Имам 5 години. Ја гледам баба ми. Не знам кај сме, чекај не сме дома. Во некоја куќа сме, ама не е нашата. Личи на спална соба. Има толку многу играчки, толку многу кукли. Ме обзема некаков револт, гнев, се лутам, јас имам толку малку кукли, а во куќта во која сум моментално нема ни мали девојчиња, куклите се на некоја постара особа. Ја нема баба ми. Во собата нема никој. Искушението се засилува. Не можам да земам од големите кукли, нема каде да ја скријам. Ја земам најмалата. Онаа која можам да ја ставам во џебот. Ја кријам и оладувам. Пополека се смирувам.
По неколку дена злосторот е откриен и куклата-која се испоставува дека е сувенир купен при посетата на некоја странска земја е вратена. Добивам нова кукла, како утешна награда. Мислам дека беше турска или бугарска, не сум сигурна, не фаќајте ме за збор.