Ветеринарно катче

Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Денес ми се породи кучето , ама за жал не се чисти пекинејзери мелези некој се :)
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
505
Поени од реакции
65
Jas znam lugje so prodavat kucinja samo kazi od kaj si i jas imam pekinezer i od kaj tie lugjeto go kupif
 
Член од
29 февруари 2008
Мислења
370
Поени од реакции
13
Некрофилија-за лабрадорот...кучето кое има хормонално пореметување прво по што ќе се примети е по тоа што почнува да изгледа полно со револт, бес и лутина. Второ почнува да напаѓа луѓе. Не се плетка многу со животните. Стерилизирањето е најдобар потег ако сакаш да го зачуваш кучето и буквално кажано за да поживее подолго. Стерилизацијата исто така многу им го смирува карактерот.
Емилијано85-За завивање. Некогаш причината е ппоради натрапник бо куќа што би рекле постарите а некогаш чиста досада и не му се спие. Од ветеринарна гледна точка нема никаков проблем со кучето ако само навечер завива. Ако претерува и ви смета можеш слободно да му ставиш мала доза диазепам во вечерата, ке спие како „кутре„ и енма да ви досаѓа патем не е штетно.
За крлежи-дефинитивно фитовал ампула.
За мали мачиња зедени-во принцип секое маче се однесува така, но со упорноста на газдата кај и да е ке попушти. Не би требало повеке од максимум една недела тоа да трае. Ако има проблем и понатаму обрати се кај газдите на нејзината мајка и проверете како ке реагира во нејзина близина ако сеуште (ветеринарски кажано) го задржило „мирисот„ на мајката. Можно е да се работи за примарна депресија која е минлива.
За кучето со рак-лесна му земја (извинете за суровоста) според мене, ништо чудно што не се нафаќаат за операција, во Македонија никој не се нафаќа за ваква операција.
За навика на ланец-тоа се учи од мало. Тешко дека големо ке го научиш. Ако сепак настојуваш да го шеташ на ланец побарај дресер.
За морско прасе-Тие знаат да квичат многу навечер и да тропаат а преку ден да спијат, со тек на време се свикнува на нив човекот. Во врска со исхраната-било какви растенија не му штетат...според мене највеке сакаат моркови,брокула, марула и грашак.
П.С. Некој спомна ветеринар треба? :uvo:
 
Член од
29 февруари 2008
Мислења
370
Поени од реакции
13
Денес зборев со две колешки од работа околу случајот со кучето со рак на дојки. Тие се нафаќаат да оперираат таков случај. Ако кучето е сеуште живо (зашто не видов информации околу тоа сега) и ако сакаш да го оперираш слободно пиши ми ПП да се договориме.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Ангела корисни совети, браво:smir: А еве да те прашам што е тоа што израснува позади ушите на кучето како мали израстоци ама не ги боли не ги ни приметуваат?

Фала.:smir:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Денес зборев со две колешки од работа околу случајот со кучето со рак на дојки. Тие се нафаќаат да оперираат таков случај. Ако кучето е сеуште живо (зашто не видов информации околу тоа сега) и ако сакаш да го оперираш слободно пиши ми ПП да се договориме.
Здраво Ангела мило ми е што пооосле толку време пишал некој на оваа тема ама како што гледаш темава е одамна мртва а веројатно и ракот се проширил и (се надевам не) па не пишал/а повторно.
 
Член од
29 февруари 2008
Мислења
370
Поени од реакции
13
Buterfly-Tие може да се изгорат со течен азот...не е нешто страшно но подобро да се среди за да не се прошири.
Апокалипто-се надевам во ред е со кучето. како што веќе кажав во првиот пост ретко кој се нафаќа на таа операција ама еве овие две колешки дадоа зелено светло сепак ако нешто треба повелете. ке средиме со мерак што се вели.
Фала на убавите зборови и извинете ако задоцнив со одговорите. :coffee:
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
7
Поени од реакции
0
Angela-kaj ci?Mnogu mi trebas?Mi treba tvoj sovet!!!Ocajna sym!!
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Angela-kaj ci?Mnogu mi trebas?Mi treba tvoj sovet!!!Ocajna sym!!
Кажи што е проблемот, може и ние ке знаеме да ти помогнеме останатите, или ке споделиме некое наше искуство за како да му помогнеш на миленичето.Ако е многу опасно ОДМА НА ВЕТЕРИНАР!!!
 
Член од
29 февруари 2008
Мислења
370
Поени од реакции
13
Еве ме мене...цело време сум онлајн дечки...слободно пишете ...
 

Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Сакам ЗМИЈА

Подолго време сакам да купам питон и да си го чувам у соба дома у аквариум ако може некој да ми даде некаква информација, кај да најдам, колку пари се и дали треба некаква посебна дозвола за нив....
 
Член од
17 март 2008
Мислења
39
Поени од реакции
0
i mene odamna me interesira kako i od kade mozam da si zeam zmija i se so e drugo potrebno za odrzuvanje i sl. ama ne se imam zainteresirano nesto poveke... izgleda denovive bitrebalo nesto poveke da se rasprasam ako doznaam nesto poveke ke pisam
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
епа вака,имам далматинка,има 9 години,имаше мали кученца пред 3 години,откако се породи и се појави некоја топка кај градите и ни рекоа дека е масно ткиво ама тоа почна да расте...пред месец дена почна да повраќа крв и тоа многу(мислевме дека дојде крајот:() сепак преживеа...ама после тоа не можесе да оди,т.е. кога и да мрдне писка како некој да ја тепа,едвај мрда со вратот и секако при тоа писка,жално е да ја гледаш и слушаш...ја однесовме на ветеринар(најтрагично до ветеринарната живеам) ама они везе немаат што и е,прво ни рекоа дека крајниците и се отечени па примаше таква терапија,ама се покажа дека не е тоа,па не пратија на факултетот за ветерина(ама на мајками и рекоа да каже дека е од друга,приватна,ветеринарна-не знам зошто.)кученцево за чудо седеше мирно,ни претна ни ништо.и направија две ренгенски снимки(мајками секако излаза дека ја праќаат други-сеуште не знаеме зш и рекоа да излаже)и ветеринариве не знаат да ја прочитаат снимката,па чекаа да дојде професор некој...значи снимката е направена пред 2 недели...резултати сеуште немаме,а ветеринариве ни викаат да и даваме аналгин и кетонал за да и поминат болките:tapp: ја колку што знам кучиња не треба да примаат човечки лекови...жал ми е за кучево,само спие за да не ја боли...некој совет?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Давај и ја терапијата како што е препишано.... може да се работи за тумор со развиена хомеостаза... искрено мислам дека треба да ја успиеш доволно и биле маки.. не се мачете веќе, според ова што прочитав нема спас, знам дека можеби си доста приврзана но сепак верувај дека поболно ќе ти биде да ја гледаш како умира бавно и во маки. :( :( :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom