Ајде Конкретно прашање:ќе полнам наесен 70години. Вакциниран сум како дете со БСЖ, подоцна 1972 Вариола Вера, а 1999 пак БСЖ, а 2000 само Манту проба. Имам ЗНАК само на Левото раме...Од што е ??Сакав пак да направам Манту проба, не можело приватно; како да утврдам дали има резон да примам БСЖ вакцина ?? Бу тхе веј ЗАБРАНЕТИ ми се сите вакцини против грип од 1994, по тимектомијата...Имаше на ТВ Телма емисија со др Ставриќ, имаше и од други прашања за оваа работа. Некако успеав да добијам и поставив прашањето, ама др Ставриќ го изврти и замагли , демек сум бил опериран од тонзили
...Дали може некаде во комшии во Странство, Приватно да се напраи Манту проба за возрасен како мене ?.. не верувам дека е многу скапо?
што е Манту тест или Mantoux проба?
...тоа е тестирање за да се види каков е имуниот одговор на организамот на туберкулозните антигени, но и дали се дошло во допир со Mycobacterium tuberculosis бактеријата одговорна за турбекулозата (за рано откривање) ако има над 15 мм папулата што укажува на започнат турбекулозен процес, инаку се инјектира субкутано (подкожно) на левата подлактица (предната страна) на мало количество на антиген туберкулозен протеин т.н. ППД -10 ИЕ за возрасни (ППД не содржи живи бактерии на Mycobacterium tuberculosis),
резултати се читаат после 2- 3 дена со ленир се мери создадената папула која реагира на (Mycobacterium tuberculosis), ако има реакција или не!
...на фотографијата лево е правилно мерење, десно неправилно, оти не се мери црвенилото туку само испакнатиот дел папула,
-до 5 мм значи пациентот нема имунитет (или прима лекови имуносупресори што го кочат имунитетот)
-од 5 до 10мм пациентот има имунитет кон таа бактерија
-од 10 - 15 мм пациентот има многу силен имунитет
над 15 мм можен веќе почнат турбекулозен процес.
...значи ако сте имале испод 5 мм кај вас нема антитела од ставената БСЖ вакцина во 1999 или пак слабо реагира на турбекулозни антигени, па со тоа и на (Mycobacterium tuberculosis) т.е. турбекулоза ако се инфицирате меѓувремено, ако сте имале од 5-10 мм дијаметар на папулата тогаш имате антитела од БСЖ вакцината т.е. заштита ако дојдете во контакт со бактеријата прдизвикувач на турбекулозата, ако сте имале 10-15 мм тогаш имуниот систем побурно реагирал т.е. имате многу антитела!
...ревакцинација кај возрасни не е препорачлива доколку не се направи на млади години!
...инаку не се прави Манту тест на пациент склон кон алергиски дерматолошки реакции и моментална ниската имуносотојбата, поради дразнење со агенс (во овој случај со туберкулин).
...да повторам, правилно мерење на испакнатоста каде се боцна пациентот (папула) се врши само на тоа издигнување, а не со црвенилото околу !
... кај пациенти со докажана туберкулозна инфекција нема потреба од Манту тест,
каде може да направите Манту тест?
... на „приватно“ не може да се направи Манту тест, оти самото увезување на ППД (турбекулин агенс) е под контрола на Министерство за здравство (Јавно здравје) има одредена фирма која е овластена за увоз, чување и дистрибуција на истиот по нивна препорака по здравствени домови кои се задолжени за имунизацијата на децата во МКД, во неонатолошки оддел новороденчињата се вакцинираат со бесеже вакцина веднаш за 72 ч од раѓање или до недела дена, а најдоцна до вториот месец од раѓањето без претходно тестирање, а кај сите други мора да се направи Манту тест пред да се прими вакцината BSG.
...можно е да прават Манту тест и специјални педијатриски болници (
ЈЗУ Институт Козле), како и Специјална болници за белодробно заболување и турбекулоза како што е Јасеново во Велес и Лешок!
имате знак на лево рамо?
...вакцината бесеже- BSG, се дава интракутано во левата надлактица во рамениот дел на делтоидниот мускул, после месец дена од вакцинирањето со бесеже вакцина на местото на апликацијата се јавува инфилтрат во големина од зрно од лешник, што за уште две недели од неа истекува заматена серозна течност, да за после три месеци се добива еден вид „краста“ како доказ за BSG вакцината, значи тој знак на лева рака највероватно е од вакцина бесеже!
... пред да се аплицира вакцината би требало да се направи Манту тест, но поради вашата возраст се смета дека веќе немате антитела од предходната бесеже вакцина, па затоа 1999 година ви се аплицира нова доза BSG вакцина (ревакцинација), а 2000 година со Манту тест највероватно да се види дали е активна антителата и реагира на агенсот турбекулин ППД што се става при Манту тестирање!
... ППД т.е. турбекулин агенс при Манту тест се увезува од Бугарија, па највероватно затоа можеби дојде до дефицит поради пандемијава и затворање на границите, но можно да се има некоја количина во институциите што ги спомнав погоре (флакон на ППД е како 10 дозен тест така да би требало да се планира и организира во исто време на десет пациенти да се направи Манту тест).
што е тимус и тинектомија?
...тимусот е средишен лимфен орган (ендокрина жлезда) кој има значајна улога во имунитетот, ако на истиот се појавувааат разни туморозни формации т.н. „тимоми“, па покрај друг приод, хемотерапија итн, може да се отстрани тимусот т.е. се врши тинектомија што ја направивте во 1995 година, со напомена дека кај возрасните (ваша 45 годишна возраст при отстранување) не предизвикува имунолошки дефицит (тимус повеќе важен кај млада популација максиумум до пубертет, оти кај постарите природно тимусот веќе е атрофиран во масно ткиво), така да не треба толку да стравувате на ваша позрела возраст дека немате тимус и да мислите дека сте имунолошки слаби, а не сте!