Вашиот татко!

Член од
7 април 2015
Мислења
8
Поени од реакции
26
Иако сега живееме одвоено, моjот татко е мошне важен човек во моjот живот.

Кога бев детето, татко ми беше не само родитељ, туку и приjател. Тоj има аналитичкиот начин на мислење, што изврши големото влиjание на мене и моjот начин на мислење. На секоjето моjе детске праштање (на ред "Татко, а што ќе биде ако...") имаше одговорот.
И не просто одговорот, ама потполно логичен и сериозен.

"Татко, а што ќе биде ако го оставиме млекото во чашка за долго?"
"Ќе скисне"
"А потоа?"
"Ќе се претвори у самокиш"
"А потоа?"
"Ќе мувлоса"
"А потоа?"
"Ќе се разложува на jагленот двооксид, водата, млечната киселина и азотистите темели"
"А потоа?"
"Течните фракциjи ќе се изветраат, остатоците ќе се претвораат во кристалите. И се, краj."

Моjот татко имаше необичаеното хоби - разведуваше кактусите. Имаше дома големата колекциjа. За мене секогаш било занимљиво да му помогам со тоа (кога ги пресадувавме, полеевме кактусите, гледавме за нив). Забележував важността на моjата помош кон татко ми. Никогаш не ми избркуваше мене со зборите "Не се мешаj!". Тоа беше мошне важно за мене.

Моjот татко е самостоен, изворен. Многу работите правеше своерачно (намештаj, алати, поправки на нешто). Заради тоа jас исто така сакам да правам нешто своерачно (handmade).

Моjот татко исто така беше пресметнат и штедлив. Штедливостта на таткото понекоjпат беше премногу претерана и комична. Живеевме тогаш (90-е години) доволно скромно. Еднаш предложи ми да ги носим бабини чизме за да не купуваме ги мени новите зимски длабоки чевли. Замислите го 11-годишниот момче во школа обуен во женските чизме! ;)
Ама наследив и' пресметнаността (во разбирливата стенен) на татко ми и сум задоволен во тоа. Пресметнаността ми често помога во животот ми (за да ги примам наjоптималните решенија, за да ги наjразбирливо трошам парите и така натаму).

Навистина, подоцна започнеше проблемите. Имаше тогаш 13 година. Таткото ми започнеше да пиjе (алкохол). Тоj не работаше. Работаше само маjка. Бидуваше пиjан понекогаш преку еден ден, понекогаш и секоj дан. Тоа досадило и на моjата маjка и таа одлучила дека ќе се разведе со тоj. Не и' приговараше маjка ми, бидеjќи разбирал сум jа неопходността на ваквите промени.

Веќе петнаесет година живееме без татко. Нималку не сожалуваме заради тоа. Редовно се поврзуваме по телефон(от).
Гледаjќи го пиjанот татко, добил сум за целиот живот jа одвратността на алкохол, миризба на алкохол(от) и пиjаните луѓе. Сметам, дека тоа беше мошне корисно за мене, бидеjќи не го влошуваше своето здравjе, ги пиеjќи алкохолните пиjалки (пиjалаци), не го трошеше моето време во лошите компании.

Без обsир на сите сложености, коjи имавме во минатото, го сакам моjот татко, бидеjќи без него jас не би стал ваков, каков сум сега.
 
Член од
7 август 2015
Мислења
66
Поени од реакции
43
Татко ми исто така почина кога имав јас 5годинки јас бев мала а он прњмногу млад ии многу убави моменти имав со него има 12години отлало е починат кога и да ни е со мајка ми најтешко помислуваме првин на него и секогаш и во убави моменти кога имаме на пример роденден матура помислувам на него си викам зошто нас двете не остави сами двете да се мачиме :'( :mad:
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Најголем дел од моите другари немаат татко, но секоја чест на децата, се трудат самите да си го изградат животот и сите работат и се трудат и искрено рака на срце ставам за такви дечки алал да им е. Еден другар издржува и цело семејство сам, како столб на семејството е.

Без својот татко не знам што би правел, се избори кога ми беше најтешко за мене, планини поместуваше и сеуште би поместувал, но како што созревам се надевам нема да биде потребно. Човек кој работи и има разбирање и добра душа. :oleee:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
:(
fucking father's day
fucking telekom
 
Член од
30 јули 2016
Мислења
75
Поени од реакции
17
Несакаш да слушниш дефинитивно.
Јас мојот татко веќе кога се нарекува така така и нека биди несакам никој да го има ни мојот најголем душман.
Мојот татко е алкохоличар ко помала памтам дека ме страмеше пред моите другарчиња едноставно незнаеше шо зборува правеше работи што ни еден друг татко не би правел.
Премногу себичен, незнаеше да се справи со постарите неговите родители, живеевме во една куќа од пред фазла од 100 години беше во фаза на распаѓање, секој ден одевме кај нашите баби 20 минути од дома да се тушираме и капиме бидеќи тоалетот беше во пола употреба. Живеев мизерен живот кај мене и мајка и татко беше мојата кралица мојата мајка. Но одеднаш се случи пресврт наша баба од америка, тетка на баба ми ни остави наследство ни доделија стан и сега сме разделени со мојот татко. Едноставно преродена сум. И неможам да смислам маж алкохоличар се наежувам несакам мојте деца да ја имаат мојата судбина.
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.374
Поени од реакции
1.241
Одличен човек,на мравката не гази..Секое сабајле станува во 03:30 за на работа..Платата јас му ја вадам од банкомат,пошто он знае,ми верува мене.Цела плата што ја заработува,ја носи прво дома,никогаш не отишол по кафани,да се враќа пијан,да прави проблеми...Сум го изневерил многу пати,сум го разочарал,ама пак верува во мене..Блиски сме,имаме еден нормален однос татко-син,знае некогаш сочно да ме опцуе,ама така на заебанција..Домаќин човек..Не би го сменил за ниеден друг,секогаш гледа прво за дома,за куќата,алиштата што јас ќе ги износам,после ги носи тој,од првата плата му купив патики,као демек ајде,јас сум заработил нешто..Се труди да ми обезбеди нормални услови,од ништо не сум лишен,ни јас,ни сестра ми,ни од кола,ни од јадење,шетање,никогаш не дошле луѓе да го бараат да им должи пари или слично,сите сметки платени навреме,дрва за огрев сме имале и повеќе од доволно,желба му е да ми купи Планика чизми од 8-9000 денара од Пеко,му викам седи си мирен,ќе најдеме некој поефтини,ама здравје само..Знае често да ме задева оти сум немал девојка,а незнае дека сум бил со девојки,сум излегувал,и дома сум ги носел,ама се погодувало кога тој е на работа,а го кажува тоа со иронија,демек да се освестам и да најдам,ЈНА,мрази педери,лезбејки и слични изроди,исто како мене..Нека е жив и здрав уште 50 години од сега,доволни се..Тој е професионален возач..
 
Член од
11 октомври 2016
Мислења
31
Поени од реакции
29
Мојот татко, мој пример.
Човек како треба да се бори во живот со секакви препреки.
Пример за секое лошо дека може да биде победено.
Пример како се чуваат жени дома.
Далеку од совршен. Пример и за грешки кои не треба да ги правам никогаш во животот.
Човек кој не изкажува емоции , а сепак му ги читам.
Остар поглед, меко срце. Не верувам дека друг така би ме чувал .
Му благодарам за се ! Да си дочека и правнуци !
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.569
Mene detstvoto i mladosta mi pominaa bez tatkova figura. Bese tuka fizicki, no sekogas otsuten, i nikogas nemav sreka i prilika da go zapoznaam sopstveniot tatko.

Edinstvena dobra rabota sto ja pamtam od nego bese edna silna snezna zima, nadvor veese sneg, elkata nakitena svetkase vo site boi, jas na jambolija sednat igrav Nintendo i mi prijde tatko mi, mi ja fati rakata i silno ja stiskase, mi se smeskase i nesto mi zborese. Posle izlegovme na snegot. Se topev od sreka. Verojatno imav 7 godini togas.

Drugo ne bi znael sto da kazam za nego, barem da imase uste edna dve dobri raboti, no ne. Bese voeno lice, ostanat bez tatko mlad, i laden kamen vo srceto. Nieden razgovor kako tatko i sin, sovet ili pouka, nisto. Rodendenite ne smeev da gi slavam doma zasto mu smetaa deca, dodeka site drugi deca od klasot slavea doma rodendeni. Ne smeev doma ni eden drugar da viknam, a odev doma kaj niv na gosti. Boljer ne smeevme da pustime so sestra mi, zasto koga ke se vratese od vtora smena bese derenje kako struja se troselo. Parnoto go iskluci i navecer spievme vo ladno. Eden period samo on rabotese, nie doma na margarin i posebna 3 pati dnevno, on kebapi vo Carsija jadese. Baba mi Bog da ja prosti donese edno meso za Veligden da se spremi, on ladno na Veliki Petok si go isprzi i izede. Taa godina me probodoa so noz i pominav dve nedeli na intenzivna nega i zivotot na konec mi visese, on koga dojde da me vidi mi se derese zosto sum dozvolil da se tepam. Majka mi koga me vide kolabirase, zasto mi bese smenet licniot opis. Sredno trebase da odam na eden rodenden vo Dracevo, trebase i ebenje da padne, nadvor vrnese sneg, nejkese da me odnese ni da mi dade pari za taksi. Majka mi ja tepase i malku falese da krenam raka na nego i da skapam po zatvori. Bivsata zena koga zatrudne ziveevme vo istiot stan, se skaravme i me izbrka od doma, pa majka mi go molese da se smiluva da ne pusti da se vratime. Na svadba ne mi dojde zasto mu kazav otvoreno deka ke pravam vencavka vo crkva i deka se osekam Hristijanin. Posle razvodot imav los period i koga bev finansiski utepan bez denar vo djeb resi da go prodade stanot i bukvalno ostanav na ulica.

No, sekogas ja imav majka mi pokraj sebe koja nikogas ne me ostavi sam na cedilo. Denes se drugi vreminja i site tie sranja pominaa, gi nadminav i se srediv, i stanbeno i finansiski i sekakvo. Nemam kontakt so nego, nitu sakam da imam. Se javuva kaj bivsata za da ja vidi vnuka mu, ama nema nikogas da ja vidi, makar gorel jas vo pekolot poradi toa.

Znam edno, deka mi dal mnogu dobar primer kakov tatko nema da bidam jas, i ke bidam se ona sprotivnoto sto bil on, za moeto dete da se oseka sakano, sigurno i da se gordee so mene.

I taka, fino lepo sto ste imale dobri tatkovci, sakav i jas da imam, ama nemav takva sreka vo zivotot.
Слична приказна. Не до таа мера како тебе, друже, ама вклучуваше коцкање, пиење, јадењето по кафани исто, додека мајка ми, Бог да ја прости, дома се позајмуваше лепче од кај тетка ми за да имаме леб да јадеме, додека она кутрата се преправаше дека не била гладна. Се сеќавам на денови кога не сме имале леб па сме ги собирале и јаделе трошките со брат ми додека стомаците ни крчеа од глад. Кога се запишав на факултет ми даваше само по 500 денари за да појдам до Скопје, од кои 300 беше автобуската карта (повратна), зашто парите што биле наменети за мене ги искоцкал и испил претходната вечер додека цела ноќ со мајка ми сме го чекале да се врати. Значи јас требаше да преживеам по две недели со 200 денари. Цела среќа од втора година почнав да земам студенстка стипендија, па колку толку имав за јадење барем, иакои од тие пари се обидуваше мене да ми извлечи за да пие и да се коцка. Мајка ми заради него се разболе и почина, иако он се подоправи откако заминавме ние и се оженивме, само предоцна. И ете го сега сам седи и ако не му се јавиме на два дена плаче ко мало дете на телефон зашто веројатно сфаќа колку грешки направил во животот. Море кога ќе размислам си велам - какво сфаќање, осет нема он, само сака да го сожалуваат, дека сам.

Исто како тебе - каков црн разговор како татко и син, каква нежност, каков контакт! Се тоа никогаш не постоело. Сега да, ама сега веќе сите возови заминаа.

Исто и мене он ми даде прекрасен пример каков татко не смеам да бидам и затоа сум тотална спротивност спрема моите деца и ако треба јас бос, гол и гладен ќе одам, ама ним нема никогаш ништо да им фали и секогаш ќе бидам тука за нив, што и да им треба. И животот би го дал за нив, без двоумење.

Само викаат - Господ е голем, а он каков и да е, родител е, затоа секој втор ден му се јавувам, барем да го прашам како е. Дури и дел од неговите трошоци јас ги плаќам зашто он е толку некадарен што сигурен сум дека ќе му исклучат и струја и вода, па ќе нема кај да спијам ко ќе појдам таму. Еднаш до два пати годишно и одиме да го видиме, ама се тоа е без никакви емоции од моја страна, буквално ко да одам кај познаник само.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.841
Поени од реакции
6.452
И мојот пијаше и маваше, откажа само од ко му текна дека на 40ет не можи да пија толку колку на 20ет.
Чисто разочарување. Сам финансирав факултет - сестрами ми плати прва годиа, од втора натака со стипендија.
Ко се поболи мајками ко деца, планираше да не остај во дом со сестра ми.

Небитно кеј. Последниве години пробувам да барам оправдување за неговото однесување.
Имено, тој е од сопствената мајка отфрлен ко дете, цел негов живот угнетуван во споредба со другите нејзини деца. Генерациска траума. Сакам да кажам, пред да му го вперам прстот и да му речам ти си крив, ќе се запрашам каков би бил јас со неговата животна приказна? Ако се вратам на баба ми, ќе ми текни дека ја омажиле со некој што не го сакала. Каков би бил јас на нејзино место?
Чувства не покажуваше многу, освен еднаш ко се собраја да се пијанчат со другарите, пуштија една народнјачка песна, за некој на кој му се разболила сопругата. Личеше дека ќе се расплачи. Тогаш си реков, хм можеби ја сакал мајками исто толку колку што ја сакав јас.

Јас нема да основам фамилија. Траумата е преголема, секој човек реагира различно, јас не сакам да имам деца. Страв од тоа циклусот и натаму да се повторува, ми ствара анксиозност. Никогаш не би бил среќен со фамилија. Секој пат кога на врата ќе ми чукнат жени стабилни и вредни за брак, јас во глата вртам сценарија за се што би можело да тргни наопаку, и бегам. Не обвинувам никој. Прво би се обвинил себе. Сакам со мене да заврши ова. Само тогаш ќе умрам мирно.

Сите се плашат од 30тите од 40тите, еј остаревме. Јас велам godspeed до 60ет. Шо побрзо, то подобро. Секако за 30ет години преживеав 300та, доста ми е и од добро и од зло.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
8.786
И мојот пијаше и маваше, откажа само од ко му текна дека на 40ет не можи да пија толку колку на 20ет.
Чисто разочарување. Сам финансирав факултет - сестрами ми плати прва годиа, од втора натака со стипендија.
Ко се поболи мајками ко деца, планираше да не остај во дом со сестра ми.

Небитно кеј. Последниве години пробувам да барам оправдување за неговото однесување.
Имено, тој е од сопствената мајка отфрлен ко дете, цел негов живот угнетуван во споредба со другите нејзини деца. Генерациска траума. Сакам да кажам, пред да му го вперам прстот и да му речам ти си крив, ќе се запрашам каков би бил јас со неговата животна приказна? Ако се вратам на баба ми, ќе ми текни дека ја омажиле со некој што не го сакала. Каков би бил јас на нејзино место?
Чувства не покажуваше многу, освен еднаш ко се собраја да се пијанчат со другарите, пуштија една народнјачка песна, за некој на кој му се разболила сопругата. Личеше дека ќе се расплачи. Тогаш си реков, хм можеби ја сакал мајками исто толку колку што ја сакав јас.

Јас нема да основам фамилија. Траумата е преголема, секој човек реагира различно, јас не сакам да имам деца. Страв од тоа циклусот и натаму да се повторува, ми ствара анксиозност. Никогаш не би бил среќен со фамилија. Секој пат кога на врата ќе ми чукнат жени стабилни и вредни за брак, јас во глата вртам сценарија за се што би можело да тргни наопаку, и бегам. Не обвинувам никој. Прво би се обвинил себе. Сакам со мене да заврши ова. Само тогаш ќе умрам мирно.

Сите се плашат од 30тите од 40тите, еј остаревме. Јас велам godspeed до 60ет. Шо побрзо, то подобро. Секако за 30ет години преживеав 300та, доста ми е и од добро и од зло.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.633
Поени од реакции
88.262
Мојот татко не напушти кога наполнив 11 години...во Март месец славам роденден, веќе наредниот месец на Велики Петок го испраќаме во ковчег...лошата болест, 3 години се мачеше со нејзе, фактички од 7-8 години (прво одделение) го гледав како оди и се враќа од болница со мајка ми. Во младоста многу пиел, завршил на токсикологија, животот му висел на конец од тоа пиење. Потоа се смирил, ја запознал мајка ми и никогаш веќе (освен одвреме навреме по една-две флаши пиво) не стави алкохол во уста.
Генерално мирен и повлечен човек, почитуван од сите, домот му беше на прво место, знаеше болен да појде до пазар да испазари, да се врати, да направи јадење додека старава беше на работа. И болен до последно гледаше да биде од корист дома, иако никој не бараше такво нешто од него во тоа стање. Заедно со мајка ми беа од оние "со крстот на чело" луѓе, и откако почина старава никогаш не загледа друг човек, до толку го сакаше и почитуваше.

Еве 22 години изминаа откако почина, понекогаш се прашувам што би било да останел малце подолго во мојот живот, да ме подучел нешто, да изгледавме некој фудбал, да дознаев нешто повеќе за него...тоа нема да се деси, ама утеха ми е што личам на него, и често знаат постарите на заебанција да ми се обратат со неговото име наместо со моето, тогаш барем и за миг се чуствувам убаво.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.132
Човек којшто беше татко по вокација, не само генетика. Батко ти ... е тука, сѐ ќе се реши.

И да не може да учини, ќе најде некој што може и ќе помогне. Не правеше пресметки, не чекаше да му се врати.
Едноставно беше хуманист во време на мршојадци. Хм, вака речено слична борба со ветерници сме имале. Само што никогаш не би била великодушна како него. Оти преку него, научив и за неблагодарноста на луѓето.

Кој нѐ видел, знае дека ДНК тест е излишен. Плукната. Во ликот, а ако веруваме на мајка ми и јатрва ѝ, и инаетот ми е од нивната страна.

Кешки луѓето да си наоѓаа и други добротвори, да му дозволеа да ни биде татко затоа што многу работеше и заедничкото време ни беше ограничено.

Голем стратег и педагог Монтесори и слични играчки може да фаќаат белешки во полн амфитеатар. Ден денеска комшии викаат ,,еее кај вашите немаше трте мрте, тоа е воспитување." Јас тука сфатив дека всушност вистинска сила е да се контролираш да не викнеш, да не удриш и да си пример за тоа што сакаш да видиш. Иако си беа класични балкански луѓе, пред нас ме пцуеле, особено пред да пораснеме, не озборувале, никогаш, на комшиите постари прекарите не им ги знаевме. Така и кај нас се вроди срам да ризикуваме да направиме поголема грешка. Пред некоја година нешто се збореше, јас ааа кои се тие луѓе.

Еднаш многу ми згреши од лековерност. Помалку од 2 децении поминаа оттогаш. Искрен и добар човек сите ги гледа како себе си. Јас тогаш му реков ,,Штом така си решил, ти знаеш, мене ми е срам да речам на татко грешка си и да солам памет. На татко не се ни лути. Не можам да се налутам на татко што нема влезено в соба без да чукне на врата. Остави, размисли. А денот кога ќе видиш дека сум во право и дека со оваа одлука сум многу оштетена, најави ми се, да знам да го спремам твојот омилен ручек. Само, мисли со свој ум тато. Тој ум од којшто совет барале и твои пријатели адвокати. Тогаш само кажи ми дека си сфатил. Никогаш нема да те доведам до такво понижување да ми се извинуваш."

По 7 и пол, 8 месеци дојде и кажа дека увидел дека сум во право. Само една грешка имаш. Тоа дека не треба да ти се извинам. Крал да е, кој и да е, има да очекуваш да се извини и да ја исправи грешката пред да простиш. Ама ако ја исправи, со поголема љубов да го прифатиш во животот. Оти за исправање грешка треба, не само зрелост, туку и продуховеност. А безгрешен, нема да најдеш. "

Тоа ми беше големо школо . И да не беше тој ќе бев многу потолерантна на глупости.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.913
Поени од реакции
3.200
Сит на гладен не верува.

Така и оние што имаат добри татковци, не им веруваат на оние што имаат лоши, колку ми се дегутантни оние полни со осуда коментари на фб, кои осудуваат веднаш штом ќе видат некој, кој си ги напаѓа родителите и им укажува на грешките кои ги правеле дур ги растеле.

Јас не осудувам никого, во ред е да не можеш да опростиш на родител, во ред е да осудиш лошо однесување на родител, иако религијата не учи на поинаку.

Мојот татко да бил добар спрема себеси колку што беше добар спрема нас, не би живеел таков скромен и трошен живот, тие девојки кои имале остри татковци тепачи и јаки на рака, од секогаш имале полесни животи, од оние кои имале благи татковци и полни со разбирање.

Жената ја ценат толку колку што и се плашат од таткото. Инаку мојот татко бил и сеуште е многу скромен и штедлив, затоа велам, да беше раскалашен, расипан и себичен, многу подобро ќе поминеше во животот, и не само тој туку и сите негови деца.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom