Вашиот татко!

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Јас сум со Војче мој стално добар:)
Имаме мали несогласувања во музиката што ја слушаме....инаку немаме расправии:)
Многуе смирен човек е и тоа ме радува(јас не сум баш таков), тоа го докажува кога му се јавија во 3ипол по полноќ да дојде во станица зошто јас сум таму и тој дојде ко ништо да не се случило, за разлика од другите родители што дојдоја побеснети.
Кога имамслободно време стално идам да му помогнам, а пари не му земам, одам за да му правам друштво, а не да заработам:)
 
M

marsovka

Гостин
Yf..тешко дека можам да кажам за неговиот карактер не го гледав често дури кога наполнив 15 години пона да си го пика носот кај што не треба бетер радознала е од теткине кои шпиунираат....
Инаку една работа која ја памтам ко мала е денот кога требаше на паркинг да се тепам со три деца ,он наместо да им отиде таму да ги избрка и да ме одбрани ми рече ,сине вака ќе мавнеш така ми покжа неколку потези и ме остави да се тепам.

Ме истепаа на крај и тако ми;сине те истепаа ајт сеа дома ,како ме плесна по грб мислам дека ми ги измести коските ...
 
Член од
14 декември 2008
Мислења
1.709
Поени од реакции
126
За џепарлак е увек тука, али и коа треба да се јаде гомна за у школо е увек тука :)
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Од каде би почнал.
Покрај големиот оптимизам кој зрачи од него, сепак во него се крие и една нишка на пезимизам и недоверба во одредени работи. Остар карактер, и кога му е денот навистина лош, поубаво ми е да си ќутам.
Нешто што од секогаш сум го сакал кај него, е можноста секогаш да ме разбере за секој проблем кој го имам.
Да се биде син на татко ми и не е многу едноставна работа:wink: Сака од мене (а и од брат ми) да направи личност која цврсто ќе гази во животот, и ќе го добива она што го сака само со малку труд.
Понекогаш, затоа што годините си го прават своето (мислам на генерациската разлика), знае многу убаво да ме изнервира. Или пак како за инат да ми кажува некои работи спротивно од она како што јас ги знам.
Сепак, татко ми е и си го сакам многу.:smir:

п.с.Иако си го сакам многу, верувам дека кога јас ќе станам татко, ќе бидам далеку подобар родител од него. Никој не е совршен, нели?
 
Член од
31 март 2009
Мислења
30
Поени од реакции
3
Татко ми. Човек кој сака да се шали нон стоп и бла бла. Али јас со него ретко комуницирам..всушност само ако излезе од спална приметувам дека е дома =) Со оценките мои не се замара, со искачање исто така. А кога збориме ко шо е нервозно суштество ко мене..ќе збори, ќе збори и мене ќе ми дое преку к.. и ќе му кажам се у фаца и ќе си продужам..Само мајка ми ако не ми остави пари идам кај него со идиотска насмевка[секогаш пали] и ми дава пари =).. чоекот работи со деца сите го сметаат за ѕвер освен јас[валда]..незнам, може зошо јас го знам во секое светло..Брат ми повеќе комуницира со татко ми..дефинитивно!
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Татко ми е добар човек строг е го интересира се во врска со мене ми дава совети кошарка секој ден со него играме(ич не ми попушта секогаш губам:))Фудбал секогаш заедно пратиме најинтересно е што јас сум навивач на Барселона тој на Реал и се кладиме на пиво кој ќе победи се шалиме и така.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Eдинствениот маж кој вистински ме сакал се сето срце, а јас не секогаш сум била свесна за тоа...
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Мојот дома само мрси муда :):):):) Некад ка ќе фати да филозофира едноставно се исклучуем у тие моменти xD

А иначе знае да се зафркава, порано ме тресеше кошарка а сега го тресем ка детенце, ми дава совети кога свирим гитара и то (=
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Уфф... Тежок преговарач, ко ќе треба да се купи нешо полесно Грчка би не признала отколку тој да попушти :toe:
Инаку е супер за другото... 4 години се гледавме само преку викенди оти беше во Скопје на специјализација и тука доста изгубив...
Инаку за совети е роден човекот секогаш е така, и секогаш мене ме мести дека сум заебал нешто...
За џепарац ретко одам кај него тука се или бабче, деде, мајка ми =)
Се на се... човекот е ѕвер и целта ми е да го надминам во животот во секоја смисла ;)
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
Мојот татко:back:
Е мојот татко е насветлата точка во мојот живот, главен показател во животот мојот идол, советник најголемиот мој обожавател и подржувач на моите идеи во животот.Главна потпора и карактер кој е е многу сличен со мојот.Човек кој верува во мене и за ништо и за нигде немора да го прашам.Личност која бескрајно ме цени и ме става на рамниште на возрасните ме става на трон а во другиот ден на дното за да можам да почуствувам се и сешто.Тој бара мислење од мене и за најбитните ствари кои треба да ги направи во животот а со тоа ми става на знаење дека верува во мене и дека нешто вредам.Човек поучен од своите грешки ме упатува мене во секоја работа во животот.За пари пак ич немаме проблеми месечен џепарлак и готово, а доколу има потреба тогаш тој секогаш пак ми се наога на помош.Нема лош татко, нема лош родител само некои ке сватат какви биле тие дури ке ги изгубат :(.Никој родител не мисли лошо на своето дете.Татичко мој ми е главниот водич низ овој бурен живот:back:
 
М

Мрак

Гостин
Ех,татко ми.Човек презафатен со своите проблеми кој никогаш скоро нема време за мене.Несака да разговара со мене,барем не на одредени теми подолго од 5 минути.Кога разговараме не се интересира за тоа што го зборуваам,поеќе изгледа како да мора да ме слуша,па јас и престанувам со зборување бидејќи несакам да ги заморувам луѓето.Секогаш моите мислења се погрешни и неговите точни а дури и кога се сложуваме во нешто ќе пронајде друго нешто различно.
Не ме цени доволно,секој друг човек ме цени повеќе од него и едно сум сигурна дека не ме сака,барем јас никаква љубов немм почувствувано од него.Кога сум во нешто добра се е одлично,но кога ќе тргне на лошо секогаш ме осудува и прави да се чувствувам безвредно.Како најголемо дете во фамилијата очекува да бидам најдобра во се што правам а иако баш секое негово очекување го исполнувам тој никогаш,или само понекогаш е задоволен.Татко ми е како еден странец кој се појавува и заминува во мојот живот,а јас како глупаво суштество го сакам и покрај се и незнам што би правела кога едноставно не би постоел.Се надевам некогаш ќе го почувствувам и јас оној однос татко-ќерка,бидејќи сега тоа за мене есосема непознато чувство...мислам дека не ни разбира дека ми е потребен во животот и дека потребна ми е таа татковска љубов.амо не сваќам...зошто со сите други е предобар и сите го сметаат за одличен човек а со мене,неговата ќерка,неможе да биде таков?Ист е и со сестра ми,таа е помала од мене и можеби и полошо се однесува со неа,бидејќи ние барем комуницираме од време на време а тие не.Но сестра ми за разлика од мене го мрази и вели дека тој е најгомното човек во нејзиниот живот.Со брат ми пак,кој е помал од нас 2,татко ми е најдоброто суштество на земјава,толкава грижа нега и љубоо му дева што се прашувам дали е тоа тој,дали е тоа мојот татко?
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Мојот татко...
Воопшто не сум блиска со него,незнам ни самата точно зошто...
Незнае да ме ислуша,да ми даде вистински совет за било што,а највеќе сака да ме контролира...
Сосема различно ги сфакаме работите,но и има неколку работи кои што никогаш нема да му ги простам [неможам да ги заборавам,без разлика колку и да сакам...]
Премногу ладно сфаќа све и не се замара мн мн...
Не го гледам многу често,а и кога го гледам,кога е дома значи,е онака...
За него секогаш ќе останам она мало девојче кое што незнае да се грижи за себе, што покажува колку малку ме знае...
Можеби некогаш сето ова ќе се смени [иако не верувам,сите надежи си ги изгубив во рок од овие неколку години благодарение на неговото однесување],а и да се смени...
Незнам баш дали ќе може да се среди се и да се заменат овие години...:(:(:(
 
М

Мрак

Гостин
Инаку,татко ми е многу голем човек.По се што преживеал и во какви ситуации се нашол,треба да е среќен што е сеуште жив.Односите ни се не баш најдобри,но нвистина татко ми е голем човек.
 
S

Stefi070

Гостин
:( Oprosti mi, pape
sve te grube rici
i moj zivot sada
na tvoj zivot slici
Oprosti mi, pape
sad razumin tebe
gledan tvoju sliku
gledajuci sebe
 

Kajgana Shop

На врв Bottom