Вашиот татко!

Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Бидејќи гледам има теми вашата мајка,вашата баба па дури и вашиот дедо јас решив да отворам тема вашиот татко.Ме поттикна да отворам ваква тема затоа што јас мојот татко го изгубив кога бев 16 години и де4н денес се уште многу ми недостига.Ми недостигаат неговите совети и шали.Дури ми недостига и неговото пререкување во врска со работите што ги правам.Со ова сакам да оддадам почит за татко ми затоа што беше важна личност во мојот живот и иако го нема се потсетувам што совет би ми дал да е до мене.Се тоа што сум денес сум поради татко ми.Се гордеам што имам сличности како него.Беше личност која уживаше да ја прави околината среќна.Сакаше да помогне а не очекуваше ништо за возврат.Беше прекрасна личност.Секогаш ќе ми недостига! Кажете вие нешто за вашиот татко?
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Жал ми е sunshinebaby што си го изгубила таткото. Неможам ни да замислам како ти е без татко.

Во мојот живот со татко ми не сме имале некој голем пријателски (другарски) однос. 99% од работите што мене ме интересираат него му се потполно одбивни.

Не сум се дружел никогаш како мал со него. Не сака коли, спорт (а беше кошаркар на времето), политика, книги, музика, да не речам не знам за што живее човекот хехе

Уметност? Шо е то? Глупости за него.

Така шо неможам да се пофалам за некој уау дел во мојот живот, камоли за совет и такви ствари.

Јеби га, не дека ми претставува некоја празнина, али кога би можел да бирам се разбира нема да одберам таков татко!
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Леле темава...Овде би можела да се изнапишам.... Едноставно го обожавам! Личноста што најмногу од мојата фамилија ја сакам е татко ми! Секогаш е тука за мене, кога ми е тешко барам негов совет, најчесто љубовен(најдобар совет тука може на ќерка да даде таткото)...Откачен е вкрај, колку глупости сме правеле, мама само не кара :smir: се интересираме за исти работи,уметност, музика, филозофии некојси...а и карактерот на него ми е, можеби и затоа многу се сложуваме..Кога е овде, понекогаш навечер го земам со мене со друштво, шетаме....многу е откачен, ептен си го сакам!
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Taтко ми...хммм секогаш бил позатворен, но многу чувствителен, посебно кога потпораснав, се грижеше многу за тоа со кого ќе излезам , не ме спречуваше но секогаш совет имаше за мене, и никогаш нема да заборавам кога ми викаше , немој дете млада да ми се мажиш, прошетај си, одмори се дур си кај мајка ти и татко ти, а за жена има време цел живот ќе си мајка и жена арно ама девојче нема да си, иначе името кое го носам е од него, гледал некој филм или незнам шо и му текнало и на мајка ми и предложил да се викам така, а пак таа била 5месец бремена со мене и му рекла абе па от кај знаеш дека ќе биде женско?? Он и рекол јас да си кажам ако е девојче така ќе се вика, ако е машко здравје ќе најдеме друго име:pipi:И така најслабата точка сум му јас, кога се мажев за веридбата неможевме да го смириме се изнаплака кутриот, дури на брат ми и мајка ми незгодно им падна..... Ама таков си е човекот неможе да скрие ништо, па дури и чувствата.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Многу чувствителен, мек, наивен човек, кога е лут, лупета глупости, ми доаѓа и физички да се пресметам со него...емотивец е...кога пеев првпат со бендот, беше втора смена на работа, не можеше да дојде да ме види, и другиот ден ми направи пита, татковска, со сирење, во чест на мојот настап...Ме научи и мене, т.е од баба ми, тој, па јас...
Му правам мераклиско кафе и сака да ми зборува за некои негови соништа, дури ми е жал понекогаш кога ми кажува како сакал да учи географија и зоологија, но учел сосема други работи...Молчалив е.
Мирен. Клопчето нерви кај нас дома, кога сме напиздени 3 жени, само не слуша и се чуди... Од него имам мерак за танцување и гастрономија, ама затоа и двајцата сме дудуци математика. Господ да ми го поживее, оти има дијабетис, само тоа ме плаши за него. Тате, те сакам!
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Nice, nice ви блазесвам :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.862
Најдобриот човек и другар на светот! Го сакам највеќе татко ми, не знам кој ако не татко ми, ми се нашол во секоја ситуација дали добра или лоша :) Човек со невероватна харизма, хумор и сатира хихи, има душа за миљон останати кои немаат, со старите е стар со младите е млад копиљ и тресе зелени, рчкаме заедно во Нуендо и слушаме транс низ дома, излегуваме понекогаш заедно и се понашаме ко дечишта, ма тоа што ме исполнува , тој го прави без никакви замерки :pos: секогаш е тука да ме подржи во било што и му се восхитувам на се тоа што го стекнал до сега и покрај многуте шитови, човекот изтрпил и станал она што е денес, башка и ја имам честа да ми е татко! Тато, те сакам највеќе!!! :smir:
 

cacikr

K@ŧ€ň©€ŧǾ
Член од
4 јануари 2008
Мислења
452
Поени од реакции
8
Едноставно кажано го обожавам тато!Многу е добар ама знај да е и многу лош(тоа не чини)ама сепак си го сакам и понекогаш ми е многу жал за него дека се има претрпено за мене и за брат ми за да сме ова што сме.А посебно ми е тешко што тој својот татко го загубил на 15 години и тоа време биле многу сиромашни и тој уште на 17 години се вработил и ден денес на 52 год. ја работи истата работа.Иначе стално знај да ме расположи и за тоа му сум многу благодарна.Стално ми зборува за мое добро а јас се нервирам но кога подобро ќе размислам веднаш му се извинувам.Иначе му сум миленичка:smir: и тоа ми е посебно драго...А и ќе заборавев да кажам ТАТИЧКО ТЕ САКАМ!!!
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
блазеси ви
ја со татко ми ич не сум блиска....секогаш за мене се грижела мајка ми а татко ми бел понастрана...
од него имам научено како да им го спуштам на луѓето,смислата за хумор,јез да он малце си претерува...
од него имам цврст карактер..
иначе одличен е...сеа се искарав со него за банална работа и многу ми е криво ама тоа е....
иначе многу е тврдоглав,кога ќе науми нешто дека е така никој не може да му докаже дека не е така...освен јас се разбира....
има цврст карактер...рече ова ми е последна цигара и еве го не пуши 3 години....
совети неее...не сме блиски ич...
нема да заборавам еднаш кога тотално се скршив пред него и се убив од плачење...не ме праша ништо само ме гушна и ми рече да не плачам...што и да е ќе помине....
порано многу го гушкав...не ме пушташе да поминам крај него без да го гушнам...ме натера да ветам кога ќе пораснам да не забоиравам да го гушкам...ама ете не исполнив ветување...едвај разговараме...
ако дознае дека имам тетоважа и пирс ќе ме исфрли од дома...
еве сеа станав и го изнагушкав....
dad...I love u...
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Ех, татко ми. Го немам видено цели 6 месеци :(.
Иначе, на него сум метнат, шо би рекла мајка ми "ВО ГАЗО НЕ СИ ЗГРЕШЕН" :pos2::pos2::pos2:
Чоек со многу цврст карактер, груб, ама ко ќе треба знај и да се умилкува :helou:.
Понекогаш со него сме газ и гаќи, ама ко ќе се чапниме да се караме, тогаш не знам...
Знај и мајтапи да прај и секогаш е тука за совет да ми дај ако ми треба :wink:
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Со таткоми не сум блиска, со моите воопшто.
Ретко зборуваме (буквално) камоли некои сериозни разговори, совети да паѓаат...цк. Сестра ми е поинаква, постојано комуницира со старците.
Татко ми е крајно интелигентно и способно машко, не има извадено од многу лајна, емотивен е (но го прикрива тоа). Личам на него и физички, а и наклонетостите ни се слични. Вонглавном имаме заеднички нешта (освен уметноста), меѓутоа не муабетиме околу тоа. Човекот се обидува да ми зборне - јас бегам. Цел живот сум растена кај бабето мое и по би зборувала со неа отколку со родителите ми.
Го сакам татета, му се восхитувам и посакувам уште одпочеток да имавме поинаков однос.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Бидејќи гледам има теми вашата мајка,вашата баба па дури и вашиот дедо јас решив да отворам тема вашиот татко.Ме поттикна да отворам ваква тема затоа што јас мојот татко го изгубив кога бев 16 години и де4н денес се уште многу ми недостига.Ми недостигаат неговите совети и шали.Дури ми недостига и неговото пререкување во врска со работите што ги правам.Со ова сакам да оддадам почит за татко ми затоа што беше важна личност во мојот живот и иако го нема се потсетувам што совет би ми дал да е до мене.Се тоа што сум денес сум поради татко ми.Се гордеам што имам сличности како него.Беше личност која уживаше да ја прави околината среќна.Сакаше да помогне а не очекуваше ништо за возврат.Беше прекрасна личност.Секогаш ќе ми недостига! Кажете вие нешто за вашиот татко?
Same here..
Едноставно кажано, би дала се за да го видам уште еднаш..
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Татко ми...најмирниот и најстрпливиот човек што го знам..
Интересно е што отсекогаш сум била поблиска со мајка ми, ама татко ми е тој што секогаш знае како се чувствувам, знае што ми фали, знае за што можам да се изнервирам..Ме познава карактерно многу добро..

Ај лав мај дед..:smir:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Мојот татко.

Личноста на која се восхитував. Личноста која ме створи и порасна. Личноста која ја обожавав и се гледав во очите негови. Мојот татко, мојот другар, мојот брат, мојот идол. Како себе си го сакав.
Ме возвишуваше во височини и реално ме спушташе на земја. Бев неговото второ јас. Градеше, создаваше за нас. Верувавме во исти работи, бевме едно. Племенит човек со широко срце. Ми ги откриваше убавините на животот, ми дозволуваше сама да увидам што е добро а што не, и дека се тажно од светот треба да се прифати како такво. Градевме мостови, се искачувавме на највисоките планини, трчавме низ полињата, не се плашевме од ништо. Ние сме тим -честопати ми го збореше тоа, а и така беше. Трнлив пат поминавме заедно, научив многу и се трудам да не заборавам ништо.
Тешко е да се пишува во минато време за најдрагата особа во мојот живот, премногу тешко и болно. Ниеден збор неможе да го опише односот што го имавме и стваравме со години. Се проживеавме и во ниеден момент не покажа слабост за да јас тоа не го видам. Изгубив незаменлив другар во животот. Многу бевме поврзани, имавме нераскинлива врска меѓу нас. Само сакам да го гушнам и ништо повеќе, со една прегратка би се разбрале.
Тато те сакам.

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] What will you do when you're daddy's gone
And you're daddy's little girl

[/FONT]
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.110
Поени од реакции
820
Не сум особено близок со татко ми и речиси не разговараме за ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom