Ветеринарно катче

Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Па кожата му се враќа, не веднаш ама по 7-8 секунди се враќа. Јас првично мислев да не му е од дождот завчера, беше малку мокар. Плус одбива да спие у куќарката, мислев да не има нешто внатре да го каснало, ја отворив - исчистив, пак надвор се моткаше. Сеа го преместив на друго место.

Добро е, пак јадеше попара, речиси пола леб изеде уз млеко. Вода си пиеше исто, не редовна количина но сепак пиеше. Петнаесетина зрна храна исто ги сомеле брзо, не ми се даваше повеќе да не му дојде одеднаш, ќе му дадам после уште малку. Весел е сеа, опашката е пак нагоре и лаеше кон комшијата шо го мрази. :D

Разликата од вчера е што не поврати (да не го урочам сеа) но ќе видиме, проливот обично го мачи преку ноќ, ако има сабајле пак ќе го носам на ветеринар.
Ај измати само белка од јајце (ако е поголемо кутре две белки) со шеќер (за една, пола лажица, за две цела) и сок од пола лимун. Измати ја до степен да стане како шлаг. Дај му го на кутрето да го испие. Ќе му смири веднаш пролив и повраќање. Шеќерот ќе го натера да пие вода, откако ќе ја испие смесата после пола саат дури дај му водичка. Немој премногу ладна.
 
Член од
17 јуни 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Како што гледам овде има доста искусни луѓе, па ми треба еден совет.
Имам доберманка стара е 5,5 месеци, ушите и се купирани пред 3 недели, проблемот е во тоа што едното увце и остана не исправено, а гледам слики како на некој и повозрасни им се замотени ушите нагоре.
Е сега како на кој начин се прави тоа, со што и колку време траба да стојат така, ај ве молам пишетеми.
 
L

Lu

Гостин

Прво морам да искоментирам дека на поголема возраст сте ги купирале ушите.
Јас на мојата Доберманка ушите и ги купирав на 2,5 месечна возраст ... од 2,5 до 3 месечна возраст, тоа е најидеален период за купирање на ушите.

Второ, каде ги купиравте ушите ?
Зарем човекот што ги купираше ушите не ви објасни која е постапката за исправање на ушите ?

Постојат повеќе методи на врзување на ушите.
Јас ќе ти го пишам најбрзиот и најлесниот метод за врзување на ушите кој што го применував на мојата Доберманка.

Самиот ќе си направиш фишбан ... можеш да користиш различни материјали за изработка на фишбан, јас користев салвети.
Ќе земеш 4 - 5 салвети и ќе ги замоташ и стегнеш и ќе добиеш форма на цилиндер, потоа убаво и цврсто ќе ги замоташ со фластер.
Најважно е фишбанот да е подолг од увото, бидејќи ако фишбанот е покус, при местењето врвчето од увото ќе штрчи над фишбанот и ќе се прецвика врвот, значи фишбанот секогаш треба да е подолг 1 - 2 цм од врвот на увото.
И кога ќе ги врзуваш ушите со фластери, треба да бидат опуштени фластерите, а не стегнати бидејќи ќе го намалиш протокот на крв и може да се појават компликации.

Потоа со подготвените фишбани следува врзувањето, тоа е комплицирано вака да се објасни, па затоа ќе ти испратам многу видеа каде што е објаснето како се врзуваат ушите.
http://www.youtube.com/results?search_query=doberman ear taping&sm=1

Јас на мојата Доберманка, секоја вечер и ги врзував ушите, што е доста напорен процес и одзема многу време, на почетокот ми требаше 40 минути за да и ги врзам ушите, по 20 минути за едно уво, но со тек на време се испраксирав и за 5 минути и ги врзував ушите.
Најважно е секоја вечер да спие со врзани уши, бидејќи при спиење мора ушите се исправени, бидејќи во спротивно кревкото увце може многу лесно да се прекрши.
На почетокот првиот месец постојано и беа врзани увцињата, само по неколку часа на ден и беа одвразни ... и со текот на времето се повеќе и беа одврзани, за на крај да стигнам до фазата каде што потполно ќе и се исправат и ќе нема потреба од врзување.
Јас таа финална фаза ја постигнав на 6 месечна возраст, пред се поради мојата упорност и посветеност, а на некои други луѓе им треба дури 1 година за да стигнат до таа фаза каде што ќе нема потреба од врзување.

Така да кога ќе видиш, за да ја постигнеш таа Доберманска фаца со исправени уши, треба многу да вложиш, и време и труд и трпение, бидејќи не е едноставен процес :)

Мојата Астра :)

Член од
9 април 2013
Мислења
48
Поени од реакции
2
Ве молам малку да ми објасните околу менструален циклус кај кучина.Имам куче 12 месеци и забележувам околу вулвата крв и по дворот капки.Како што сум читала тоа е циклус.Ова и е прв пат,па ме интересира колку време трае и дали треба некој посебен третман.Забележав капки во петокот 9.Ноември.
Благодарам :)
 
Малце касно за прв циклус, сигурно првиот не си го забележала. Посебен третман- не дозволувај мажјаци во нејзино дружтво ако не сакаш несакано легло. Колку што знам ја чуваш во двор, така да добро изолирај го дворот, зашо верувај- мажјациве си наоѓаат начин;). Уште подобро ако можеш да ја чуваш во затворено (ајде да не претеруваме-дома:P), ќе си и облечеш стари гаќички и нема да имаш проблем. Циклусот кај секоја женка трае различно. Немој да се изненадиш- понекогаш знае да трае и до 21 ден, што не е правило.
П.С. Планираш да ја париш?
 
Кучето го чувам во двор,но тоа е позади куката и нема пристап никаков да дојди човек,а не па куче.Но,секако ја пазам не се знае :love:.Досега немам забележано дека имала циклус,затоа мислам дека е ова прв пат.Што се однесува до парење не сакам сега,бидејќи е мала- мислам..па здравје боже се надевам на пролет..ако има шанса да се најде мажјак.
Кажете ми на колку време сега ќе биде вториот циклус и по колку време од циклусот се парат( ова информативно чисто за да знам).
Поздрав (y)
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.313
Поени од реакции
4.733

Треба да има циклус на 6 месеци но немаат сите редовно може и да поминат повеке од 6 месеци. И колку што јас знам како најплодни денови викаат им биле 13-15(17) ден одкако ке и почне циклусот.

Е сега и јас со прашање до некој од поискусниве, да ми препорачаат некој добар калциум за кученце во раст. Не cafortan колку што јас знам тој се дава после 6 месеци. Или да ми кажат кај можам да најдам производи од canina, освен калциумот бараме и canhydrox-gag суплименти од алги кој помагаат за зацврстување на рскавици, коски и слично кај кученца.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Половата зрелост кај кучињата најчесто настапува околу 7-9 месец, но не е правилна како саат, па да се грижиш за касно или рано, кога ќе настапи првот циклус зависи од расата, големината, ухранетоста, здравствениот статус... На пример кај малите раси половата зрелост и првиот циклус настапува порано а кај големите раси покасно, кај подобро хранети кучиња порано отколку кај послаби кучиња а пак може да закасни кај многу дебели кучиња. Во секој случај, немаш потреба да се грижиш, бидејки за секое куче е различно, а како што се сеќавам твоето куче имаше прележано тешка болест а и подоцна работевте на подобрување на тежината, така да и тоа игра улога. Но, ако воопшто и се јавил покасно циклусов, каснењето не е повеќе од месец-два, а тоа не е ненормално. Исто така, кај младите кучки, до првото парење/окучување, интервалите на циклусот може да бидат нередовни, генерално интервалот е 6 месеци, но може да се случи да се појави на 3, 4 или 5 месеци интервал наместо 6. Во секој случај, ако секојдневно добро го следиш кучето и си сигурна кој ден првпат имаш забележано капки крв, земи го тој ден како 1-2 ден од циклусот. После 8-9 дена генерално кучките во циклус дозволуваат на мажјакот да ги спари, претходно не. Откога ќе почне да стои,во првите 3-4 дена плодноста е најголема, потоа постепено се намалува. Сепак, за да се спречи несакано парење,најдобро е за целиот тој период кучката да не ја испушташ од пред очи. За парење генерално стои околу 2 - 3 недели, така да целиот циклус од почетокот на крварењето додека да престане да стои за парење е горе-долу 21-28 дена. Сепак имај на ум, не е швајцарски часовник, така да овие периоди може да бидат со ден-два помалку или повеќе. Крварењето е најинтензивно во првите денови, како поминуваат деновите, постепено секретот ќе се избиструва и намалува.Што се однесува за парење, бидејки се работи за голема раса која побавно се развива, јас ке ти препорачам да ја париш откога ќе наполни 2 години.
 
L

Lu

Гостин
Е сега и јас со прашање до некој од поискусниве, да ми препорачаат некој добар калциум за кученце во раст. Не cafortan колку што јас знам тој се дава после 6 месеци. Или да ми кажат кај можам да најдам производи од canina, освен калциумот бараме и canhydrox-gag суплименти од алги кој помагаат за зацврстување на рскавици, коски и слично кај кученца.
Јас ти го препорачувам Калциум Мултивит презадоволна сум и составот е навистина квалитетен.
Го имаш во Фауна и не е скап, 50 таблети се 350 - 400 денари, исто го имаш и во Pet Suplies на Рузвелтова и на Водно, таму е 500 денари пакетче со 50 таблети.
Исто така во Фауна и Pet Suplies имаш производи од Canina, па разгледај, можеби ќе најдеш Canhydrox-Gag суплиментот од алги.
А за Cafortan, грешна ти е информацијата дека се дава после 6 месечна возраст.
Јас на мојата Доберманка од 3 месечна возраст почнав да и давам Cafortan и одлично се покажа ... така што од 3 месечна возраст слободно може да се дава Cafortan ... дури знам и луѓе кои што препорачуваат од 2 месечна возраст да се почне со давање на Cafortan, но сепак јас сметам дека 2 месечна возраст е премногу рано за да се почне со давање на Cafortan, ова го кажувам во случај доколку кученцето е во одлична здравствена состојба, но доколку има проблеми, и зголемена потреба од витамини, минерали и сл. тогаш слободно може да се почне од 2 месечна возраст со Cafortan.

Кучето го чувам во двор,но тоа е позади куката и нема пристап никаков да дојди човек,а не па куче.Но,секако ја пазам не се знае :love:.Досега немам забележано дека имала циклус,затоа мислам дека е ова прв пат.Што се однесува до парење не сакам сега,бидејќи е мала- мислам..па здравје боже се надевам на пролет..ако има шанса да се најде мажјак.
Кажете ми на колку време сега ќе биде вториот циклус и по колку време од циклусот се парат( ова информативно чисто за да знам).
Поздрав (y)
Убаво објасни @Uluru за циклусот.
Големите раси покасно добиваат прв циклус бидејќи покасно се развиваат и созреваат, заразлика од малите раси кои што порано добиваат циклус бидејќи порано се развиваат и созреваат.
Генерално како најчест период за добивање на прв циклус е од 6 месечна до 10 месечна возраст, но некогаш знае да закасни 1 - 2 месеци, како што е во случајот со твоето куче кое што добило првпат циклус на 12 месечна возраст, не се секирај, тоа е вообичаено кај големите раси првпат да добиваат циклус на поголема возраст.

Одкога ќе добие првпат циклус, секој нареден циклус треба да и доаѓа на 6 месеци (со толеранција од 1 - 2 месеци порано или подоцна).
Одкога е добие кучката циклус, најплодни денови се околу 13 - 17 ден од циклусот, тие 3 - 4 дена се најплодни, и тогаш кучката самата осеќа дека е во најплодна фаза и најчесто во тие неколку денови стои мирна кога мажјакот ќе сака да ја спари, а знам и случаи каде што женките трчаат по мажјакот и самите се местат за да се спарат, затоа треба многу да се внимава во овој период за да не се добие непосакувано легло.
За големи раси во кои што спаѓа твоето Кане Корсо, поради тоа што телото покасно се развива кај големите раси, минимална возраст за парење е да има напунето 2 години, пред 2 годишна возраст не е препорачливо да се парат поради неразвиеното тело.
Циклусот, тоест крварењето трае 3 - 4 недели.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.313
Поени од реакции
4.733
Јас ти го препорачувам Калциум Мултивит презадоволна сум и составот е навистина квалитетен.
Го имаш во Фауна и не е скап, 50 таблети се 350 - 400 денари, исто го имаш и во Pet Suplies на Рузвелтова и на Водно, таму е 500 денари пакетче со 50 таблети.
Исто така во Фауна и Pet Suplies имаш производи од Canina, па разгледај, можеби ќе најдеш Canhydrox-Gag суплиментот од алги.
А за Cafortan, грешна ти е информацијата дека се дава после 6 месечна возраст.
Јас на мојата Доберманка од 3 месечна возраст почнав да и давам Cafortan и одлично се покажа ... така што од 3 месечна возраст слободно може да се дава Cafortan ... дури знам и луѓе кои што препорачуваат од 2 месечна возраст да се почне со давање на Cafortan, но сепак јас сметам дека 2 месечна возраст е премногу рано за да се почне со давање на Cafortan, ова го кажувам во случај доколку кученцето е во одлична здравствена состојба, но доколку има проблеми, и зголемена потреба од витамини, минерали и сл. тогаш слободно може да се почне од 2 месечна возраст со Cafortan.
Blagodaram na odgovorot, pobarav jas prvo vo Fauna za canina ama nemaa nisto od niv gi imaa samo ovie koj mi gi preporaca (inace vo meguvreme najdov kalcium od nivnite pa za narednive mesec dena sme obezbedeni), a ovie sto se od algi vo fauna mi rekoa deka e mn tesko da gi najdam se javiv duri i kaj uvoznicite i oni nemaat i neznaele koga ke dobijat. Ke vidime posle ovoj mesec ke vidime dali ke se prefrlime na nesto drugo ili ke ostaneme na caninata, samo moram da najdam od ovie od algi.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Народе ми треба некаква идеја или нешто слично.
Вчера беше братучед ми, го прегледа кучево. Констатира дека најпрвин станува збор (не ме држете сега здраво за готово во реченицива но отприлика) воспаление на крајници кое преминало во бронхит за на крај да се потспушти истиот надолу и да подзастари. Тоа со коските што го спомнав само дополнително ја подусложнило работата. Го провери од назад, рече дека нема ништо, но ја растегна кожата над грбот и кажа дека станува збор плус за дехидрираност на кучето.
Да напоменам дека 2-3 дена не јади ништо, а пие многу поретко (обично чај од нане).
Му стави 3 инекции, од кои една за воспаленија внатрешно, друга мислам за инфекција и трета беше витаминска со тие хранливите материи или како се викаат. 3 денм рече дека ќе траело дејството на истите.
Е сега мака мачам да го натерам да пие кучево. Искрено од вчера ми е како посвежо во ликот, си лежи затоплено и покриено, но еве не сака да пие т.е пие ама ептен со сила и од рака со триста молења, но чинам потребната количина на течност не ја внесува.

Идеја некаква дали има некој со која можам подобро да ја извршам мојата обврска за кучево да посака да пие. Му дадов прееска и оризова вода, испи колку половина филџан така поголем но повеќе од половина се истури на земја(пошто од рака му давам нели). Јадење уште не сака.

Назад е речиси исчистено од претходнава компликација. Плус сега кога слегов цревата малку како да му поткркоруваа.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523

Му има дадено два антибиотика со продолжено дејство. Му дал и витамини да го крене. Ако не сака да пие, братучед ти нека те фати под рака и во аптека, да купите канила и инфузија и да му ставите систем. Не знам зошто досега не направил тоа кога видел дека животното е дехидрирано.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Му има дадено два антибиотика со продолжено дејство. Му дал и витамини да го крене. Ако не сака да пие, братучед ти нека те фати под рака и во аптека, да купите канила и инфузија и да му ставите систем. Не знам зошто досега не направил тоа кога видел дека животното е дехидрирано.
Да, спомна за системот, чинам дека утре следува тој чекор, така барем се договоривме, да видиме денес дали ќе присака да пие и јади, да помине малку дејството на инекциите.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Ете баш на тоа мислев дека едно прегледување во живо на песот вреди колку сто постови на форум. Сега треба да се продолжи со лечењето на бронхитот,со тоа што ако има и промени на крајниците не треба да се запостави и нивното санирање. Дефинитивно таква дехидрација бара инфузија,а во меѓувреме не го прашувај дали сака да пие ли не - шприцот во рака и течности на секои 15-30 минути.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Ај некој совет ќе ве молам за кастрација на Мачорче (8месечно). Значи ветеринарката ми препорача да го кастрирам мачето ако сакам да му го продолжам животот, као кастрираните домашни мачиња живееле во просек повеќе. Дека заталкуваат кога одат по мачки во циклус на парење , ги газеле коли итн итн. Ако не го кастрирам ми рече сум го препуштала на природата. Мачето ми е навистина како член на фамилијата многу го сакаме сите дома, спие со нас во кревет итн итн... затоа и сакам да направам тоа што е најдобро во случајот,само страв ми е да не има некој лоши последици од кастрирање, дали физички или ментални... фала однапред.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom