Венеција

M

macgowan

Гостин
Затоа служат наводниците во реченицата....И фино би било да отидеш неколку поста погоре,може ке ја доловиш смислата на муабетот ;)
Фино доловено е од порано :) ..сакав да кажам дека секаде има локален `мастраф` за одредени работи, кои не можеш да ги дознаеш ако не се мешаш или немаш инфо од локалците.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Камбанеријата пред базиликата Свети Марко (италијански: Campanile di San Marco) е еден од најголемите симболи на градотВенеција, Италија. Тој се наоѓа на истоимениот плоштад до истоимената катедрала.
Објектот е висок 98,6 метри, и од овој тип е еден од најголемите во земјата. Квадратниот му облик има ширина од 12 метри и висина од 50 метри, а над квадратната форма од објектот се наоѓа камбаната. Кровот на кулата е во форма на пирамида, а на врвот од кулата се наоѓа златна статуа на архангел Гаврил.
Изградбата на објектот започнала уште од 9 век, во времето на дуждот Пјетро Трибун, на темелите на некоја поранешна римска градба. Камбанеријата била направена во 12 век, во времето на дуждот Доменико Моросини, а како главен пример за неговата изградба била земена камбанеријата во Аквилеја. Во текот на 14 век, објектот повторно бил реновиран.
Камбанеријата во 1489 година била погодена од страна на гром. Во 1511 година истото се случило од земјотрес. По овие настани, архитектот Џорџо Спавенто започнал со санација на кулата од нејзиниот темел. Во проектот биле вклучени и архитектите од Бергамо, Џовани и Бартоломео Бон. Денешниот изглед камбанеријата го добила во тоа време. Целосно работата била завршена на 6 јули 1513година, кога свечено била поставена статуата на архангел Гаврил.
Во текот на својата историја, кулата постојано била реновирана, главно поради удари од грмови. Во 1609 година, Галилео Галилејкамбанеријата му послужила за демонстранција на неговиот телескоп. Во 1653 година поредната обнова му била доделена на архитектотБалдасаре Лонгена. Во 1745 година повторно од гром била направена голема штета, а загинале и неколку луѓе од одроните. Конечно, во 1776 година бил поставен громобран. Во 1820 година, статуата на врвот била заменета со нов.
На 14 јули 1902 година, камбанеријата се срушила до темел. При нејзиното срушување, никој не настрадал, освен една мачка која живеела во неа. Поради позицијата на која се наоѓа, штетите од ова биле мали. Истата вечер градот одобрил повеќе од 500.000 лири за обнова на објектот. Било одлучено да се изгради онаков каков што бил претходно, со некои измени во самата конструкција. Работата траела до 6 март 1912 година, кога новата камбанерија официјално била пуштена на 25 април 1912 година, по повод празникот на Свети Марко, точно 1000 години откако била изградена првата црква Свети Марко.

390px-Venice02.jpg
--- надополнето: 8 април 2012 во 13:19 ---
Плоштадот Свети Марко (италијански: Piazza San Marco) е главниот плоштад во Венеција, Италија.
Една забелешка, која најчесто му се припишува на Наполеон (но, најверојатно, поточно е дека тоа го кажал Алферд де Мусе) вели дека плоштадот е „Сликарското ателје на Европа“. Плоштадот е едно од ретките урбани простори во Европа, каде човековите гласови го совладуваат звукот на моторизираното движение, што се должи на Венецијанските канали. Тоа е единственото место во Венеција кое се нарекува пјаца. Останатите, во зависност од големината, се нарекуваат кампи.
Како најзначајна забележителност и главно собиралиште во Венеција, Плоштадот Свети Марко е екстремно популарен меѓу туристите,фотографите и венецијанските гулаби. Плоштадот потекнува од 9 век, кога претставувал само мала област пред оригиналната Базилика Свети Марко. Проширен е во 1177 год., кога ја добил неговата сегашна големина и форма и кога биле поставени Рио Батарио, кој го ограничил од запад, и пристаништето, кое ја изолирало Дуждовата палата од плоштадот. Реорганизацијата била направена во чест на средбата меѓу папата Александар III и владетелот Фридрих Барбароса.
Плоштадот отсекогаш бил гледан како центар на Венеција. Тој бил локацијата на сите значајни канцеларии на Венецијанската држава и бил седиште на Архиепископјата од 19 век наваму. Плоштадот, исто така, бил центар и на многу Венецијански фестивали. И денес плоштадот е многу популарно место.

st-marks-square-venice-vnpsm.jpg
 
Член од
13 април 2009
Мислења
5
Поени од реакции
1
Искрено Венеција е прекрасна ...све зависи од тоа како се погодило времето додека сте престојувале таму,јас бев околу 20ти Јули 2011 и покрај тоа што времето беше убаво се погоди и Sting да прави концерт на 29ти Јули па си пројдов повеќе од убаво ! :)..
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Искрено Венеција е прекрасна ...све зависи од тоа како се погодило времето додека сте престојувале таму,јас бев околу 20ти Јули 2011 и покрај тоа што времето беше убаво се погоди и Sting да прави концерт на 29ти Јули па си пројдов повеќе од убаво ! :)..
Немам појдено во лето таму па ме интересира дали има непријатна миризба? Скоро сите релевантни туристички водичи пишуваат да се избегнува Венеција преку лето од причина што испарувањата од каналите се големи и градот смрди.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Лидо ди Јесоло што е? Населба некоја или гратче во близина на Венеција? :)
 
M

macgowan

Гостин
Немам појдено во лето таму па ме интересира дали има непријатна миризба? Скоро сите релевантни туристички водичи пишуваат да се избегнува Венеција преку лето од причина што испарувањата од каналите се големи и градот смрди.
Бев неколку дена минатиот јули...мириса како во секој поголем град каде врие од туристи, во Рим не мириса поарно на пример. Ама влагата беше голема.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Лидо ди Јесоло што е? Населба некоја или гратче во близина на Венеција? :)
Штета, спиев во Лидо ди Језоло но немам слики. Само на ноќевање бев за велигден таму и продужив за Венеција, Фиренца и Рим....
 
Член од
10 септември 2011
Мислења
133
Поени од реакции
73
Убаво мало за 3-4 дена можеш скоро се да провериш.
Еве јас си купив карта од оваа фирма за 3 дена возење од која има и од аеродромот ем поефтино ем гратис имаше возење до мурано, бурано и уште еден остров како тура , и за во некој музеј.
http://www.alilaguna.it/en
околу 45е ако ја купиш од инт.
За возењето со годнола битно е да го погодиш временскиот период и можеш и за 80е да добиеш возење, навечер цената иде од 120е па нагоре. и можеш да се договориш за колку време сакаш мислам 30мин е најмалку што возат.
Туристи преполно. И времето е битно да ти се погоди нормално.



еве една сликичка од мене


Убав помин кој и да иде :)
 
Член од
13 април 2009
Мислења
5
Поени од реакции
1
Немам појдено во лето таму па ме интересира дали има непријатна миризба? Скоро сите релевантни туристички водичи пишуваат да се избегнува Венеција преку лето од причина што испарувањата од каналите се големи и градот смрди.
Што знам ...Мене не ми мирсаше многу многу ..можеби имаше некоја ублажена смрдеа но не до тој степен :).Имаше само мал проблем тоа што навечер од шахтите до катедралата на Сан Марко извираше вода, па се поплавуваше многу мал дел од плоштадот..Друга забелешка за Венеција немам :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Не мириса бе до толку Венеција, што ја направивте... :) Можда и до носов па мој да е. Не, вистина, јас не осетив никаква миризба.
Иначе како град, не ме импресионира ништо посебно, за разлика од други европски градови... Убава е Венеција, вреди да се посети, ама не би се вратил уште еднаш, барем не во скоро време.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Не мириса бе до толку Венеција, што ја направивте... :) Можда и до носов па мој да е. Не, вистина, јас не осетив никаква миризба.
Иначе како град, не ме импресионира ништо посебно, за разлика од други европски градови... Убава е Венеција, вреди да се посети, ама не би се вратил уште еднаш, барем не во скоро време.
Да не ти бил затнат носот кога си бил во Венеција?
-Најверојатно ќе да е тоа штом не ти смрдело.
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
Немаше апсолутно никаква непријатна миризба. :P Не знам шо толку сте се фанале за тоа дека смрдело у Венеција. :D
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Немам појдено во лето таму па ме интересира дали има непријатна миризба? Скоро сите релевантни туристички водичи пишуваат да се избегнува Венеција преку лето од причина што испарувањата од каналите се големи и градот смрди.
Јас бев во пролет и кога шетав низ Венеција не осетив некоја миризба, но кога се возев на гондола е тоа беше :sick: ептен смрдеше и не се извозев со мерак
 

Kajgana Shop

На врв Bottom