Веганизам/Вегетаријанизам

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Штета другите две не можи да се прикачат.
Штета, навистина.
Ех, зошто на пример не му текнало на некој да измисли други хостови освен формускиов, за да може да се прикачат поголеми фајлови...
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Штета, навистина.
Ех, зошто на пример не му текнало на некој да измисли други хостови освен формускиов, за да може да се прикачат поголеми фајлови...
Пријави се ќе ги добиеш. Знам дека си заинтересиран. xD
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Гледај, јас сум скроз се веган секогаш веган од поќе од една причина. АМА, то не е атрактивно за многу омнивори и се оттргани од веганизам како идеја. И зато, не мора да бидат вегани одма. Процес е во кој треба да се најдат, шо со видеа, шо со материјали кои ќе ги читаат. Голем дел од тие кои се учесници во Veganuary веќе прат plant based промени во својата исхрана и секој ден го гледам то ( од поголеми промени како цел plant based оброк до помали промени што замениле мелко од крава со млеко од овес во кафето). И голем дел, ако не останат вегани, ЗАЕДНО значително ќе напрат голема промена. А, голем дел сепак ќе останат вегани и то е промена сама по себе. В година, нова тура на луѓе. Тие кои не успеале 2021 да бидат вегани ќе пробат пак 2022 Јануари. Овој пат ќе останат. Процес е. Процес шо е сулудно да се форсира и брза. Пошто јас знам точно мене колку време ми требаше да се соберам и освен месо да кратам и други работи од исхраната. Така да, самата иницијатива за промена е доволна и треба да се поддржи за евентуално да има потрајна промена.

Исто гледам и на проблемите со околината. Апсолутно поголемите фабрики се поголемиот проблем ама пред се луѓето зошто и зад фабрика седи чоек. Зад сечење дрва, седи чоек. И промените шо ги прајме во домаќинството индивидуални сами по себе можеби не прават промена, ама во секое домаќинство по една мала промена да има, по еколошка, иди до мозаик од промени. Исто и со настанот. На многу овај настан му е само тој последен поттик шо им треба да пречекорат кон „другата“ страна.

Така да не, апсолутно не мора одма сите да станат вегани. Треба само да се насочат кон веганизам и да учат за веганизам и само природно ќе им дојди полека- полека да чекорат кон тој пат. Зошто ако се форсира наеднаш станва неатрактивно. Ова во очи на сештојад, секако. И искрено, јас ја гледам иднината како cruelty free. Можи е навино, најверојатно, ама се поќе луѓе гледам дури и кај нас шо одат по овај пат. Па чим стигна до кај нас, имам надеж. Ова се напишано е од аспект на чекор- по- чекор веганство. А, за фармерите, најнајискрено ... не ми е гајле. Зошто јас таму иднината не ја гледам ( дали ќе опстојат или не).

Дали ќе привлечи луѓе кон веганизам ако месото е поскапо? Да. Особено ако mock meats се макар за нијанса поевтини. Во исто време многу луѓе ќе бидат под лажна закрила дека влијаат позитвно на фармерска индустрија. Исто така ќе се побива тоа дека веганската храна е скапа ( а уствари само преработените производи како mock meats и растителни млека се поскапи, другото да бидиме реални ... не е). Исто така ако веганството станува норма во иднина и се намалва побарувачка на месо, посекако ќе стани месото поскапо. Колку и да сакаме нема да исчезни преку ноќ.

Дали ќе привлечи луѓе кон веганизам ако „смеат“ да јадат месо? Да. Игра на зборој. Ќе се осеќат како да имат избор ако не се осудвани за своите избори и од таму ќе бидат многу поотворени и кон алтернативна исхрана. Ова ми се докажало како точно irl каде уз муабет луѓе намалиле конзумација на животински производи на нивни моментален минимум и прат вегански замени куц туц се почесто чисто ради тој non-judgmental пристап.

И така просечен чоек кој ќе ја прочита статијата во Гардијан, ова ќе го помисли и ќе речи „еј јас нема да наштетам на фармерите ама нема да јадам животни Јануари“ и ќе проба Veganuary. Ама вервај, во групата после се споделва то шо јас на мајтап го викам „веган пропаганда“ и сите заедно учиме и се надоградваме. Исто така има и вегани од претходно, шо не пробват за прв пат, за асистенција, така да ако си заинтересиран - придружи се.

Така да видеа шо гледам и материјали шо читам ги сфаќам во целост. Ама исто така сфаќам како мисли просечен чоек и како можиш да го натераш да ја види и твојата точка, особено ако твојата точка е толку општествено неатрактивна гоооодини наназад и сега ја перцепираат како тренд, а не како нешто доволно добро за да преживејш - и тоа како мора пристапот да не е насилен туку добро калкулиран.

-------------------------------

Само најмалата книга можев да ја прикачам тука така да можи ќе се најди на некој. Штета другите две не можи да се прикачат.
Сигурно не стануваат вегани ради жал за фармерите ;)

Ај месото ќе го забраниме, што мислиш дека треба да се направи со тестените?
Гледам многу луѓе имаат многу против месото и форсираат "здрав живот", а од друга страна повеќе од пола исхрана им се базира на: тестенини, пецива и сл.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Сигурно не стануваат вегани ради жал за фармерите ;)

Ај месото ќе го забраниме, што мислиш дека треба да се направи со тестените?
Гледам многу луѓе имаат многу против месото и форсираат "здрав живот", а од друга страна повеќе од пола исхрана им се базира на: тестенини, пецива и сл.
Дали некој ќе води здрав живот, како веган ( па и не како веган), или не - е индивидуално. Не сфаќам која ти е поентата. Веганизмот е подлабоко од plant based диета и причината зад него е обично од етички и морален аспект.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Дали некој ќе води здрав живот, како веган ( па и не како веган), или не - е индивидуално. Не сфаќам која ти е поентата. Веганизмот е подлабоко од plant based диета и причината зад него е обично од етички и морален аспект.
Една од примарните причини зошто стануваат вегани и вегетаријанци е конзумирање на поздрава исхрана,останатите се од морален/етички и за заштита на природата.

Тестенините ни одблизу не се квалитетна храна, затоа пробувам да ти ја доловам глупоста што ја прават голем дел од веганите и вегетаријанците, од една "штетна" храна се префрлаат на втора уште побетер.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Една од примарните причини зошто стануваат вегани и вегетаријанци е конзумирање на поздрава исхрана
И ако некој мисли дека, ете, тестенини се здрави ... Таму нека му е. Особено ако причината му е намалвање на месо па макар и да јади месо пак голем % луѓе јадат тестенини. И ова го велам зошто ако гледаш генерално многу и омнивори не се хранат здраво и никој не го клава под знак ? то само оти се дел од нормата. И така треба да е. Туѓа диета не е ничиј интерес. Зошто ова шо го збораш сега ти е само некаква божемска одбрана на месо. Никој нема проблем ти да јадиш. Нема потреба од емотивен пристап. :)))

Ама веганизам, стојам зад то дека е од морален и етички аспект зошто веганизмот не е само диетата која ја држиш. Туку прајш и промени во секојдневен живот и менваш од пластика кон намалвање на користење на пластика до целосно отфрлање, од работи за една употреба кон стрикно работи кои можи да се користат наново и наново користиш и слично. Исто и она adopt don't shop, и не поддршка на било каков animal breeding, не застанва во поддршка на насилство, зоолошки и листата оди и оди и оди. Целта е да се намали колку шо можи експлоатацијата и насилството врз сите живи суштества и вклучително се залага за заштита на природната средина. Од таму веганизмот е целосно од морален и етички аспект.

И вегетаријанизмот и веганизмот можат да бидат целосно здрави ама дали ќе бидат, пак, зависи од индивидуата. Ни омниворите не се хранат здраво, гротото, нема смисла да се очекува истото од вегетките само зошто нели, се делат од нормата. То е веќе личен избор. И ако некој вели дека е поздрав со тестенини - најди таков и зборај со него пошто јас не можам да ти кажам шо мисли јер јас јадам високо протеинска вегетка диета. :')
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Дали некој ќе води здрав живот, како веган ( па и не како веган), или не - е индивидуално.
Whaaaaaaat, сакаш да кажеш дека постои такво нешто како водење здрав живот а да не си веган?
Невозможно.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
И ако некој мисли дека, ете, тестенини се здрави ... Таму нека му е. Особено ако причината му е намалвање на месо па макар и да јади месо пак голем % луѓе јадат тестенини. И ова го велам зошто ако гледаш генерално многу и омнивори не се хранат здраво и никој не го клава под знак ? то само оти се дел од нормата. И така треба да е. Туѓа диета не е ничиј интерес. Зошто ова шо го збораш сега ти е само некаква божемска одбрана на месо. Никој нема проблем ти да јадиш. Нема потреба од емотивен пристап. :)))
Абе бетер сте станати од припадниците на религииве, демек не ме интересира туѓата диета ама не пак не јади ти месо.

Ама веганизам, стојам зад то дека е од морален и етички аспект зошто веганизмот не е само диетата која ја држиш. Туку прајш и промени во секојдневен живот и менваш од пластика кон намалвање на користење на пластика до целосно отфрлање, од работи за една употреба кон стрикно работи кои можи да се користат наново и наново користиш и слично. Исто и она adopt don't shop, и не поддршка на било каков animal breeding, не застанва во поддршка на насилство, зоолошки и листата оди и оди и оди. Целта е да се намали колку шо можи експлоатацијата и насилството врз сите живи суштества и вклучи
телно се залага за заштита на природната средина
.
Од таму веганизмот е целосно од морален и етички аспект.
Не би рекол дека се замaраат со ова, ако е така тогаш треба во маркетиве да одите со торби, а не да земате пластична кеса (хартиена е бетер уништување на природата така да само торба од коноп).

Домашните животни во најголем дел имаат примарна намена да даваат храна за нас, ако не се користат за тоа веројатно ќе бидат во изумирање. Погледај наоколу што се случува со магариња, коњите, маските (мулиња)...додека биле потребни за превоз и берење на дрва ги имало на секој чекор, сега и во селата каде што сум шетал се бројат на прсти, едноставно може да ги чува само некој мераклија.

И вегетаријанизмот и веганизмот можат да бидат целосно здрави ама дали ќе бидат, пак, зависи од индивидуата. Ни омниворите не се хранат здраво, гротото, нема смисла да се очекува истото од вегетките само зошто нели, се делат од нормата. То е веќе личен избор. И ако некој вели дека е поздрав со тестенини - најди таков и зборај со него пошто јас не можам да ти кажам шо мисли јер јас јадам високо протеинска вегетка диета. :')
Во темата што готвите во моментот гледам саде протеини готвиш :D

Поентата ми е дека како што има хардкор пристап против месото, треба да има и против другата храна (благо, тестенини, шеќер, масло) ако веќе одиме кон поздрав начин на живот. На себе имам приметено дека со 1 тањир шпагети/макарони се чувствувам полошо споредено со изедено 300-400 грама месо. Од тестенините се подувам во стомакот како тапан и ми е тешко со саати.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Не би рекол дека се замaраат со ова, ако е така тогаш треба во маркетиве да одите со торби, а не да земате пластична кеса (хартиена е бетер уништување на природата така да само торба од коноп).
Пак ќе ти речам, мешаш plant based со веган. Првото е посна диета минус другите работи шо набројав. Веган е цел пакет, не само диетата. Од таму, мотивацијата за второто е од етички и морален аспект. Мотивацијата за првото можи да е различна. Првото ги нема тие интереси, вторите ги имаат.

Поентата ми е дека како што има хардкор пристап против месото, треба да има и против другата храна (благо, тестенини, шеќер, масло) ако веќе одиме кон поздрав начин на живот.
Пак ќе ти речам, ова треба да го збораш со некој кој примарна причина за одење кон вегетка ( и да прецизира која диета точно) му е здрав начин на исхрана зошто има диференцијации. Мене не ми е то примарна причина и од таму не можам да ти одговорам "зошто" некој така прај. Јас зборав за веганизам зошто мојата мотивација лежи таму. Со се торбите во маркети и други "ситници". :ROFLMAO: Ако некој само исхрана смена, а не други аспекти од животот - се работи за plant based исхрана. Со тие промени од погоре - преминва во веганизам.

За тестенини не можам да зборам зошто ми се "чит" мијл зошто имам гастрит и не смеам да ги јадам. Али ги јадам потурени со сос од леќа и грав кога ептен имам craving. Њам.

И друго, иако јас сметам дека не треба да се повреди живо суштество за исхрана или било шо друго и за мене е та идеална иднина, не значи дека јас можам да те оспорам тебе или кој било друг во сопствената исхрана.

Би пишала и збор два за изумирањето ама моментално сум на кратка пауза - не можам. Друг пат.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Јас лично мислам дека веднаш би можела да станам вегетеријанец, од проста причина што никогаш не сум била фан на месо. Ми го буткале ко мала во јадење моите, сега ме форсираат по дома, али миризбата, вкусот, не знам, не сум воопшто фан. Јадам само пилешко исклучиво, и тоа можеби макс 200 грама неделно.
Од друга страна, ова плент бејзд или веган, не е за мене. Не сум нашла млечен производ што не ми бил вкусен. :/ Настрана што не сум ептен по етиката и моралот, туку гледам да ми е вкусно и да ми одговара мене, знам, себична сум ко особа. Вежбам јога ете, али ипак си купувам пластични ќеси во Тинекс. :toe:

Од пред некој месец сменив исхрана донекаде, чисто ради здравје, не сум имала проблем со тежина во живот. Јадев она што ми е убаво, количински не јадам многу, па никогаш не сум се замарала што јадам. Сега гледам да јадам она што гледам дека ми одговара, ги потскратив благото, тестенините, пржениците и мојата непрежалена љубов, кашкавалот. Кожата никогаш не ми изгледала подобро. И планирам да се движам во таа насока, некој има проблем со месото, некој пак проблем со тестата и шеќерот и така.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Пак ќе ти речам, мешаш plant based со веган. Првото е посна диета минус другите работи шо набројав. Веган е цел пакет, не само диетата. Од таму, мотивацијата за второто е од етички и морален аспект. Мотивацијата за првото можи да е различна. Првото ги нема тие интереси, вторите ги имаат.


Пак ќе ти речам, ова треба да го збораш со некој кој примарна причина за одење кон вегетка ( и да прецизира која диета точно) му е здрав начин на исхрана зошто има диференцијации. Мене не ми е то примарна причина и од таму не можам да ти одговорам "зошто" некој така прај. Јас зборав за веганизам зошто мојата мотивација лежи таму. Со се торбите во маркети и други "ситници". :ROFLMAO: Ако некој само исхрана смена, а не други аспекти од животот - се работи за plant based исхрана. Со тие промени од погоре - преминва во веганизам.

За тестенини не можам да зборам зошто ми се "чит" мијл зошто имам гастрит и не смеам да ги јадам. Али ги јадам потурени со сос од леќа и грав кога ептен имам craving. Њам.

И друго, иако јас сметам дека не треба да се повреди живо суштество за исхрана или било шо друго и за мене е та идеална иднина, не значи дека јас можам да те оспорам тебе или кој било друг во сопствената исхрана.

Би пишала и збор два за изумирањето ама моментално сум на кратка пауза - не можам. Друг пат.
Веган е значи сектата, мир во светот и само љубов луѓенца :D

Тогаш дефинитивно секогаш повеќе почит би имал кон тие што се плант бејсд, отколку од тие што промовираат „секташки“ веганизам, далеку поиздржана ми е нивната кауза од оваа нереалната на веганизмот (околина, спас на животните, дрн-дрн јариња, а дома становите и куќите накрцани со модерен мебел и технологија за чие производство мамето и се ебава на природата).
Хипиците биле во 70ти подостојни кон природата од вас веганите, барем не арчеле ни вода за бањање, живееле во природа и со минимални животни услови.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Веган е значи сектата, мир во светот и само љубов луѓенца :D

Тогаш дефинитивно секогаш повеќе почит би имал кон тие што се плант бејсд, отколку од тие што промовираат „секташки“ веганизам, далеку поиздржана ми е нивната кауза од оваа нереалната на веганизмот (околина, спас на животните, дрн-дрн јариња, а дома становите и куќите накрцани со модерен мебел и технологија за чие производство мамето и се ебава на природата).
Хипиците биле во 70ти подостојни кон природата од вас веганите, барем не арчеле ни вода за бањање, живееле во природа и со минимални животни услови.
Ако така мислиш - океј. :ROFLMAO:
Дали има луѓе кои ќе те убедуваат - апсолутно. И жал ми е за тоа. Јас само давам мислење на темата према насловот. Ама нема да осудам шо имаш во чинија макар до мене ја јадел иако имам скроз различен став од тебе. А, би искажала мислење само ако сум прашана или пак е на "тема". Како тука.

Така да ако сакаш да ме викаш секташ, by all means. :ROFLMAO: Крај краева ни мене ни на некој друг дома не му си и генерализираш. Жалам ако имаш некакво непријатно искуство.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Веган е значи сектата, мир во светот и само љубов луѓенца :D

Тогаш дефинитивно секогаш повеќе почит би имал кон тие што се плант бејсд, отколку од тие што промовираат „секташки“ веганизам, далеку поиздржана ми е нивната кауза од оваа нереалната на веганизмот (околина, спас на животните, дрн-дрн јариња, а дома становите и куќите накрцани со модерен мебел и технологија за чие производство мамето и се ебава на природата).
Хипиците биле во 70ти подостојни кон природата од вас веганите, барем не арчеле ни вода за бањање, живееле во природа и со минимални животни услови.
Погледни го на претходната страна cognitive dissonance видеото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom