Веганизам/Вегетаријанизам

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.748
Веган не значи само посно. Веган е поќе од само посно, каква пластика се користи или идеално не користење на пластика, производи кои не се тестирани на животни и производи за кои не страдаат животни. Не носење на производи и конзумирање во кои е повредено животно ( вклучително облека). Тоа да е посно се подразбира ама не е се шо се бара за веганизам. Така да ако водата од погоре е веганска, то збора за како е произведена и шо материјали користи во паковањето.

Инаку јас неодамна открив Сејтан. Ми се допаѓа дека нема јак вкус и можам да го прам како сакам. Следен пат сама ќе го спремам дома. Има некој шо има користено и како приготвен ви е најдобар? Ова за да си проширам начини на подготовка.
Прегледај го приврзокот 267960
Маринирај го во маслиново, лук и балсамиран оцет и на грил тава или како стр фрај со зеленчук и ориз, пробај и hemp исто протеин со потекло од соја, одлично со чили или кимчи.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Кај има најбоље веге бургери у градов?
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Вечерва ископав страната има ненормално добри рецепти. Денојве дефинитивно ќе напрам нешто од тука.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Ау има видеа и со Earthling Ed :oops:

Ако пред Ед мешав нозе во вегетаријанизам, после него мешам во целосна plant based исхрана и веганизам.

-----

Јас само копам канали со рецепти:
Ме релаксира да ги гледам пред спиење и нормално не ги памтам од едно гледање, ама следен ден станвам мотивирана и некои ситници памтам шо ми прат јадењата повкусни. :giggle:
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
IMG_20201220_165242_369.jpg
За пријава: https://veganuary.com/

Како предизвик е да "пробаш" веган во текот на Јануари. Дел се враќаат на стара исхрана, дел остануваат на истото ама идејата е поддршка во Јануари, како глобален настан. По мејл добив со пријавата три книги: две со рецепти една со нутриционистички насоки. Исто така добив линк до фејсбук група за поддршка. Ептен се фини. И имаш пријава, на мејл од 1ви Јануари ќе ми стигале идеи за рецепти/ рецепти/ насоки. Дневно.

Еве некој ако сака да макни вода во веганизам - нема подобро време. :love:
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Прегледај го приврзокот 278015
За пријава: https://veganuary.com/

Како предизвик е да "пробаш" веган во текот на Јануари. Дел се враќаат на стара исхрана, дел остануваат на истото ама идејата е поддршка во Јануари, како глобален настан. По мејл добив со пријавата три книги: две со рецепти една со нутриционистички насоки. Исто така добив линк до фејсбук група за поддршка. Ептен се фини. И имаш пријава, на мејл од 1ви Јануари ќе ми стигале идеи за рецепти/ рецепти/ насоки. Дневно.

Еве некој ако сака да макни вода во веганизам - нема подобро време. :love:
Тоа што е подвлечено, е тешка глупост.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Тоа што е подвлечено, е тешка глупост.
Глупост или не, добар почеток е ваков глобален настан за некој да брцни води во веганизам. Од Гардијан статија се вадени сликите, ако си заинтересиран за цело да го читаш.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Глупост или не, добар почеток е ваков глобален настан за некој да брцни води во веганизам. Од Гардијан статија се вадени сликите, ако си заинтересиран за цело да го читаш.
Слушај ги подобро видеата кои ги гледаш, некои работи не си разбрала.

 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Слушај ги подобро видеата кои ги гледаш, некои работи не си разбрала.

Гледај, јас сум скроз се веган секогаш веган од поќе од една причина. АМА, то не е атрактивно за многу омнивори и се оттргани од веганизам како идеја. И зато, не мора да бидат вегани одма. Процес е во кој треба да се најдат, шо со видеа, шо со материјали кои ќе ги читаат. Голем дел од тие кои се учесници во Veganuary веќе прат plant based промени во својата исхрана и секој ден го гледам то ( од поголеми промени како цел plant based оброк до помали промени што замениле мелко од крава со млеко од овес во кафето). И голем дел, ако не останат вегани, ЗАЕДНО значително ќе напрат голема промена. А, голем дел сепак ќе останат вегани и то е промена сама по себе. В година, нова тура на луѓе. Тие кои не успеале 2021 да бидат вегани ќе пробат пак 2022 Јануари. Овој пат ќе останат. Процес е. Процес шо е сулудно да се форсира и брза. Пошто јас знам точно мене колку време ми требаше да се соберам и освен месо да кратам и други работи од исхраната. Така да, самата иницијатива за промена е доволна и треба да се поддржи за евентуално да има потрајна промена.

Исто гледам и на проблемите со околината. Апсолутно поголемите фабрики се поголемиот проблем ама пред се луѓето зошто и зад фабрика седи чоек. Зад сечење дрва, седи чоек. И промените шо ги прајме во домаќинството индивидуални сами по себе можеби не прават промена, ама во секое домаќинство по една мала промена да има, по еколошка, иди до мозаик од промени. Исто и со настанот. На многу овај настан му е само тој последен поттик шо им треба да пречекорат кон „другата“ страна.

Така да не, апсолутно не мора одма сите да станат вегани. Треба само да се насочат кон веганизам и да учат за веганизам и само природно ќе им дојди полека- полека да чекорат кон тој пат. Зошто ако се форсира наеднаш станва неатрактивно. Ова во очи на сештојад, секако. И искрено, јас ја гледам иднината како cruelty free. Можи е навино, најверојатно, ама се поќе луѓе гледам дури и кај нас шо одат по овај пат. Па чим стигна до кај нас, имам надеж. Ова се напишано е од аспект на чекор- по- чекор веганство. А, за фармерите, најнајискрено ... не ми е гајле. Зошто јас таму иднината не ја гледам ( дали ќе опстојат или не).

Дали ќе привлечи луѓе кон веганизам ако месото е поскапо? Да. Особено ако mock meats се макар за нијанса поевтини. Во исто време многу луѓе ќе бидат под лажна закрила дека влијаат позитвно на фармерска индустрија. Исто така ќе се побива тоа дека веганската храна е скапа ( а уствари само преработените производи како mock meats и растителни млека се поскапи, другото да бидиме реални ... не е). Исто така ако веганството станува норма во иднина и се намалва побарувачка на месо, посекако ќе стани месото поскапо. Колку и да сакаме нема да исчезни преку ноќ.

Дали ќе привлечи луѓе кон веганизам ако „смеат“ да јадат месо? Да. Игра на зборој. Ќе се осеќат како да имат избор ако не се осудвани за своите избори и од таму ќе бидат многу поотворени и кон алтернативна исхрана. Ова ми се докажало како точно irl каде уз муабет луѓе намалиле конзумација на животински производи на нивни моментален минимум и прат вегански замени куц туц се почесто чисто ради тој non-judgmental пристап.

И така просечен чоек кој ќе ја прочита статијата во Гардијан, ова ќе го помисли и ќе речи „еј јас нема да наштетам на фармерите ама нема да јадам животни Јануари“ и ќе проба Veganuary. Ама вервај, во групата после се споделва то шо јас на мајтап го викам „веган пропаганда“ и сите заедно учиме и се надоградваме. Исто така има и вегани од претходно, шо не пробват за прв пат, за асистенција, така да ако си заинтересиран - придружи се.

Така да видеа шо гледам и материјали шо читам ги сфаќам во целост. Ама исто така сфаќам како мисли просечен чоек и како можиш да го натераш да ја види и твојата точка, особено ако твојата точка е толку општествено неатрактивна гоооодини наназад и сега ја перцепираат како тренд, а не како нешто доволно добро за да преживејш - и тоа како мора пристапот да не е насилен туку добро калкулиран.

-------------------------------

Само најмалата книга можев да ја прикачам тука така да можи ќе се најди на некој. Штета другите две не можи да се прикачат.
 

Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom