dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 42.915
- Поени од реакции
- 84.322
Знам дека имав направено ваква тема ама не успеав да ја најдам.... (знам дека ја има, ваљда слеп сум и срчот плус не помага и така..)
Ова е тема во која што на крајот на годината ќе се навратите на вашите омилени филмови за изминатата година. Во листата влегуваат филмови што на IMDb се сметаат за излезени во таа година. Ама на па крај краева на кој му е гајле, пишете си што сакате..
Добро би било да нема цитирање во темава за да нема "лол филмов ти е број 1? Срање!" муабети што може да полнат ептен страни за џабе прибидејќи нели за вкусови не се разговара.
Еве ја ќе си почнам.
Годинава некако немаше филм што се одделува како "Aaaa ОДЛИЧЕН СТО ПОСТО ЌЕ МИ Е ОВОЈ ОМИЛЕН" така да ете некако успеав да си ја поврзам топ5 листава (може вие и топ10 да си направите али за мене 5 годинава се тамам), со таа разлика што ете може да си ги сменат филмовиве местата на табелата во секој момент

Note: Има солиден број на филмови што ги немам гледано а можеби би влегле во листава така да нели, ова е од тоа прегледаното за годинава
#5 Sing
Можеби малку нефер бидејќи ми е последен гледан филм за годинава ама мислам дека заслужува филмов место на листава. Пред се заради одличниот втор дел. Добар билд ап на приказна, забавно и за деца и за поголеми деца. Првата половина не ми се допадна до толку, ама ете после тоа до крај филмов ме возеше максимално и можеби за прв пат цртан филм да ме натера после саат време да си мислам "Хмм..како ќе заврши филмов.."
Исто така супер voice acting. Тамам кога почнав во цртани да ги препознавам гласовите на актерите се појави филмов и буквално ниеден глас не препознав до credits-от..
#4 Captain America: Civil War
А пред да ја почнам листава се мислев дали број 1 или 2...некако вака кога се потсетив на годинава испадна број 4. Сепак имаше добар пола саат во филмов што и не ми направи ептен мерак.
Ама богами многу работи ми направија мерак. Најдобрата суперхеројска битка на сите времиња ја има филмов. Кој би рекол дека и Марвел може да заврши филм со последици и да не биде се хепи енд. За мене ова е филм што најдобро ја преставува оваа филмска ера. И да хејтата и да сакате суперхеројски филмови морате да признаете дека овој филм има се што треба да знае човек за овој период во Холивуд. Суперхерои, корситење на ЦГИ, продолженија, универзум што коегзистира, продакт плејсмент... се нешто што пробуваат многу да го направат но само Марвел успева да го направи. Филмов ќе биде бенчмарк за суперхеројски филмови во иднина. Ретко кој филм ќе успее да собере волку херои и тоа да го направи на вака успешен начин. Забавен филм што не се плаши и да воведе малку мрачност во се на се светлиот универзум.
#3 Arrival
Некако и филмов го сметав за #1 или 2, ама ете на крај трет ќе го ставам. Мислам деак нема некој си rewatch value, али нели за тоа да го дознаам ќе треба и по втор пат да го гледам. Како и да е, Денис Виленев (или како и да се вика) мене лично ми е преценет режисер и покрај тоа што му ги препознавам квалитетите за режирање на добар трилер. Имајќи на ум дека e critic darling позитивните критики не ми значеа ништо и бев спремен да се досадувам на филмов. Сепак, добив одлична (и едноставна) приказна од старт до крај. Мистерија до самиот крај, и добро прикажување на хистеријата што би се случила во случај на доаѓање на вонземјани. Фактот што и нема што повеќе да додадам за филмов можеби е причината зошто го ставам на трето место а не повеќе. Добар филм на кој што му фали нешто плус за да го ставам повисоко.
#2 10 Cloverfield Line
Се уште постојат добри трилери?! Textbook трилерче. Возбудливо од старт до финиш. Тоа што го прави филмов подобар од други е мистеријата. Цело време си напред-назад (немам гдје) со теориите за тоа што се случува. Филм што неколку пати те носи до ивицата на седиштето, и неколку пати те носи длабоко стиснат поназад бидејќи во секој момент очекуваш нешто да се случи. Супер глума од страна на...женската што сега ја заборавив, али дефинитивно breakthrough актерка на годината, дефинитивно е откритие на годината за мене. Се надевам и следниот филм на режисеров нема да разочара бидејќи ова е еден од најдобрите дебитатнски филмови.
И пред да поминам на #1 време е за неколку (х)Онорари меншнс
Finding Dory, Deadpool, The Jungle Book, Zootopia, Suicide Squad, Hacksaw Ridge
Скоро сите од овие филмови ми ги исполнија очекувањата (а за некои и имав негативни очекувања), па оттаму и заслужуваат да ги спомнам на листава.
A сега да се пребацам на #1 на листава
#1 War Dogs
Ликовиве во филмов беа инспирирани од Скарфејс и имаа постери од истиот. Очекувам филмов да биде Скарфејс на Миленијалците. Не се што се случи во филмов се случило во вистинскиот живот но сепак многу работи што звучат "хаха, а бе аааајде..Холивуд.." се случија во реалноста. Одличен микс од црн хумор, крими приказна и fun time at the movies. Во ниеден момент не е досаден филмот и те носи на границата од "Ликовиве се шупаци и треба да цркнат во затвор" до "Кои цареви човече, зашто ова не им текнало на повеќе?!". Едноставно Мајлс Телер е роден за ваква улога. Во се живо ми беше антипатичен освен во оваа улога. Џона Хил е цар. Не е само за комедии сепак. Дефинитивно потценет филм (т.е. филм што не доби доволно внимание кога излезе) и се надевам за 5-6 години ќе добие поголем публицитет од моменталниот и покрај тоа што има одлични рецензии.