Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994
Г

Господ

Гостин
Па не знам која им била целта на тие што го создале Zeitgeist ама едно е јасно. Луѓето кои ги плукаат другите дека се слепи самите себе не се гледаат и не ги преиспитуваат своите верувања. И јас сум за тоа, кон се да се има отворен и критички настроен ум, т.е да ги погледнеш двете страни на "проблемот" па критички да одлучиш која држи повеќе вода. Нешто што тие таканаречени truthers не го прават.
Тука се согласувам.Такви дигнати "абе ти нишо не знаеш глеј го зејтгејст" фаци не можам ни јас да поднесам.
 
Член од
21 март 2011
Мислења
9
Поени од реакции
0
V

Vollstandig

Гостин
Боговите се ранливи нешта: тие можат да бидат уништени со малку наука или доза на здрав разум:)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Боговите се ранливи нешта: тие можат да бидат уништени со малку наука или доза на здрав разум:)
тачно... само наука треба да можеш да ја разбереш, а дозата здрав разум треба да ја имаш, за почеток.

после е лесно... ;)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Боговите се ранливи нешта: тие можат да бидат уништени со малку наука или доза на здрав разум:)
Науката нема гајле, она и онака денес тврди едно, утре нешто сосема спротивно или друго.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Науката нема гајле, она и онака денес тврди едно, утре нешто сосема спротивно или друго.
Тоа не е точно. Некои луѓе немаат капацитет да ја разберат науката. Полесно им е да се занимаваат со прикаски за мали деца.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Тоа не е точно. Некои луѓе немаат капацитет да ја разберат науката. Полесно им е да се занимаваат со прикаски за мали деца.
Тоа е апсолутно точно. Науката во еден момент тврди нешто, во друг момент нешто сосема друго или спротивно. Зависи во кој момент ќе ја начекаш. Тоа е објективен факт.
Твоите согледувања за туѓиот капацитет за разбирање се субјективни.
 
Науката е во самите себеси. Ако се запрашаш длабоко во себе ,верувај ќе го пронајдиш секој одговор.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Тоа е апсолутно точно. Науката во еден момент тврди нешто, во друг момент нешто сосема друго или спротивно. Зависи во кој момент ќе ја начекаш. Тоа е објективен факт.
Твоите согледувања за туѓиот капацитет за разбирање се субјективни.
Тоа не е објективен факт. Пробај да го поткрепиш со пример. Те чекам.

Согледувањата се објективни и се базираат на обемни и темелни објективни истражувања. Побарај линк, ако смееш.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
тачно... само наука треба да можеш да ја разбереш, а дозата здрав разум треба да ја имаш, за почеток.

после е лесно... ;)
Бидејќи си убеден дека науката може се да објасни и докаже, би те замолил научно, емпириски (причина-последица и решение) да ми ја објасниш ЉУБОВТА.
Ако не си го гледал ти го препорачувам Eternal Sunshine of the Spotless Mind
Ако мислиш дека љубовта е неразума, дека само љуѓе со “испран“ мозок љубат, немора да се мачиш.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Согледувањата се објективни и се базираат на обемни и темелни објективни истражувања. Побарај линк, ако смееш.
Види што сум напишал:
Твоите согледувања за туѓиот капацитет за разбирање се субјективни.
Значи, твоите согледувања за туѓиот капацитет за разбирање се субјективни и не се базираат на "обемни и темелни објективни истражувања". Имено, никакви "обемни и темелни објективни истражувања" не си спровел за капацитетот на било кој што пишува на форумов. Многу причини има за тоа. На пример, немаш доволно информации за членовите за чиј капацитет се однесува тоа што го тврдиш.

Доста цепидлачење, сега за ова:
Науката во еден момент тврди нешто, во друг момент нешто сосема друго или спротивно. Зависи во кој момент ќе ја начекаш. Тоа е објективен факт.
Тоа не е објективен факт. Пробај да го поткрепиш со пример. Те чекам.
"Науката во еден момент тврди нешто, во друг момент нешто сосема друго или спротивно."
Не навлегувам во причините за тоа. Само го констатирам како факт.

Можам ли во научните кругови да излезам со тврдење дека денес сеуште живеат бронтосаурусите, што значи дека тврдењето на науката дека се изумрени, е неточно?
- Можам секако, ама ќе бидам исмеан и сигурно нема да бидам сфатен сериозно, во тие научни кругови.
Но ако утре им донесам жив бронтосаурус, одеднаш, поради непобитниот факт за физичко присуство, науката ќе почне да тврди дека бронтосаурусот постои.
Значи, непобитен е фактот дека науката во еден момент тврди едно нешто, а во друг момент друго. Пак, ќе повторам, не ме интересираат причините што таа ги има за таква промена. Останува фактот дека неправедно сум бил исмеан од науката која преценето себе си се поставува како апсолут во даден момент, кој си се менува по потреба, во друг момент,(не е апсолут).
Науката тврдела нешто што не било вистина во тој момент - бронтосаурусот постоел (кои и да биле причините за тоа. Науката не вади работи од ракав, туку што и да тврди, самата вели дека е проверено со научни методи)

И еве други, слични и не толку слични примери примери:
Во 1924 година ако тврдев дека постои целекант ќе ме исмееја,затоа што науката вели дека тие се изумрени или штотијазнам се претвориле у нешто друго (како што милуваат да кажат - еволуирале). Денес науката го тврди обратното.
Во 1952 ако тврдев дека постои окапи ќе го добиев истиот третман, денес друг е ставот на науката, сосема спротивен од ставот на истата во 1952.

Науката тврди дека своите ставови не ги вади од ракав, туку тие се резултат на "обемни и темелни објективни истражувања", експерименти и секакви многу точни и прецизни активности и грубо кажано: ваљда заради тоа треба да ја прифатиме нејзината вистина како единствено исправна (што и многумина го прават).

Но одеднаш, гледаме дека во различни моменти нејзините тврдења не само што се различни туку се и спротивни. Да, тие тврдења кои се резултат на јадара, јадара...

Ако тврдев пред 30 години дека плутон не е планета, ќе ми се смееја, затоа што ставот на науката, произнесен врз база на бла, бла..., се коси со моето тврдење.
Денес, науката тврди дека Плутон не е планета.

Лекарите препорачуваа ('80-ти и порано) за време на сипаници да не се бањаат болните. Потоа, еден период ('90 - '00) дека нема врска и дека треба да се бањаат. Денес, пак дека не треба....

Ако дојдев во 60-ти и на градителите на Скопје им реков дека не е арно да се праат цевки за водовод со азбест, ваљда ќе ми речеа дека они тоа не го праат од ѓутуре, туку дека преку научно-технолошки процеси е дојдено до тоа решение. Сега што ќе речат за тоа?

Не ја хејтам науката (поточно, тоа што јавноста го подразбира како наука). Супер си е науката.
Само е преценета и не е воопшто толку сигурен стап за потпирање, како што самата си се претставува и како што сакаат многумина да ја гледаат.

мислам дека веќе го имам пишувано ова
 
Kajgana Shop

На врв Bottom