Видиш мајката,отиде во словенија и не се пофали ништо.Чекам пофалби,било тука на форум било на фб
Ти зарем сега дозна дека SaltNPepa e во Словенија ? Заборавив да ти кажам на изложбата
Имам златен ретривер кој е веќе 5 месеци, во последните неколку недели многу ослабе пробав со секакви витамини ништо не помага, иначе го хранам со milor cane
Друже, да ти дадам совет од моето долгогодишно кучкарско искуство, џабе ти се сите витамини на светов доколку го храниш кучето со ѓубре ... без навреда али Miglior Cane е тешко ѓубре ... една од најнеквалитетните храни на нашиот пазар, со пренизок процент на протеини (од растително потекло) и пренизок процент на масти, а за месо да не правам муабет, во таа храна нема месо туку месни преработки.
Така да наместо да фрлаш пари за витамини, ќе му купиш квалитетен дехидрат.
Така што наместо да купуваш ефтин неквалитетен дехидрат, а останатите пари да ги трошиш на витамини, ти ќе си купиш квалитетен дехидрат и нема да имаш потреба да даваш пари за дополнителни витамини бидејќи во квалитетниот дехидрат ги има сите потребни витамини и минерали, и кога ќе направиш математика иста цена ќе ти испадне квалитетниот дехидрат и неквалитетниот дехидрат + витамини.
Има тема (еве ти линк) -
Храна за кучиња, прочитај го мојот прв воведен пост, имам убаво објаснето за квалитетот на дехидратите (тоа е кратенка за сува храна за кучиња) и имам објаснето што од домашната исхрана можеш да му подготвуваш на кучето.
Aj да прашам и тука да не знај некој.
Пред скоро месец дена кучево имаше проблеми,така цел ден лежеше, не сакаше да се придвижи да се помести, и кога ќе станеше само се напнуваше како да сака да изврши нужда. Назад на крзното како да имаше малку крв, па го прашав братучед ми што може да е проблемот. Ми рече дека веројатно е затровано, му кажав што му дадовме да јади (коски од пилешко стари 3-4 дена кои ги донесе баба ми) па рече дека од тоа му е , да му дадам аналгин и парацетамол. Тоа и сторив и за ден два кучево се накрена, му се заарни.
Еве денеска гледам како да има сличен проблем. Пасивно е, исто се напнува за нужда кога ќе стани, идентична состојба како пред месец. НЕ сака да јади ништо како да има гадење, ни млеко, ни месо дури. Да напоменам само сабајле му дадовме свинско месо со коски, јадеше тогаш.
Не можам ни апчиња да му дадам нурнани кроз кренвишла. Старо е има околу 10 години, но не сакам да верувам дека во староста лежи проблемот.
Колега, ги прочитав сите твои постови во врска со проблемот, па еве го цитирам твојот прв пост во кој што ја опиша ситуацијата со твоето куче.
Според опишаната ситуација, јас сум 90% сигурна дека сите проблеми се настанати поради катастрофално лошата исхрана ... а останатите 10% како причинители на проблемот може да бидат старосни проблеми и проблеми со здравјето, кои што секако треба да ги констатира искусен ветеринар.
А без навреда, но мислам дека твојот братучед не е добар ветеринар штом не те посоветувал да ја смениш исхраната на кучето, тоа се основни работи што треба секој ветеринар да ги знае.
Но, да се задржам на можните 90% што се причинители на проблемите на кучето - а тоа е исхраната.
Пилешки коски, Свински коски, Свинско месо / кожа ... ова се главните причинители на сите незгоди на твоето куче, ова се продукти кои што кучето НЕСМЕЕ да ги конзумира и се премногу штетни за неговото здравје.
Од коските добило запек, и затоа се мачи и се напнува кога врши голема нужда, а и неможе да се искака бидејќи има запек ... коските прават запек, а и немаат скоро никаква хранлива вредност, така да незнам со која цел даваш коски, кога ниту ќе го најадат, а ниту пак ќе му дадат некакви позитивни ефекти на кучето, туку напротив, од коски (пилешки и свински) може само да добие запек (и самиот во ова се увери) и може да настанат многу компликации кои што сега ќе ги набројам.
Пилешките коски кога кучето ги крши, тие не се дробат на ситни и заоблени парчиња (како на пример Телешката коска) туку Пилешките коски се дробат на премногу оштри парчиња кои што буквално можат да ги расечат цревата и желудникот и да доведат до внатрешно крварење и смрт.
Од пилешки коски умре кучето на мојата другарка, острите пилешки парчиња му ги расекоја буквално како жилет цревата на кучето, и умре.
Исто така во еден твој пост прочитав дека свежи пилешки коски можело кучето да јаде, а неколку дена стоени пилешки коски нетребало да јаде ... овој заклучок ти е погрешен, кучето несмее да јаде пилешки коски (поради горенаведените причини) безразлика дали биле свежи или стоени неколку дена.
Исто и свинските коски и свинското месо не се препорачливи за кучињата, коските затоа што немаат хранлива вредност, а месото затоа што е премногу мрсно, и може да се јават многу штетни последици од свинското месо, како паѓање на длаката, иритации на кожата, проблеми со срцето и слични несакани ефекти.
Вашите домашни манџи и остатоци од вашиот ручек се премногу штетни за кучињата, бидејќи содржат многу маснотии, зачини, и сол.
Верувај сум видела 10 години стари кучиња, полни со енергија и разиграни, најмногу благодарејќи на квалитетната исхрана во текот на нивниот живот.
Значи под итно исфрли ги од исхраната на кучето Пилешките коски, Свинските коски и Свинското месо / кожа, и вашите домашни манџи и остатоци од вашиот ручек ... и ефектите веднаш ќе ги воочиш, кучето ќе ти се препороди.
Во темата
Храна за кучиња, имам многу убаво објаснето што можеш да му даваш на кучето од домашната исхрана и какви оброци да му спремаш, па зготви му некој оброк и ќе ги воочиш ефектите од квалитетната и правилна исхрана.
И општо прочитај ја темата
Храна за кучиња, имаме многу добра дискусија развиено за корисните и штетни продукти кои што ги јадат кучињата, многу корисни информации содржи таа тема, така што ти препорачувам да ја прочиташ, многу корисни работи ќе научиш.