Ветеринарно катче

Член од
7 јануари 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Редовно му давам апчина против глисти, инаку му давам 350 грама дневно во 3 оброци како што е препорачано на храната но понекогаш не ја јаде целата храна
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Дали постои можност да не можи кучето да врши нужда?(се надоврзувам на претходна ситуација)
Да се надоврзам на проблемот од некни. Сега потстанува, шетка, има апетит, прееска го видов мокреше, но мислам дека има проблеми со нуждата, или поточно како да е подебело во стомакот, а во задниот дел како да е подослабено..........Му давам полесна храна, има апетит но е пасивно во глобала, веројатно тоа му е од надразнестост со која се соочи претходно.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523

Може, затоа однеси го на ветеринар. Мора да се направи снимка, една нативна, една контрасна. Не можеме да тти дијагностицираме на форум. Може да биде се, може да биде во било кој дел. Затоа, мој натопол совет, не чекај.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Абе деца :D може ли сега јас петпари муабет да ви кажам? Прво за turvior - не е проблемот толку до староста на кучето, туку до газдата е, прво што неправилно го храниш, второ што не го носиш на вет. наместо што џабееш пред компјутер. Кучето ти е пензионер,и како такво има послаба перисталтика на цревата плус што со начинот на кој се храни,често има шокови низ целиот дигестивен тракт, така да право чудо е што досега цревата и желудникот не му се врзале во кукулче. Со тоа коските на тоа старо куче најверојатно сте му направиле запек, и ако не го однесеш на вет набрзо, може да се искомплицира со ред комплицирани медицински заврзлами (мегаколон,руптури, хернии.....). Ако неможе кучето да се искака дома можеш да пробаш сам да му дадеш само малку ладно млеко од фрижидер или сладолед, за да му помогне да се искака, а друго ако не знаеш не пробувај сам. Затоа имаш ветеринари.
Не ми е намерата да те навредам, туку ти кажувам да бидеш малку поактивен ако веќе сакаш да му помогнеш на кучето и најбитно да викнеш или да отидеш на ветеринар, оти дијагноза прецизна на форум без преглед и видување може да ти даде само Баба Ванѓа. Најчесто луѓето не се свесни дека со тоа ,,ај ќе почекаме уште некој ден, па ако не му помине ќе го носиме на доктор,, си прават само додатни компликации и трошоци.
Второ, за darkobt - кучето во период на најинтензивен раст си го храниш практично со слама, не му требаат витамини туку му фали храна. Со миљор кане само за да ја одржи телесната маса треба да му даваш не 350 грама дневно поделена на три оброци, туку трипати дневно по 350 грама, оти таа нема голема хранлива вредност, и пази тоа е само одржување а каде е тука растот и развојот? Прво што треба да направиш е или да ја фрлиш таа храна или потроши ја што побрзо, давај му поголеми количини заедно со витамински додаток, оти и со витамини не е јака таа. После, или купи некоја од гореспомнативе појаки храни или друга опција - месо, леб и готвена храна (не вашата домашна).Не само што расте, ако е надвор, кога ќе се излади времето, најголем дел од енергијата од храната ќе ја троши да се стопли, така да мораш да го храниш на начин кој сите тие потреби ќе ги покрие или попросто - појака храна.
Еден совет ако не ви пречи, од долгогодишен кучкар - освен ако не користите екстра енергетски или посебни ветеринарни храни,никогаш не се водете по упатството напишано на вреќата за дозирање на храната, тоа е само генерално водило, не значи дека таа доза е буквално за секое куче. Мислете со своја глава и според ефектот што го гледате - ако слабее кучето со пропишаната доза, значи дека не му е доволна, ако се дебелее, значи треба да се намали. Особено кај храните со послаб квалитет - да, на вреќата можеби ќе пишива дека пропишаната доза треба де е пример 300 или 500 грама, ама реално, за да не губи на тежина на кучето би му требале можеби 700 или 900 грама дневно.
 
Aбе другарче што е до мене јас одма би го носел без око да ми трепни но не можам да се согласам со домашниве, старо е вакво е такво е, тука ми е проблемот. Не можам да го кандисам в кола да го качам.
Тој што ми е домашен ветеринар ми е братучед, но некни дојде да го боцни песов почна да лај, како да сака да го искини оти како мало го има швркнато два три пати и му го памти.

Еве последно си врзаа филм домашниве како то џигеро му отекнувал, му откажувале органите пошто лежи и има мачнина, но за некое чудо има апетит на пример. И филмов врзан така до пред час време, кога ја отворивме портата и ова надвор да го нема со трчање кај комшиите в трева се понуди но ништо, онака напина. Јас цело време им викам на запек, па му турив млеко наместо вода. Водата му ја истурив бидејќи начесто потпивнува, па вака сакало не сакало се надевам ќе пивни од млекото.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Види вака, ништо од тоа што го набројав и јас а и твоите не може да се исклучи се додека кучето не добие прописен преглед. Може не си во можност да го однесеш на ренген или крв да му испитаат, ама ако детално го прегледа искусен ветеринар, може ќе му постави дијагноза и без тоа,а колку повеќе чекаш проблемот ќе стане само покомплициран, а решението поскапо. Има и една друга работа, песот дома ти е силен, па ќе лае по сите, ама обично и најлошите кога ќе ги ставиш на маса во ординација на непознато место знаат да бидат мирни како бубалки. За лаење, `ржење има лек - ќе му ја врзеш муцката (вет ќе ти покаже како ако не знаеш) или ќе му ставиш маска, ќе го фатиш здраво (ако си во вет станица, таму веројатно ќе има и други да ти помогнат ако не можеш сам) и после нема каде да каса или да мрда, и нема што да го прашаш дали сака преглед или буцкање - има да седи мирен.
Па уште подобро штом братучедот ти е ветеринар, со него полесно ќе завршиш работа.
Јас вака врз база на тоа што велиш дека се напнува и неможе да излезе по голема нижда можам да ти дадам само претпоставка дека е запек ама слични симптоми на пример има и преплет на цревата, или можеби да има некоја од коските заглавено негде во тенките црева. Првото релативно лесно и евтино се решава, другите две со операција и кошта ѓаволипол.
бидејќи начесто потпивнува
друг пример од твое кажување - често пиење вода може да е знак на висока температура - можна инфекција, проблеми со бубрези, црн дроб... имаш тука премногу опции
Ама само со преглед може да се утврди што е точно.
 
L

Lu

Гостин
Видиш мајката,отиде во словенија и не се пофали ништо.Чекам пофалби,било тука на форум било на фб :D
Ти зарем сега дозна дека SaltNPepa e во Словенија ? Заборавив да ти кажам на изложбата :)

Имам златен ретривер кој е веќе 5 месеци, во последните неколку недели многу ослабе пробав со секакви витамини ништо не помага, иначе го хранам со milor cane
Друже, да ти дадам совет од моето долгогодишно кучкарско искуство, џабе ти се сите витамини на светов доколку го храниш кучето со ѓубре ... без навреда али Miglior Cane е тешко ѓубре ... една од најнеквалитетните храни на нашиот пазар, со пренизок процент на протеини (од растително потекло) и пренизок процент на масти, а за месо да не правам муабет, во таа храна нема месо туку месни преработки.

Така да наместо да фрлаш пари за витамини, ќе му купиш квалитетен дехидрат.
Така што наместо да купуваш ефтин неквалитетен дехидрат, а останатите пари да ги трошиш на витамини, ти ќе си купиш квалитетен дехидрат и нема да имаш потреба да даваш пари за дополнителни витамини бидејќи во квалитетниот дехидрат ги има сите потребни витамини и минерали, и кога ќе направиш математика иста цена ќе ти испадне квалитетниот дехидрат и неквалитетниот дехидрат + витамини.

Има тема (еве ти линк) - Храна за кучиња, прочитај го мојот прв воведен пост, имам убаво објаснето за квалитетот на дехидратите (тоа е кратенка за сува храна за кучиња) и имам објаснето што од домашната исхрана можеш да му подготвуваш на кучето.

Aj да прашам и тука да не знај некој.

Пред скоро месец дена кучево имаше проблеми,така цел ден лежеше, не сакаше да се придвижи да се помести, и кога ќе станеше само се напнуваше како да сака да изврши нужда. Назад на крзното како да имаше малку крв, па го прашав братучед ми што може да е проблемот. Ми рече дека веројатно е затровано, му кажав што му дадовме да јади (коски од пилешко стари 3-4 дена кои ги донесе баба ми) па рече дека од тоа му е , да му дадам аналгин и парацетамол. Тоа и сторив и за ден два кучево се накрена, му се заарни.

Еве денеска гледам како да има сличен проблем. Пасивно е, исто се напнува за нужда кога ќе стани, идентична состојба како пред месец. НЕ сака да јади ништо како да има гадење, ни млеко, ни месо дури. Да напоменам само сабајле му дадовме свинско месо со коски, јадеше тогаш.

Не можам ни апчиња да му дадам нурнани кроз кренвишла. Старо е има околу 10 години, но не сакам да верувам дека во староста лежи проблемот.
Колега, ги прочитав сите твои постови во врска со проблемот, па еве го цитирам твојот прв пост во кој што ја опиша ситуацијата со твоето куче.

Според опишаната ситуација, јас сум 90% сигурна дека сите проблеми се настанати поради катастрофално лошата исхрана ... а останатите 10% како причинители на проблемот може да бидат старосни проблеми и проблеми со здравјето, кои што секако треба да ги констатира искусен ветеринар.
А без навреда, но мислам дека твојот братучед не е добар ветеринар штом не те посоветувал да ја смениш исхраната на кучето, тоа се основни работи што треба секој ветеринар да ги знае.

Но, да се задржам на можните 90% што се причинители на проблемите на кучето - а тоа е исхраната.

Пилешки коски, Свински коски, Свинско месо / кожа ... ова се главните причинители на сите незгоди на твоето куче, ова се продукти кои што кучето НЕСМЕЕ да ги конзумира и се премногу штетни за неговото здравје.
Од коските добило запек, и затоа се мачи и се напнува кога врши голема нужда, а и неможе да се искака бидејќи има запек ... коските прават запек, а и немаат скоро никаква хранлива вредност, така да незнам со која цел даваш коски, кога ниту ќе го најадат, а ниту пак ќе му дадат некакви позитивни ефекти на кучето, туку напротив, од коски (пилешки и свински) може само да добие запек (и самиот во ова се увери) и може да настанат многу компликации кои што сега ќе ги набројам.

Пилешките коски кога кучето ги крши, тие не се дробат на ситни и заоблени парчиња (како на пример Телешката коска) туку Пилешките коски се дробат на премногу оштри парчиња кои што буквално можат да ги расечат цревата и желудникот и да доведат до внатрешно крварење и смрт.
Од пилешки коски умре кучето на мојата другарка, острите пилешки парчиња му ги расекоја буквално како жилет цревата на кучето, и умре.
Исто така во еден твој пост прочитав дека свежи пилешки коски можело кучето да јаде, а неколку дена стоени пилешки коски нетребало да јаде ... овој заклучок ти е погрешен, кучето несмее да јаде пилешки коски (поради горенаведените причини) безразлика дали биле свежи или стоени неколку дена.

Исто и свинските коски и свинското месо не се препорачливи за кучињата, коските затоа што немаат хранлива вредност, а месото затоа што е премногу мрсно, и може да се јават многу штетни последици од свинското месо, како паѓање на длаката, иритации на кожата, проблеми со срцето и слични несакани ефекти.

Вашите домашни манџи и остатоци од вашиот ручек се премногу штетни за кучињата, бидејќи содржат многу маснотии, зачини, и сол.

Верувај сум видела 10 години стари кучиња, полни со енергија и разиграни, најмногу благодарејќи на квалитетната исхрана во текот на нивниот живот.

Значи под итно исфрли ги од исхраната на кучето Пилешките коски, Свинските коски и Свинското месо / кожа, и вашите домашни манџи и остатоци од вашиот ручек ... и ефектите веднаш ќе ги воочиш, кучето ќе ти се препороди.

Во темата Храна за кучиња, имам многу убаво објаснето што можеш да му даваш на кучето од домашната исхрана и какви оброци да му спремаш, па зготви му некој оброк и ќе ги воочиш ефектите од квалитетната и правилна исхрана.
И општо прочитај ја темата Храна за кучиња, имаме многу добра дискусија развиено за корисните и штетни продукти кои што ги јадат кучињата, многу корисни информации содржи таа тема, така што ти препорачувам да ја прочиташ, многу корисни работи ќе научиш.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Има некој тука од поискусните имам проблем со маченцето .. ПОМОШ
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 01:24 ---
Апдејт- Заспа на креветот, незнам многу чудно..... се надевам дека е добар знак штом заспа... ваљда ногата му е повредена, пред недела дена предната нога му беше повредена па го носев на ветеринар, но ме чуди оти си беше дома без да криви од еднаш го симнав од креветот и почна да мјаука и да криви... ме уплаши ... сега нема да спијам ќе го пратам... се буди еве го се лиже моментално.... и пак спие....
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285

Што ти кажаа на ветеринар? Му ја снимаа ногата? Имаше скршиница, што?
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Што ти кажаа на ветеринар? Му ја снимаа ногата? Имаше скршиница, што?
Не дојде до ветеринар фала богу, прво станување сабајле отиде у лов на скакулци во двор :) , добар е малку подкривнува скоро па ич , изгледа истегнал мускул вчера , или некој грч го фатил и почна да плаче.. абе плачко :D ...
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Значи веќе трет ден има пролив, воглавно црна и темнозелена боја. Му се случувало да има таков, али еднаш и толку. Сеа веќе три дена само тоа, одбива да јаде, т.е. јаде многу малку, сува храна не сака ни да помириса.

Обично коа му се случувало така сум му давал кисело млеко (кое сеа го повраќа) и сум го пуштал да „пасе“ трева и му минувало.

Совет? Инаку релативно старо е, неполни 10 години има.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Значи веќе трет ден има пролив, воглавно црна и темнозелена боја. Му се случувало да има таков, али еднаш и толку. Сеа веќе три дена само тоа, одбива да јаде, т.е. јаде многу малку, сува храна не сака ни да помириса.

Обично коа му се случувало така сум му давал кисело млеко (кое сеа го повраќа) и сум го пуштал да „пасе“ трева и му минувало.

Совет? Инаку релативно старо е, неполни 10 години има.
Значи редно е да посетите ветеринар под итно, животинчето ти е дехидрирано!
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Значи редно е да посетите ветеринар под итно, животинчето ти е дехидрирано!
До утре нема шанси за ветеринар. :oops: Совет да му дадам нешто, течности или? Киселото млеко (т.е. попарата) од денеска уште не го повратило, вчера веднаш го повраќаше.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
До утре нема шанси за ветеринар. :oops: Совет да му дадам нешто, течности или? Киселото млеко (т.е. попарата) од денеска уште не го повратило, вчера веднаш го повраќаше.
И да му дадеш вода не знам колку ќе помогне. Не знам од форум што е проблемот, мора ветеринар да го погледне. Ако јаде јогурт и млеко давај му, само не знам колку тоа би го рехидрирало и дали ќе биде доволно. Потегли му ја кожата на вратот, ан горниот дел па напиши ми дали бргу се враќа во првобитна состојба. Ако можеш измери му температура.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
И да му дадеш вода не знам колку ќе помогне. Не знам од форум што е проблемот, мора ветеринар да го погледне. Ако јаде јогурт и млеко давај му, само не знам колку тоа би го рехидрирало и дали ќе биде доволно. Потегли му ја кожата на вратот, ан горниот дел па напиши ми дали бргу се враќа во првобитна состојба. Ако можеш измери му температура.
Па кожата му се враќа, не веднаш ама по 7-8 секунди се враќа. Јас првично мислев да не му е од дождот завчера, беше малку мокар. Плус одбива да спие у куќарката, мислев да не има нешто внатре да го каснало, ја отворив - исчистив, пак надвор се моткаше. Сеа го преместив на друго место.

Добро е, пак јадеше попара, речиси пола леб изеде уз млеко. Вода си пиеше исто, не редовна количина но сепак пиеше. Петнаесетина зрна храна исто ги сомеле брзо, не ми се даваше повеќе да не му дојде одеднаш, ќе му дадам после уште малку. Весел е сеа, опашката е пак нагоре и лаеше кон комшијата шо го мрази. :D

Разликата од вчера е што не поврати (да не го урочам сеа) но ќе видиме, проливот обично го мачи преку ноќ, ако има сабајле пак ќе го носам на ветеринар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom