Ајде некој кој бил неодамна во Венеција, нека сподели совети. Како се движат цените на храна во Местре и Венеција? Зборам за оние места кои не се лоцирани на претерано туристичките предели. Имам слушнато дека може да се најдат доста местенца кои нудат оброк за 10е (доста често со се пијалок), вистина ли е? Колку чини јавниот превоз? Колку чини бродот до другите островчиња, на пример до Мурино? Што е според вас must-see во Венеција и Местре?
Дали може од аеродромот Тривизо да се купи повратна автобуска карта? Колку чини во еден правец, а колку повратна? Дали смеам кога ќе доаѓам во Местре од Тривизо, да се симнам на онаа станица таму, а потоа кога ќе се враќам кон Тривизо, да се качам на станицата во Венеција? Или морам да купам различни карти?
Дали има некој идено во Верона од Венеција/Местре? Доколку да, колку чини повратна карта? Од каде се поаѓа за Верона, од Венеција или од Местре?