тврдам дека однос ко јас Коки нема никој од вас!
велам Коки затоа што тато не сум го рекол којзнае од кога, беше тоа некаде 3-4 одд, другарски однос заебанции на секоја тема, ремет на негова сметка, па дури и другарски пцовки меѓу нас во одредени моменти.
Со татко ми сум условно ќе речам секаде па дури и на излагање(ова го велам од причина што неколкупати сме иделе цел тим на прослави по победите и Коки доаѓал со нас - не сум го викал јас туку соиграчите)...
тоа не значи дека сум неспособен сам да се гледам и ми трча по газот
Тој е професор по спорт, работи во училиште, мене ми предаваше, од мојот спортски стаж татко ми ми бил тренер 90% од времето, после тренинг дома пак со него, после дома во теретана пак со него, гледам пред ТВ спорт пак татко ми...многумина ќе забележам имаат татковци кој на спортот не му се наклонето многу многу...верујте добро е да имаш татко бивши спортист и долгогодишен спортски работник, делиш мислења од спортот, често не го делиме мислењето, имаш многу што да научиш, другар, соиграч за тренинг и додатни тренинзи во секој момент, инструктор по пливање на одморите како мал по одмаралишта и уште многу многу други работи...
Го изнафалив, пу пу да не гу урочам, да ми е здрав и жив уште 100 години, како него да сакав немаше да ми се падне:pos2:Толку од мене, оние кој го познаваат од форумов мислам дека само ќе го потврдат моето мислење...на некои од нив им бил и тренер па можат и тој однос тренер-играч да го опишат: Hellsing, Acid, Mari0...