Слушај ги подобро видеата кои ги гледаш, некои работи не си разбрала.
Гледај, ј
ас сум скроз се веган секогаш веган од поќе од една причина. АМА, то не е атрактивно за многу омнивори и се оттргани од веганизам како идеја. И зато, не мора да бидат вегани одма. Процес е во кој треба да се најдат, шо со видеа, шо со материјали кои ќе ги читаат. Голем дел од тие кои се учесници во Veganuary веќе прат plant based промени во својата исхрана и секој ден го гледам то (
од поголеми промени како цел plant based оброк до помали промени што замениле мелко од крава со млеко од овес во кафето). И голем дел, ако не останат вегани,
ЗАЕДНО значително ќе напрат голема промена. А, голем дел сепак ќе останат вегани и то е промена сама по себе. В година, нова тура на луѓе. Тие кои не успеале 2021 да бидат вегани ќе пробат пак 2022 Јануари. Овој пат ќе останат. Процес е. Процес шо е сулудно да се форсира и брза. Пошто јас знам точно мене колку време ми требаше да се соберам и освен месо да кратам и други работи од исхраната. Така да, самата иницијатива за промена е доволна и треба да се поддржи за евентуално да има потрајна промена.
Исто гледам и на проблемите со околината. Апсолутно поголемите фабрики се поголемиот проблем ама пред се луѓето зошто и зад фабрика седи чоек. Зад сечење дрва, седи чоек. И промените шо ги прајме во домаќинството индивидуални сами по себе можеби не прават промена, ама во секое домаќинство по една мала промена да има, по еколошка, иди до мозаик од промени. Исто и со настанот. На многу овај настан му е само тој последен поттик шо им треба да пречекорат кон „другата“ страна.
Така да не, апсолутно не мора одма сите да станат вегани. Треба само да се насочат кон веганизам и да учат за веганизам и само природно ќе им дојди полека- полека да чекорат кон тој пат. Зошто ако се форсира наеднаш станва неатрактивно. Ова во очи на сештојад, секако. И искрено, јас ја гледам иднината како cruelty free. Можи е навино, најверојатно, ама се поќе луѓе гледам дури и кај нас шо одат по овај пат. Па чим стигна до кај нас, имам надеж. Ова се напишано е од аспект на чекор- по- чекор веганство. А, за фармерите, најнајискрено ... не ми е гајле. Зошто јас таму иднината не ја гледам ( дали ќе опстојат или не).
Дали ќе привлечи луѓе кон веганизам ако месото е поскапо? Да. Особено ако mock meats се макар за нијанса поевтини. Во исто време многу луѓе ќе бидат под лажна закрила дека влијаат позитвно на фармерска индустрија. Исто така ќе се побива тоа дека веганската храна е скапа ( а уствари само преработените производи како mock meats и растителни млека се поскапи, другото да бидиме реални ... не е). Исто така ако веганството станува норма во иднина и се намалва побарувачка на месо, посекако ќе стани месото поскапо. Колку и да сакаме нема да исчезни преку ноќ.
Дали ќе привлечи луѓе кон веганизам ако „смеат“ да јадат месо? Да. Игра на зборој. Ќе се осеќат како да имат избор ако не се осудвани за своите избори и од таму ќе бидат многу поотворени и кон алтернативна исхрана. Ова ми се докажало како точно irl каде уз муабет луѓе намалиле конзумација на животински производи на нивни моментален минимум и прат вегански замени куц туц се почесто чисто ради тој non-judgmental пристап.
И така просечен чоек кој ќе ја прочита статијата во Гардијан, ова ќе го помисли и ќе речи „еј јас нема да наштетам на фармерите ама нема да јадам животни Јануари“ и ќе проба Veganuary. Ама вервај, во групата после се споделва то шо јас на мајтап го викам „веган пропаганда“ и сите заедно учиме и се надоградваме. Исто така има и вегани од претходно, шо не пробват за прв пат, за асистенција, така да ако си заинтересиран - придружи се.
Така да видеа шо гледам и материјали шо читам ги сфаќам во целост. Ама исто така сфаќам како мисли просечен чоек и како можиш да го натераш да ја види и твојата точка, особено ако твојата точка е толку општествено неатрактивна гоооодини наназад и сега ја перцепираат како тренд, а не како нешто доволно добро за да преживејш - и тоа како мора пристапот да не е насилен туку добро калкулиран.
-------------------------------
Само најмалата книга можев да ја прикачам тука така да можи ќе се најди на некој. Штета другите две не можи да се прикачат.