Вашите омилени филмови за годината

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
37.365
Поени од реакции
72.463
Уште ми е криво што не можам да ја најдам темата од порано кај што имаше повеќе постови....али еве еден БАМП за пар дена кога ќе си ги пишам за оваа година, онака за свој мерак си ги правам секогаш пред крај на годианта иако има многу филмови што не сум ни гледал или пак ќе ги гледам во 2018та иако излегле годинава

Се надевам пред се Дизастер Артист ќе излезе деноиве на скринер :/
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.068
Поени од реакции
3.170
Уште ми е криво што не можам да ја најдам темата од порано кај што имаше повеќе постови....али еве еден БАМП за пар дена кога ќе си ги пишам за оваа година, онака за свој мерак си ги правам секогаш пред крај на годианта иако има многу филмови што не сум ни гледал или пак ќе ги гледам во 2018та иако излегле годинава

Се надевам пред се Дизастер Артист ќе излезе деноиве на скринер :/
Вчера/завчера го имаше на Замунда, што квалитет- не знам.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.459
Поени од реакции
27.243
Топ 10 од мене за 2017, без редослед:
Okja
The Killing of a Sacred Deer
Baby Driver
Logan
War for the Planet of the Apes
Get Out
Atomic Blonde
Mother!
Wind River
Shot Caller


Honorable Mention:
Alien: Covenant
Star Wars: The Last Jedi


Утки за кои имав големо очекување:
The Dark Tower
It
Dunkirk
Guardians of the Galaxy Vol.2


Не ми е сеуште гледан Blade Runner 2049, така да можно е да има промени во топ 10. :)
obicno so tebe najmnogu se slagam za oceni
taka nekako i kaj mene so sitni razliki
podredeno, vaka nabrzina, iako pola od najdobrite od 2017 valda tek ke gi gledam

1. mother
Ovoj film igrase so site karti koi palat kaj mene. Me osvoi totalno. Aronofski si ja ima istureno cela inspiracija vo filmot.

2. Blade Runner
Vizuelno sovrsenstvo. Villeneuve go brkna u pesok i nikoj drug godinava ne se osudi ni da go stai da go meri. Partali!

3. A Ghost Story
Rooney Mara kako jade 10min pita bese najbolnoto nesto sto go doziveav preku film.

4. Loveless
Mnogu mracen i siv, a sepak tolku brutalen i on point. Ne se ostanuva ramnodusen.

5. Okja
Ova e najblisku sto sum bil do veganstvo dojden. Ima mnogu dusa filmot. Veruvam deka sve sto se sluci u filmot se ima sluceno i .

6. Song to Song
Ponekogas mislam ako ne e Malick, ke nemame umetnost u filmovite, ko site drugi da mozat da bidat kupeni i da praat studiski filmovi.

7. Baby Driver
Retarded means slow. Was he slow? ULTRA FUN! So prejak soundtrack! https://www.youtube.com/watch?v=6XMuUVw7TOM

8. Killing of a Sacred Deer
Nikad nema da ignoriram vakvi filmovi, postojat za da mi ja odrzuvaat ljubovta kon filmovite. <3

9. Guardians 2
Superherojskite mi gi zamenija animiranite. Mindless fun i prmenogu boi. Opustanje do 300 i nazad. Dostoen sequel, duri podobar mozebi.

10. Get Out
Unikaten. Ko epizoda od Twilight Zone. Obavezno zasluzeno mesto vo top 10.

koi za malku ne vlegoa a mene mi priredoa zadovolstvo

Ingrid Goes West

Aubrey Plaza e sovrsena vo se. Inaku komicen take na zavisnosta od socijalnite mrezi i posakuvanjete da go imame zivotot na takvite zvezdi.

Wind River
Nisto ne se slucuva, ama sekoj sto go izgleda filmot ko da ne mrdna za 2 casa. Puka tenzija!

Thelma

Pocetokot bese ko Exorcism na Emily Rose. Epa posle pomesan so Carrie. Artsy so interesni temi.

Transformers: Last Knight

Ne mi se veruvase kolku e dobar, pogotovo zemajki predvid pretposledniot. Mnogu zabava, ne dozvoluvajte da vi se musne niz prsti radi imeto.

Najgolemi razoracuvanja

Wonder Woman
Aj sea da placeme oti zena go rezirala ili da svrsuvame oti zena napraila decent film? Nisto posebno navistina. A ja obozavam superherojski baska sum dc fanboi.

Dunkirk
Ne znam od kade da pocnam. Posle Interstellar so ova da mi does na vrata... Ako se pitam jas, filmot ne treba da postoi. A i nema da, site ke go zaboravat do utre.

Dark Tower
Ne ubi hajpot. Ne se ga ni secam.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
4.394
Поени од реакции
7.428
obicno so tebe najmnogu se slagam za oceni
taka nekako i kaj mene so sitni razliki
Затоа се добри ваквите теми, даваат идеја што следно да се гледа, посебно кога одприлика знаеш дали нечии предходни предлози ти се допаднале. Веќе ги аднав A Ghost Story и Song to Song во листа за гледање, пошто ми фатија око. Таман работа сите да имавме исти вкусови па сите 10 филмови да ни се поклопуваа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
Ај да го копирам вотиќ малку:

1. Loveless - Ова беше едно преемотивно, преболно искуство, повеќезначно, полно со симболи, метафори, алегории... Филм што наежува од глава до петици, една одлична критика за општеството во кое живееме и во кое сме подалечни од најблиските од кога било. Филм за себичноста, за отуѓеноста, за изместените вредности, за дволичноста, за многу нешта... И за сега, единствена 10 од 2017!

2. mother! - Е ова не очекував дека ќе ми се допадне толку многу. Најдоброто од Аронофски по The Fountain, прекрасен опис на... на... па на многу нешта, зависи како ќе го протолкувате.

3. Wind River - Најтензичниот филм од 2017, веројатно. Убаво кажа вот - 2 саати без воздух да земеш!

4. I Don't Feel at Home in This World Anymore - слично како Wind River погоре, филм за грицкање нокти. По Whiplash, најдобриот победник на Санденс!

5. Okja - Не очекував декадо толку ќе се соживеам со филм што наликува на пропаганда од Анима Мунди. Ама има во менетолку многу емпатија, што би се соживеал и со нешто слично, само за камен, наместо за прасе. Филмчево е вистинско изненадување за 2017.

6. War for the Planet of the Apes - Преубаво продолжение на сагата. Ми отвори и некои прашања, но верувам дека ќе се склопат коцките понатаму. Мене ми беше дури и поубав од Dawn.

7. The Shape of Water - Бајковито! Баш какво што очекував. И музиката е предобра. Поради немоќта на било кој од тие погоре да се вмеша во трката за Оскар, за мене ова е фаворитот бр.1. За сега!

8. The Square - еден од најоригиналните филмови во 2017. Мрднато добар - го опиша @Anon and I cannot agree more!

9. Mudbound - обично не сакам клише филмови за обесправените црнци, ама овде не ми сметаше ништо, ни за миг! Одлична глума од цела актерска екипа. Многу емоции.

10. Get Out - навистина оригинална приказна. Многу тензичен, и иако малку предвидлив, купува со свежината која ја носи со себе.

Уште неколку honorary mentions:

Baby Driver - Во филмов има коли, жени, мафија, брзина... комбинација што обично не ми дава ни да стиснам play. А тука би стиснал и repeat. По некоја година. ;)

The Big Sick - Вака, од некоја временска перспектива, мислам дека филмов е малку overrated, и дека хајпот околу него го крева фактот што е вистинска приказна, и што главниот актер е човекот на кој му се случила таа приказна. Но имаше добар хумор, и отскокнуваше малку од просекот.

A Ghost Story - Ова е веројатно најбавниот филм кој ми се допаднал во животот! Ама сцената со Руни Мара и питата беше too much, според мене.

Flops of the year:

5. Happy End - многупати пишував, а имам и сведоци. Џабе си потрошивме 2 саати, а можевме да си се напиеме кафе.

4. L'Amant Double - Пред една од проекциите на Синедејс, ја напуштаат салата гледачите на претходниот филм (овој), и една пријателка на @Anon со коментар дека не била во состојба да зборува после филмов. Демек толку бил добар. И тогаш помислив дека некому му фали нешто, или нејзе, или мене. Истото сега го мислам.

3. Raw - Што беше хајпот со овој, уште не сфаќам. Грозоќа!

2. Fifty Shades Darker - Овде тесна беше битката за прво место. Среќа што постоеше I Don't Wanna Live Forever во филмов, инаку сигурно ќе беше на прво место. Според мене ова е филм за глупави гледачи. Вреѓа интелигенција.

1. Baywatch - Е за ова, останувам speechless. Веројатно дека гледајќи го, ми умреа и оние мозочни клетки во кои се содржеа информациите што требаше да го опишат.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
37.365
Поени од реакции
72.463
Ок, малце зезнато испадна на крај..али еве како по обичај на 31ви си пишувам од тоа што имам гледано топ5 за годинава...малце ќе мамам..али шо ве ебам

#5a Three Billboards outside Ebbing, Missouri


Ок, филмов уште прв пат кога го видов реков дека ќе биде во топ филмови за годинава. И ќе беше сигурно топ 3 или топ 2 да не изгледав неколку бољи филмови од тогаш. Режисерот на "In Bruges" и "7 Psychopaths" дефинитивно не прави нешто слично на споменативе филмови туку нешто поинакво а сепак со неговиот добро познат (црн) хумор. Овој пат со додадена подраматична (или шо би се рекло "посериозна") приказна и додаден емотивен дел кој што го прави филмов да функционира во се што ќе направи. Супер глума. Супер приказна. Нималку досаден филм. А да го гледаш постеров ќе речеш ништо не се дешава...али ептен работи се дешаваат богами.

#5b The Boss Baby


Првично ми беше и на трето место...па на второ беше едно време...и не знам како заврши тука...паѓам под притисок од јавноста можда :D Али дефинитивно одлично филмче што успева 100% во поентата и целта и дефинтивино е полн со премногу љубов и хумор и предобра анимација. Воис актингот е одличен исто така. Филмот скоро цело време е полн со одлични моменти и е дефинитивно еден од анимираните филмови со премногу срце во нив. Mислам ајде....погледни го бебево и кажи дека не е кјут? Не можеш..

#4 mother!



зошто дури сега прв пат го гледам овој постер со хавиер бардем? преубав постер е и овој со џенифер лоренс, а богами и овој со бардем.
дефинитивно најзборен филм годинава ми е овој. и дефинитивно ми остави силен впечаток, можеби најголем од сите овие во листава, и најверојатно ќе го зборам повеќе од другиве филмови на листава. ама ете, не би рекол дека е најдобар на аронофски..па ни втор или трет најдобар. али добар филм дефинитивно што ќе беше грев да не го ставев на листава...а се мислев првично и погоре да го ставам...ама ете, вака испадна. а ми има помала оценка од претходниве два. првично тој ми беше вториот филм на позиција број пет, ама ете вака како што пишував решив дека подобро ќе го карактеризира ова место.

#3 The Greatest Showman


Можеби дека ми е најсвеж во сеќавање, ама одма после гледање на филмов сфатив дека и ретко гледав филм во кој што волку уживав годинава. Се повторувам веќе за филмовиве, пошто let's face it сите се одлични, ама филмов има се што треба човек да посака од еден филм особено мјузикл. Олд скул филм кој што е одлична паралела на циркусот на П.Т. Барнум. Седнуваш, се сместуваш и уживаш до крај во забавата што ти ја нуди овој филм. Се чувствуваш добро додека го гледаш и се чувствуваш добро откако го гледаш. Се е одлично во филмов, и ако некогаш се решат да прават не-мјузикл за ПТ Барнум осеќам и тој филм би ми бил во топ5 за таа година.

#2 I, Tonya


Тоа е тоа. Вакви филмови сакам и вакви филмови барам. Како за мене да е правен филмов. Одлична приказна, одлична глума, одлична режија, одличен начин на раскажување на приказна, одлична костимографија....Се што треба да има еден ваков филм. Тешко е да му се најде маана на филмов, буквално delivered па и exceeded секое мое очекување. Би рекол фаворит ми е за Оскариве филмов. Штета што не доби по мејнстрим release на боксофисот, сигурен сум дека ќе имаше предобро прифаќање од публиката, особено што филмов опфаќа ептен сериозен настан од 90тите во САД. Да не беше ОЏ Симпсон можда Тоња Хардинг ќе беше THE најозогласена спортистка во 90тите ама.. :D


А пошто ова сум го направил лани....еве неколку honorary mentions:
War for Planet of the Apes, Guardians of the Galaxy Vol.2, The Lego Batman, Trainspotting 2, Avec L'Amour, Star Wars episode VIII: The Last Jedi, и ај ќе прекинам тука иако има уште пар кул филмчиња од годинава од тие што ги имам гледано нели

#1 Coco


Филм за еден битолчанец што правел сосови. Нагалено го викале Сосо.
Сосо е еден од најдобрите Дизни филмови на сите времиња. Гледајќи го филмов без да знам ништо за истиот ме освојуваше со секоја измината минута, и како што се одвиваше филмот со секоја следна сцена филмов ме имаше во се поголема сопственост. Дури и да не завршеше така добро филмов ќе ми беше можеби прво место...ама јаготка на шлаг ми дојде (нештото што нема да го кажам пошто е спојлер) така да се знаеше дека после тоа филмов ќе ми биде прво место. Е вака се прави маркетинг за филм...добро, лесно е кога си Дизни до душа, ама фактот што ништо не знаев за филмов дефинитивно помага зошто го ставам на прво место. Вака се наманети филмови за гледање. Не знаеш ништо за истиот и ако на крај се осеќаш внесено значи е добар филмот. А дефинитивно е ова добар филм. Од дамна не сум видел ваков сторителинг во било кој филм а не само анимирани. Едноставен а сепак моќен и engaging. Секој што не гледа цртани треба да седне да го гледа Коко. Анимацијата исто така маестрална. Дури мислам да седнеш со мисла "Ej, ќе глеам цртан сеа" после пола саат комплетно ќе заборавиш дека гледаш цртан. Не дека анимацијата ќе те натера да мислиш дека е вистински живот, туку толку е добра приказната и ликовите и начинот на презентација и раскажување што ќе те освои комплетно. Дефинитивно #1 за годинава од се тоа што имам погледнато. Реков погоре Тоња ќе ми е фаворит на Оскарите, а тоа е поради тоа што знам дека Коко нема да добие некој посериозен третман како live action филмовиве..(па добро, нема да биде номиниран за главна женска улога како Тоња, тоа сигурно.....ма да..ете отварам тука тема...дали воис актериве треба да добиваат номинации за главна/споредна машка/женска? Или пак ЦГИ актериве? хмм..) инаку дефинитивно Best Picture би му дал на Коко.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
28.166
Поени од реакции
33.656
До сега ги гледав овие филмови кои излегле 2017-та. Со црвено ми се најдобрите.
(може и сум забораил некој)

Baywatch
Wonder Woman
IT
Three Billboards Outside Ebbing Missouri
Permanent

The Hitman’s Bodyguard
Gun Shy
What happened to Monday
The Limehouse Golem
Once Upon a Time in Venice
Rough Night
Austin Found
The Lemon
Shot Caller
Dunkirk
Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales
Kong: Skull Island
The Dark Tower
The Mummy
Guardians of the Galaxy Vol. 2
Alien: Covenant
Kingsman: The Golden Circle
John Wick: Chapter 2
The Hitman's Bodyguard
Logan
King Arthur: Legend of the Sword
Valerian and the City of a Thousand Planets
Blade Runner 2049
Baby Driver

The Great Wall
War Machine
The Circle
Okja
Goon: Last of the Enforcers
Free Fire
CHiPs
The Meyerowitz Stories
Bright
The Comedian
Fist Fight
Kung Fu Yoga
Going in Style
Sleepless
The House
Railroad Tigers
Beatriz at Dinner
How to Be a Latin Lover
Wilson
Lowriders
First Kill
Get Out
Sandy Wexler
The Void
 
Последно уредено:
Член од
5 декември 2014
Мислења
326
Поени од реакции
320
17та -

1. Raw
2. The Florida Project
3. Get Out
4. Logan
5. Blade Runner 2049
6. Your Name
7. Three Billboards Outside Ebbing, Missouri
8. Baby Driver
9. Wind River
10. Loveless

hm -
War for the Planet of the Apes
Dunkirk
Call Me by Your Name
Thor: Ragnarok
Coco
The Square
Darkest Hour
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
37.365
Поени од реакции
72.463
Пак сме 31.12 што значи пак ќе си направам листа на топ филмови што сум ги гледал и излегле во 2018. Немам гледано се интересно што има понудено годинава ама имам доволно гледано сепак.

Оваа година е поприлично "meh" за мој вкус па оттаму малце зезната ми е листава за правење пошто има неколку филмови што "Многу ми се допаднаа" ама во споредба со други години тие тешко би било да се најдат при самиот врв можеби... шо знам...

Ајде вака:

Место број 5.

КОЈ ВЕ ВРТИ МОЈА Е ЛИСТАВА И МОЖЕ ДА ИМАМ ФИЛМОВИ ШТО ЌЕ ДЕЛАТ ПЕТТО МЕСТО :D Ако можат оскарите некогаш да имаат реми, можам и јас :D





Два филма кои што богами ми се допаднаа и покрај тоа што сметам дека можеа да бидат многу подобри.

Бохемијан Рапсоди особено е премногу фален од луѓе, а плус и си растура на бокс офисот.

Како фан на Квин филмов го пратев години уназад, и после некое време и самата идеја за тоа дека филмов ќе стане звучеше нереално. А уште понереално звучеше тоа да излезе филмов после сите промени со режисери, сценаристи, актери и што ли уште не....и уствари да испадне добар!

А испадна.

Арно ама, сметам дека голем дел од филмов се вади на квалитетната музика на Квин.

Е сега ок, филм за Фреди фала богу ќе има многу музика...ама мислам дека можеше да биде и мааалкуцка посериозен можеби и да навлезе малку повеќе во некои проблеми.

Ама како и да е...топ (y)


Крид 2 - Исто. Можеше и многу бољи и има пар работи што беа така-така...ама се на се дефинитивно филм со душата на Роки филмовите. Многу многу подобар од првиот (што беше...онака), а воедно и би рекол подобар од некои од полошите Роки филмови.
Сосема сосема солидно (y)
Моја рецензија за филмот - тука

Место број 4:



Вес Андерсон does it again!

Убеден сум дека во моментов го гледаме врвот на кариерата на Вес. Ме радува што веднаш се префрли на новиот филм и ќе твори додека е тотално at the peak of his game.

Isle of Dogs е топ.

Можеби малце предолг, ама тотално delivers on anything што барам од Вес Андерсон. Со таа разлика што овој филм дури и малце поуникатен ми е од аспект на плот. Доволно детски, а сепак пак со некаков си dash of сериозност за да биде интересен и за возрасни. Ако имате дете и пробувате да го внесете во вака по"фестивалски" филмови, овој и Fantastic Mr.Fox се добар избор :D

Првиот дел ми беше перфектен мене, после тоа некако репетитивна ми стана приказнава, ама се на се одличен!!! (y)

Во топ 3 ми е на листа на Вес филмови, со Rushmore и Moonrise Kingdom пред него.

Топ (y)

Место број 3:



Од филмов запамтив сами три работи за мајката на главниот лик. Била од Ирска, имала црвена коса и била професорка. О да, и не го сакала. Значи ќе испаднат четири работи.

"Don't worry he won't get far on foot" ми фати око уште кога излезе трејлер. Едноставно вака "доволно забавни а сепак со сериозен плот филмчиња што искачаат по фестивалчиња и имаат кул каст" ми легнуваат more often than not, па така имав големи очекувања за тоа дека филмов ќе ми се најде на топ 5 листата за ова година.

И во право бев :D

Можеби го планирав и повисоко да го ставам, ама во меѓувреме дознав дека еден филм на листава моја излегол во 2018, а не во 2017 како што сметав така да...то е :D

Мене лично сите актери во филмов ми се харизматични, па оттаму и не е толку тешко да поминеш 2 саата уживајќи во филмов.

Добри луѓе со пороци и срања во животот се рецепт за добар филм. Пошто навиваш за нив и знаеш дека во суштина се добри...ама јбг, рилејтбл ти е тоа дека прават срање избори во животот.

Плус, тотално немав појма за ликов за кого што е филмов. Буквално поради филмот дознав за него и неговите дела.

Кул (y) (y) (y)




Den skyldige a.k.a. The Guilty a.k.a. Еден главен лик, две соби и пар телефони. И тоа е филмот :D

Aма у пичку матер и те како е добар.

Има перфектен running time, перфектен pacing и тотално одлично вози од почеток до крај. Во ниту еден момент не е досаден и тотално (исто како и филмот што ми е на третото место) би ви препорачал да си го гледате ако тоа не сте го нарпавиле претходно.

Реално нема што многу да се зборува за филмов без да почнам да зборувам за плот и такви ствари...

Еден човек прави муабет на телефон. Тоа е цел филм. Што повеќе да се пише :D

Од-ли-чен!

Место број 1




Christopher Robin

Слатко мече.

Убава порака.

Одлична забава и хумор.

Позитивна енергија.

Супер мисли.

Премногу душа и љубов.

It makes you feel things.

Тоа е тоа.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.000
Поени од реакции
5.721
Мразам да правам листи и да пишувам рецензии!
Having that said:

#5 Terminal

I bet you didn't see this coming! Многу ми беше забавен филмов, и ептен уживав додека го гледав, и атмосферата на филмот многу ми се свиѓаше, и неоноар жанрот многу ми се свиѓаше и Маргот Роби многу ми се свиѓаше, и кастот ин џенерал многу ми се свиѓаше. Годинава и не е толку силна, па што има да и се мислам што Терминал е на 5то место од вкупно 50 изгледани од 2018та без суперхеројски. Субјективно - признавам, ама и целава листа е субјективна па што ми е мене гајле што на светот не му се свиѓал. Мене ми беше топ, со се приказна, со се твист со се се, па ќе седи тука.

#4 Bad Times at the El Royale

И на ова можеби не му е местото тука, може на Лоро или Д Фејворит им е, можеби исто така тие се и повисоко оценети па не се најдоа на листава. Ама ова е неконвенционална листа, па и филмовите во неа исто така. Ова е повеќе entertainment value листа отколку quality листа. Лошите времиња во Ел Ројал е Тарантино филм, само што не е снимен од него. Ама тотално го има тој вајб, таа комплексност, таа замисла. Крајот малку забега, не ми се допадна ептен, многу работи се случуваа одеднаш, не памтам кој умре кој не умре, многу овервелминг. Можело и подобро. Кастот супер тхо.

#3 Ready Player One

ака The Easter Egg Movie, што и е. Филмов е компилација на референци и за оние кои се ложат на такви работи ќе си имаат ендорфини за извоз додека го гледаат. Се она што се случува надвор од симулацијата е скоро па небитно, не знам ни дали го памти некој, и таму малку ја закомплицираа беспотребно, зашто сепак главната идеја на филмов е симулацијата и се што се случува таму. А се случуваат многу забавни работи и култни работи се спомнуваат, и целото е замислено како игра и презабавно, и обавезно да се гледа. Може не е класичен Спилберг, јас воопшто не се осеќав ко Спилберг да го гледам, ама супер е и презабавен.

#2 Christopher Robin

Веќе почна малку да ме мрзи да пишувам, и ме фаќа с'клет. Кристофер Робин е многу филгуд и многу убав филм. Полн со љубов и прави да се осеќаш fuzzy кога го гледаш. Враќа една носталгија и детска невиност. И на сите што им се допадна (да, ти мрзо!), да си го изгледаат и Goodbye Christopher Robin! што е биопик за Милн - авторот на Вини Пу кој е исто така полн со љубов и не се најде на листава зашто Летер вика дека е припаѓа на 2017та. Овелл. Глејте го Кристофер Робин и ќе се осеќате ко да одите по облачиња цел ден!!!!

#1 The House That Jack Built

Апсолутна спротивност на претходниот филм! Ама мастерпис за годинава, јас сум уште in awe од тоа колку ми се допадна филмов, од структура, преку комплексност, до кадри, филмов е нешто совршено. Ќе направи да се осеќаш лошо, секако. Сепак е Вон Триер во прашање, јас па не знаев дека ова треба да е последен филм на Триер, од вот дознав, ама штета ако е. Ама и не е толку многу штета зашто убаво е да се финишира со филм како овој, не знам дали пак би го гледала, зашто е a tad too long for my taste, ама мене ми беше прекрасен, и структурно, и содржинск и визуелнно и и ми е несомнено омилен филм за годинава. Браво за Триер и браво за комплексноста што ја достигнал. Прав арт.
 
Член од
5 декември 2014
Мислења
326
Поени од реакции
320
1. Mission Impossible - Fallout
2. Green Book
3. Annihilation
4. Hereditary
5. Isle of Dogs
6. The Favourite
7. Spider-Man: Into the Spider-verse
8. Shoplifters
9. A Quiet Place
10. A Star is Born

Incredibles 2
BlacKkKlansman
Avengers: Infinity War
The Ballad of Buster Scruggs
First Man
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
37.365
Поени од реакции
72.463
Си ја прекинав серијата од пишување на 31ви декември :( ама памтам кои филмови сакав да ги ставам тогаш на листсата, така да...еве, за мој мерак и потсетување во иднина да си пишам само со имиња :(

5. Pokemon: Detective Pikachu

4. A Rainy Day In New York

3. Joker

2. Rocketman

Хонорари меншнс: IT: Chapter 2, Abominable, Shaun The Sheep: Farmageddon, Black Mirror: Bandersnatch

1. Once Upon A Time In... Hollywood
 
На врв Bottom