож у грб: паталец е бољи од гаталец..
2. слабост: сите викаат „у добро и у зло“.. али малце да загусти, е тогаш уствари ти требаат блоските луѓе што се викаат „другари“
3. за времетрањето се слагам
е сеа, да поприкажам нешто:
летоска, коа заминав за виена, буквално се опростив со сите тука со церемонии и слично. ми недостигаа, особено 2-3 лика што ги рачунам за блиски, ептен блиски. нејсе. таму, упознав нови ликови од пуно земји, и се зближивме, ептен онака, ко цел живот да сме се знаеле. после едне месец повеќето од нив мораа да си одат. и шо се деси? ќе ми недостигаш, бла, бла, и после тоа, по 1-2 мејла од секој и фајронт. толку. демек самр френдс шема, било шта било, не се важи. ја, за 1 месец претрпев уште една уловно кажано „разделба“. после тоа се повтори прикаската.. али веќе бев отрпнат.. и пак ми се насолзија очите коа се разделував од најдобриот другар таму, со кој бев целите 2 месеца. и шо се деси тука? се вратив, и буквално 4-ца од милион такозвани другари ми пружија пажња, другиве (што ме испраќаа и слично) онака, кyр ги боли. а и мене за нив. у меѓувреме, другаров од таму не ми враќа мејл. капиш? категоријата „другар“ е пролазна. ако чоек се ослоњава на другарство и менталитетот на чопор, орда или стадо, се заебал.
Koja e smislata na zivotot ako nema koj da ti se raduva na nego?
да си се радуваш сам?!
и нејќам да си кршам сопствена приватноча, ама ќе повторам: не сум тип со катаљон другари и орди за у град, иам некоја пристојна цифра на луѓе шо ги поштувам, имам една шака луѓе што стварно ми се блиски, но емпирски кажувам дека потребата за други луѓе е само одраз на слабоста човека сам да се справи со животот.
еволуцијата се движи во насока од орда кон индивидуалец. а друштвото ја убива индивидуалноста. во друштво мора да бидеш толернатен=лицемерен=да голташ нешто што не сакаш за некој тебе да ти голта. во друштво треба да си политичар ебаго. епа нема така сопствена среќа. тоа е само залажување и глумење пред сам себе. лажна среќа = двајца си се тешат и си се сослушуваат. вистинска среќа = идеш напред со исправена глава без преполн ранец на грб. оптимална ситуација = имаш пар блиски луѓе, кои се водичка у ранецот за да не дехидрираш.