Вечерва ја слушам
If I Never See Your Face Again и помислувам на тебе.Ми се случува така одвреме навреме да помислам на тебе и на таа една вечер под ѕвездите.Знам дека ти ја имаш заборавено,но јас не.
Се сеќавам на секој детал,на секој мал детал,на твоите обиди да ми се доближиш на почетокот,мојата срамежливост особено моето игнорирање.
Уште кога те видов,уште првиот пат кога ме погледна и ми пружи рака,останав без здив,но не верував дека нешто ќе се случи особено поради фактот дека сме со километри одалечени еден од друг.
Се сеќавам на ѕвездите,на начинот на кој ми се насмевна,на начинот кој ме бакна.На бакнежот под отворено небо,во базен.
Иако утредента кога се видовме се држеше на дистанца,но знам зашто беше сето тоа.Знам па и јас самата не ни очекував нешто повеќе.
Доволни ми беа тие неколку саати со тебе и бакнежите кои беа во тоа време.
Друго не барам.Ниту сакам.Ниту пак ти сакаш.
Ама спомените се слатки.
Знам дека си имал многу повозбудливи вечери,но мене таа ми беше најубава.А ти нема никогаш да дознаеш.Ниту пак сакам да дознаеш.Од тогаш те имам 2 - 3 пати видено и знам дека енергијата,хемијата што и да беше тоа тогаш,ја нема, едноставно исчезна.Ја нема таа искра,го нема тоа чувство кое што го имав тогаш.Но,тоа е сосема нормално.Помина доолго време од тогаш.Прилично многу време е.Цела една година.
За тебе бев една од мнооогуте (којзнае која бев по ред на листата), но не ми е важно.Битно сепак го добив тој бакнеж од тебе кој што сакав да го добијам.
И помина тоа.Веројатно ти имаш заборавено дека јас и ти нешто правевме,бидејќи сепак
не го доби тоа што го сакаше - да ме легнеш,но те смував или ти ме смува како сакаш.И мене ми беше убаво.И ќе ја памтам таа вечер.
И понекогаш,само понекогаш,кога навистина немам што да правам и кога ми е тап периодот или кога ќе ја чујам
Viva Forever или
If I Never See Your Face Again ќе ми текне на таа вечер.И ќе се насмевнам.И потоа...ништо...потоа ќе си мислам на нешто друго.
И можеби...некогаш...случајно во животов пак ќе те видам.И ќе се поздравиме најнормално како никогаш да не се случило ништо.И повторно ќе се насмевнам.
Сево ова е смешно затоа што знам дека ти не ни помислуваш на мене.Но,ок е.
А навистина немам некои силни емоции кон тебе.Не осеќав ни тогаш,ама ми се допаѓаше,ме привлекуваше.Многу.Си признавам.
Искрено...се надевам дека си среќен.
Кај и да си,со кого и да си,со која и да си.
И запамти...
If I never see your face again I don't mind
‘Cause we gone much further than I thought we'd get tonight :wink: *
*штета што тогаш не беше излезена песнава.иначе ќе ти ја пеев на увце.:back: