Вакцини (општа дискусија)

Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.887
Поени од реакции
7.267
На тие што имаат шок, не им ги препорачуваш, ама додека не добијат шок, не знаеме дали се алергични на пеницилин. Обично така оди со лековите: пробај па ќе кажеш реакција :D
Инаку, те сфаќам што сакаш да кажеш, бактериите (веројатно и вирусите) се попаметни од нас, или пак, побрзо се менуваат од нас, па затоа стануваат отпорни на некои лекови за нас, а отрови за нив? Кој да знае ...
За пчелите, зависи кој вид, за оние што ги викаат африканизирани пчели, не важи ништо од тоа: ги донесле во Америка од Африка, измешани со европска медоносна пчела, и направиле мутант (во лабораторија) што е многу отпорен.

Срцето е мускул што пумпа крв, колку што памтам од биологија :D

Инаку, за вакцини беше темава: јас ич не помислив да ризикувам и да бидам посовршена верзија, кога ми објаснија дека уште вториот ден во Африка ќе фатам хепатит и жолта треска ако не се вакцинирам, па си платив вакцинација.
Како кој да знае.... па многумина знаат и тоа од разни научни области.
Со тебе во Африка кого зема, деца помали зема... Би требало да си Титов пионер, значи си веќе совршена верзија (зборев за твоите наследници, нивните итн итн), а и немаш гајле од игли.

Кога можеле во Јапонија пред неколку години да забранат вакцини на деца испод 2години (сега им е укината) може и сега.
Што е толку итно да мора толку густ распоред од само раѓање.
После 5-6 години нека почнат со вакцини, со претходно задолжително испитување дали детето е здраво или во тој момент има некој здраствен дисбаланс. Ако е здраво, боцкај, ако е под антибиотици, стоп.
Тогаш ем ќе се отргне сомнежот за причинител на компликации, ем мир во куќи.

Кој дел во Африка залута ...
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Како кој да знае.... па многумина знаат и тоа од разни научни области.
Со тебе во Африка кого зема, деца помали зема... Би требало да си Титов пионер, значи си веќе совршена верзија (зборев за твоите наследници, нивните итн итн), а и немаш гајле од игли.

Кога можеле во Јапонија пред неколку години да забранат вакцини на деца испод 2години (сега им е укината) може и сега.
Што е толку итно да мора толку густ распоред од само раѓање.
После 5-6 години нека почнат со вакцини, со претходно задолжително испитување дали детето е здраво или во тој момент има некој здраствен дисбаланс. Ако е здраво, боцкај, ако е под антибиотици, стоп.
Тогаш ем ќе се отргне сомнежот за причинител на компликации, ем мир во куќи.

Кој дел во Африка залута ...
А, за тој дел зошто од толку мали и толку густ распоред на вакцини, јас не се разбирам, не би можела да одговорам дали е во ред или не, иако ми личи на добар план твоето мислење да се почне од подоцна за мир во куќа. :)
Кенија, пред 10 години, син ми имаше 7, и него го вакцинирав против жолта треска и хепатит А и Б. Пред две години во Јужно Афричка Република на конференција, задолжително покажување вакцинација на влез, среќа вакцините уште важеа (денес веќе не ме штитат).
 
C

CoolIris

Гостин
Епа имаш случаеви кога и покрај пиењето 2-3 терапии не им помага, а кај некои и 1/2 терапија им помага. Кај некои со ист проблем, кажуваат разни лекови им помогнале.
Не помага затоа што не е направен антибиограм и од око е даден антибиотикот. Еднаш ти кажав, еве пак ќе повторам, секој лек си има своја индикација, кога, зошто и каде треба да се даде.
Антибиотици точно е дека делуваат на бактерии, бидејќи фино лепо имаш чисто изолирани цели единки од тој вид бактерија. После испитувања, размножувања, тестирања, се доаѓа до конкретен заклучок, оваа бактерија вака и вака се однесува, ваква и е днк, овој отров делува на нејзе и ја уништува (што го нарекувате лек). Кај вирусите таква процедура сеуште нема нели.
Како нема? Постојат и антивиротици!
За ХИВ, херпес вирусите, хепатит Б и Ц, инфлуенца.

Ама кога е во својата природна средина (човекот) бактеријата која сакаш да ја уништиш, успеваш еден дел од неа да уништиш, дел не, а успат уште еден куп други бактерии идат јабана, а и те како му требаат на телото. Тој дел што нема да го уништиш, си ибал мамата и почнува да ојачува, па како што кажа станува отпорен. Е до кога ќе се трудите да уништите нешто, што е неуништливо, нешто што е со посебна цел таму, нешто, без кое посложените живи организми не би успеале да живеат подолго од неколку месеци. Глувци родени во стерилна средина, хранети со стерилна храна, умираат за неколку дена
Ако се расфрлаш со антибиотици и при најмала респираторна инфекција, за која прилично висок е процентот дека е од вирусно потекло, многу логично е дека ќе ги уништиш сите оние добри бактерии во организмот кои ја сочинуваат нормалната флора. Затоа треба правилно да се дозираат лековите и да не се бара нивно препишување за се и сешто!
Инаку ако организмот си ибал мамата, како би се ојачал? Тоа значи дека ослабнал.
Лекот не смее да има негативни последици. Организмот покрај тоа што се "бори против" бактериите, ти му додаваш отров- "лек" со нус појави и тој мора дополнително да троши енергија да се справи и со тие негативни последици, т.е. преоптоваруваш.
Нордиските земји само во одредена крајна ситуација даваат антибиотик.
Како тоа не смее? Па за ништо во животот немаш 100% гаранција, а не па ли за лек, кој патем ако не е правилно дозиран, може да биде и отров!
Од ковидов имаме илјадници оздравени дома, без никакви лекарства, тоа не те тера да се запрашаш, како, зашто итн итн
Како тоа без никакви лекарства? Знаеш колку лекарства пијат за јакнење на имунитет и триста чуда?
Симптоматска терапија примаат. Тоа значи за секој симптом, лек!

.... и да не заборавиме дека добар дел од луѓето со корона се во болница, приклучени на респиратор или со кислородна маска....а дел и ја изгубија битката.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.887
Поени од реакции
7.267
Се исто се повторува ко за време на Хитлер пред ВВ2. :(

Јбг ниту тогаш мнозинството не гледало по кој пат тргнале, ниту сега.

Боцкањето ќе е најмал проблем, ама заслужено се ни е.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
што е Манту тест или Mantoux проба?

...тоа е тестирање за да се види каков е имуниот одговор на организамот на туберкулозните антигени, но и дали се дошло во допир со Mycobacterium tuberculosis бактеријата одговорна за турбекулозата (за рано откривање) ако има над 15 мм папулата што укажува на започнат турбекулозен процес, инаку се инјектира субкутано (подкожно) на левата подлактица (предната страна) на мало количество на антиген туберкулозен протеин т.н. ППД -10 ИЕ за возрасни (ППД не содржи живи бактерии на Mycobacterium tuberculosis),

Прегледај го приврзокот 254016 Прегледај го приврзокот 253964


резултати се читаат после 2- 3 дена со ленир се мери создадената папула која реагира на (Mycobacterium tuberculosis), ако има реакција или не!

Прегледај го приврзокот 253967

...на фотографијата лево е правилно мерење, десно неправилно, оти не се мери црвенилото туку само испакнатиот дел папула,

-до 5 мм значи пациентот нема имунитет (или прима лекови имуносупресори што го кочат имунитетот)
-од 5 до 10мм пациентот има имунитет кон таа бактерија
-од 10 - 15 мм пациентот има многу силен имунитет
над 15 мм можен веќе почнат турбекулозен процес.

...значи ако сте имале испод 5 мм кај вас нема антитела од ставената БСЖ вакцина во 1999 или пак слабо реагира на турбекулозни антигени, па со тоа и на (Mycobacterium tuberculosis) т.е. турбекулоза ако се инфицирате меѓувремено, ако сте имале од 5-10 мм дијаметар на папулата тогаш имате антитела од БСЖ вакцината т.е. заштита ако дојдете во контакт со бактеријата прдизвикувач на турбекулозата, ако сте имале 10-15 мм тогаш имуниот систем побурно реагирал т.е. имате многу антитела!
...ревакцинација кај возрасни не е препорачлива доколку не се направи на млади години!
...инаку не се прави Манту тест на пациент склон кон алергиски дерматолошки реакции и моментална ниската имуносотојбата, поради дразнење со агенс (во овој случај со туберкулин).

Прегледај го приврзокот 253968 Прегледај го приврзокот 254009

...да повторам, правилно мерење на испакнатоста каде се боцна пациентот (папула) се врши само на тоа издигнување, а не со црвенилото околу !

... кај пациенти со докажана туберкулозна инфекција нема потреба од Манту тест,

каде може да направите Манту тест?

... на „приватно“ не може да се направи Манту тест, оти самото увезување на ППД (турбекулин агенс) е под контрола на Министерство за здравство (Јавно здравје) има одредена фирма која е овластена за увоз, чување и дистрибуција на истиот по нивна препорака по здравствени домови кои се задолжени за имунизацијата на децата во МКД, во неонатолошки оддел новороденчињата се вакцинираат со бесеже вакцина веднаш за 72 ч од раѓање или до недела дена, а најдоцна до вториот месец од раѓањето без претходно тестирање, а кај сите други мора да се направи Манту тест пред да се прими вакцината BSG.
...можно е да прават Манту тест и специјални педијатриски болници (ЈЗУ Институт Козле), како и Специјална болници за белодробно заболување и турбекулоза како што е Јасеново во Велес и Лешок!

имате знак на лево рамо?

...вакцината бесеже- BSG, се дава интракутано во левата надлактица во рамениот дел на делтоидниот мускул, после месец дена од вакцинирањето со бесеже вакцина на местото на апликацијата се јавува инфилтрат во големина од зрно од лешник, што за уште две недели од неа истекува заматена серозна течност, да за после три месеци се добива еден вид „краста“ како доказ за BSG вакцината, значи тој знак на лева рака највероватно е од вакцина бесеже!

Прегледај го приврзокот 254010 Прегледај го приврзокот 254011 Прегледај го приврзокот 254014 Прегледај го приврзокот 254015

... пред да се аплицира вакцината би требало да се направи Манту тест, но поради вашата возраст се смета дека веќе немате антитела од предходната бесеже вакцина, па затоа 1999 година ви се аплицира нова доза BSG вакцина (ревакцинација), а 2000 година со Манту тест највероватно да се види дали е активна антителата и реагира на агенсот турбекулин ППД што се става при Манту тестирање!
... ППД т.е. турбекулин агенс при Манту тест се увезува од Бугарија, па највероватно затоа можеби дојде до дефицит поради пандемијава и затворање на границите, но можно да се има некоја количина во институциите што ги спомнав погоре (флакон на ППД е како 10 дозен тест така да би требало да се планира и организира во исто време на десет пациенти да се направи Манту тест).

што е тимус и тинектомија?

...тимусот е средишен лимфен орган (ендокрина жлезда) кој има значајна улога во имунитетот, ако на истиот се појавувааат разни туморозни формации т.н. „тимоми“, па покрај друг приод, хемотерапија итн, може да се отстрани тимусот т.е. се врши тинектомија што ја направивте во 1995 година, со напомена дека кај возрасните (ваша 45 годишна возраст при отстранување) не предизвикува имунолошки дефицит (тимус повеќе важен кај млада популација максиумум до пубертет, оти кај постарите природно тимусот веќе е атрофиран во масно ткиво), така да не треба толку да стравувате на ваша позрела возраст дека немате тимус и да мислите дека сте имунолошки слаби, а не сте! (y)
Кај мене има огромна лузна од оваа вакцина.Сум прашал кај специјалист шо да правам ми вика да не го чепкам.Причина?
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.624
Поени од реакции
34.810
Кај мене има огромен знак од оваа вакцина.Сум прашал кај специјалист шо да правам ми вика да не го чепкам.Причина?
... мислиш знак од вакцината Бе-Се-Же на лева надлактица во рамениот дел?
огромниот знак или лузна што ја имаш после вакцинирање со ова вакцина или ако си се ревакцинирал, укажува на твој добар имунитет т.е. добра создадена антитела против турбекулоза по вакцинацијата со Бе-Се-Же!
... кај тие особи каде лузната е мала или неприметлива значи поради Х состојби во тој момент на организмот или имунолошкиот одговор не се создаде доволна антитела т.е. дека нема толку добар имунитет против турбекулозата!
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
... мислиш знак од вакцината бесеже на лева надлактица во рамениот дел ?
На рамо од лева страна.Значи лузна од вакцината која место да се повлечи со текот на годините се прошири.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.624
Поени од реакции
34.810
На рамо од лева страна.Значи лузна од вакцината која место да се повлечи со текот на годините се прошири.
ако мислиш од вакцинирање од кога си бил мал, па сега ? па не треба да се повлече, таа лузна треба да остане цел живот, а можеби малку ти се прошири поради мускулатурата, но тој знак треба да остане најмалку 50 години колку се мисли дека опстанува како активна антителата против турбекулоза во телото!
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
ако мислиш од вакцинирање од кога си бил мал, па сега ? па не треба да се повлече, таа лузна треба да остане цел живот, а можеби малку ти се прошири поради мускулатурата, но тој знак треба да остане најмалку 50 години колку се мисли дека опстанува како активна антителата против турбекулоза во телото!
Да да бесеже вакцината која ја примавме ко деца.Не верувам дека е само од мускулатурата.Можда е некоја претерана реакција на организмот на вакцината,не знам.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.624
Поени од реакции
34.810
Да да бесеже вакцината која ја примавме ко деца.Не верувам дека е само од мускулатурата.Можда е некоја претерана реакција на организмот на вакцината,не знам.
примена од детство сега така да реагира т.е. да се прошири оти ништо не реагира! пак ќе кажам добра лузна, голема добар имунитет, активна антитела против турбекулоза!
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
примена од детство сега така да реагира т.е. да се прошири оти ништо не реагира! пак ќе кажам добра лузна, голема добар имунитет, активна антитела против турбекулоза!
Камо да е така.Се надевам дека си во право.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
....што е тимус и тинектомија?

...тимусот е средишен лимфен орган (ендокрина жлезда) кој има значајна улога во имунитетот, ако на истиот се појавувааат разни туморозни формации т.н. „тимоми“, па покрај друг приод, хемотерапија итн, може да се отстрани тимусот т.е. се врши тинектомија што ја направивте во 1995 година, со напомена дека кај возрасните (ваша 45 годишна возраст при отстранување) не предизвикува имунолошки дефицит (тимус повеќе важен кај млада популација максиумум до пубертет, оти кај постарите природно тимусот веќе е атрофиран во масно ткиво), така да не треба толку да стравувате на ваша позрела возраст дека немате тимус и да мислите дека сте имунолошки слаби, а не сте! (y)
ВРОНГ
..Одамно е утврдено, Тимусот има кај доста луѓе функција цел живот, тоа за масно ткиво е измислица на нашите неуролози кој ја узурпираа туѓата медицинска област, Имунологија....а убаво кажа др.Мојсовски, за оваков вирус како К19 најважен е тимусот.... затоа децатаи младите помалку се разболуваат во тешка форма... всушност трака е и за баналната настинка
јас кога бев опоериран клинички центар имаше неуролог( др. Љапчев )
за пациентите со опериран тимус
 
C

CoolIris

Гостин
Тимусот е суштински орган за развој на имунолошкиот систем. Го контролира целиот имунолошки систем и имунолошкото функционирање на организмот. Клучното нешто, кога станува збор за тимусот е тоа што овде се создаваат прогениторни клетки кои потоа подлежат на процеси на созревање и диференцијација во зрели Т клетки. Значи, тимусот има клучна улога во тренингот на овие Т лимфоцити да се борат со инфекцијата. Овој орган е најголем и најактивен е за време на неонаталниот и предадолесцентниот период, потоа постепено инволуира и се заменува со масно ткиво.

Тимектомијата (отстранување на тимус) секако дека има последици, кои првенствено зависат од возраста кога е направена истата. Прераното отстранување (неонатален период до адолесценција), може да биде причина за поголем број на инфекции, автоимуни болести, атопични болести (алергии, астма), канцер (со оглед на тоа што Т клетките имаат витална улога во превенција на канцер!).

Е сега, тука се поставува прашањето, дали можеби, ваквата инволуција на тимусот е клучна, за покренувањето низата настани, на стареењето кај човекот?! (Барем нешто што јас отсекогаш сум го размислувала). Бидејќи, како што луѓето стареат, така одбраната против инфекции е се послаба а и се поголема е веројатноста имунолошкиот систем туѓото да го погреши за своето, па тогаш ги напаѓа своите сопствени клетки и ткива (тоа се нели, автоимуните болести). Поголем е на пример процентот на стари лица со ревматоиден артрит (уште едно автоимуно заболуваење), исто карциноми.

Значи и покрај тоа што инволуира, мое лично мислење е дека сепак можеби и има некоја поврзаност со сите тие работи кои ги спомнав погоре, што на крајот се сведува на тоа дека важноста на овој орган со стареењето не треба да се игнорира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom