Вечерва овде, без тебе...

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.257
Вечерва овде без тебе...е релаксирачка.
Најмалку сакам некој да ми прави проблеми пред спиење. За спиење треба опуштање срце!
 
Член од
12 јуни 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
Вечерва овде без тебе...Како и секоја вечер ќе чекам да се укл. на нет да те слушнам и да ти кажам дека те сакам најного на цел свет.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Вечерва овде без тебе...читам Uncyclopedia и размислувам за други работи. Од време на време ќе си помислам: чудно се однесуваш. :toe:
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Вечерва, па не е како секоја вечер, покрај многупоминатите вечери заедно, работејќи водејќи љубов, секс и остало, празно е
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Вечерва ја слушам If I Never See Your Face Again и помислувам на тебе.Ми се случува така одвреме навреме да помислам на тебе и на таа една вечер под ѕвездите.Знам дека ти ја имаш заборавено,но јас не.
Се сеќавам на секој детал,на секој мал детал,на твоите обиди да ми се доближиш на почетокот,мојата срамежливост особено моето игнорирање.
Уште кога те видов,уште првиот пат кога ме погледна и ми пружи рака,останав без здив,но не верував дека нешто ќе се случи особено поради фактот дека сме со километри одалечени еден од друг.
Се сеќавам на ѕвездите,на начинот на кој ми се насмевна,на начинот кој ме бакна.На бакнежот под отворено небо,во базен.
Иако утредента кога се видовме се држеше на дистанца,но знам зашто беше сето тоа.Знам па и јас самата не ни очекував нешто повеќе.
Доволни ми беа тие неколку саати со тебе и бакнежите кои беа во тоа време.
Друго не барам.Ниту сакам.Ниту пак ти сакаш.
Ама спомените се слатки.
Знам дека си имал многу повозбудливи вечери,но мене таа ми беше најубава.А ти нема никогаш да дознаеш.Ниту пак сакам да дознаеш.Од тогаш те имам 2 - 3 пати видено и знам дека енергијата,хемијата што и да беше тоа тогаш,ја нема, едноставно исчезна.Ја нема таа искра,го нема тоа чувство кое што го имав тогаш.Но,тоа е сосема нормално.Помина доолго време од тогаш.Прилично многу време е.Цела една година.
За тебе бев една од мнооогуте (којзнае која бев по ред на листата), но не ми е важно.Битно сепак го добив тој бакнеж од тебе кој што сакав да го добијам.

И помина тоа.Веројатно ти имаш заборавено дека јас и ти нешто правевме,бидејќи сепак не го доби тоа што го сакаше - да ме легнеш,но те смував или ти ме смува како сакаш.И мене ми беше убаво.И ќе ја памтам таа вечер.

И понекогаш,само понекогаш,кога навистина немам што да правам и кога ми е тап периодот или кога ќе ја чујам Viva Forever или If I Never See Your Face Again ќе ми текне на таа вечер.И ќе се насмевнам.И потоа...ништо...потоа ќе си мислам на нешто друго.:)
И можеби...некогаш...случајно во животов пак ќе те видам.И ќе се поздравиме најнормално како никогаш да не се случило ништо.И повторно ќе се насмевнам.
Сево ова е смешно затоа што знам дека ти не ни помислуваш на мене.Но,ок е.
А навистина немам некои силни емоции кон тебе.Не осеќав ни тогаш,ама ми се допаѓаше,ме привлекуваше.Многу.Си признавам.


Искрено...се надевам дека си среќен.
Кај и да си,со кого и да си,со која и да си.

И запамти...

If I never see your face again I don't mind
‘Cause we gone much further than I thought we'd get tonight :wink: *


:pipi:


*штета што тогаш не беше излезена песнава.иначе ќе ти ја пеев на увце.:back:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Вечерва овде, без тебе...
Имам доволно време и простор да размислам што сакам. Го сакам истото што и ти, ама некако не ни иде на нас двајца. Заедно кога сме се е супер..ама во моментот кога ќе се тргнеме еден од друг се јавува несигурност и нетрпеливост. Не можам да бидам со тебе кога си таков избувлив и љубоморен. Свесен си и сам дека многу често и намерно те провоцирам со некои глупави постапки..исто како што сум и јас свесна дека и ти тоа намерно го правиш.

Ми фалиш, ми недостигаш..и од инат не ти се јавувам ни јас, па да видиме кој на коог прв ќе се јави.:baeh:
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Вечерва овде , без тебе како и секогаш.
Ми фалеше како и сите останати вечери. Утре конечно ќе те видам па ќе можам да напишам - Вечерва овде,со тебе.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Колку само посакувам да беше тука покрај мене :pipi:
Да те бакнев нежно и да погалам по косичката и заедно да нанавме.
Сакам да биде реалност она што го замислувам сега ... i miss you.:back:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
...Лечам несоница!*

*Што нема врска со тебе, ама сепак е фрустрирачко.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Vecerva se setiv na tebe...me zabole...
Bev so druga, a mislev na tebe...
Polesno mi e od pred nekoe vreme, ama sepak me zabole...
Si mislev deka ne te sakam poveke.
Se lazam li?:toe:
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.399
Поени од реакции
37
Не сме вечер баш.. Ден сме ама нема веза...

без тебе сум :( :( :( и тешко ми е...
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
Вечерва овде, без тебе...или подобро да речам месециве поминати без тебе, без да го видам твојот лик, да го почувствувам твојот допир, кој ми е толку потребен вечерва, а и сите претходни вечери поминати без тебе.
Вечерва овде, без тебе си помислувам колку би било убаво барем уште еднаш ра те сонам, знам ќе биде како претходно, ќе го проколнувам тој проклет будилник што ме раздели од тебе.
Вечерва овде, без тебе ми текнува на тоа како секој ден си велам во себе дека ќе бидам силна, дека можам да го истрпам и ова, но кога ќе дојдат ноќи како оваа, кога сум сама и не морам да глумам, цел свет ми се превртува, а болката во срцето не може да ги сопре солзите кои само навираат и навираат...
 
С

Сатори

Гостин
Вчера, вечерта без тебе, ги прелистав сите можни емоции во палетата, ги разглобив сите кажани зборови и повторно се премислував да им се вратам на сите девијантни варијации.
Но за што да се лажам бре, на крајот повторно заспав со тебе. :back:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom