Вакцини на BioNTech-Pfizer и Moderna против САРС-Ко2

Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
... јас само пренесувам тоа што пишува на договорот на албанската влада со Фајзер, не кажувам свое мислење ниту за Фјазер ниту за други антиковид вакцини, а пошто не го знаеш договорот ниту што пишува, не знам како така коментираш, сите држави имаат договори, но не се во тајност, како тоа мое здравје да биде нечив таен договор, посебно за новите мРНК технологии? :toe:
... велиш, 12 долари за една доза дали е фер? не знам дали изразот „фер“ е соодветен, ама како што читам дека осум најпродавани антиковид вакцини во прва четвртина во 2021 година се 2000 билиони долари, дали е тоа фер, што мислиш? САД 19,5 ама за Израел една доза на Фајзер 62 долари? како може така?

Прегледај го приврзокот 303503

...ако еден договор има трајност 10 години (30 години за Израел) со снабдување на антиковид вакцина Фајзер, не е логички дека и толку време се предвидува и самото снабдување?

повели, доколку си заинтересиран прочитај го договорот!
послем градењето на фабрики у Србија за вакцини зашо овој факт те изненадува? ке си биде ко за сезонскиот грип и тоа е тоа


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...како сезонски грип ќе биде од 01.01.2022 година,
до 31.12.2021 ќе се води и како коронавирус со детекција со Ковид19 ПЦР тестови, после тоа нема да важат овие тестови, барем таква препорака е дадена од ФДА и ЕУА до сите лаборатории, односно:
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
... јас само пренесувам тоа што пишува на договорот на албанската влада со Фајзер, не кажувам свое мислење ниту за Фјазер ниту за други антиковид вакцини, а пошто не го знаеш договорот ниту што пишува, не знам како така коментираш, сите држави имаат договори, но не се во тајност, како тоа мое здравје да биде нечив таен договор, посебно за новите мРНК технологии? :toe:
... велиш, 12 долари за една доза дали е фер? не знам дали изразот „фер“ е соодветен, ама како што читам дека осум најпродавани антиковид вакцини во прва четвртина во 2021 година се 2000 билиони долари, дали е тоа фер, што мислиш? САД 19,5 ама за Израел една доза на Фајзер 62 долари? како може така?

Прегледај го приврзокот 303503

...ако еден договор има трајност 10 години (30 години за Израел) со снабдување на антиковид вакцина Фајзер, не е логички дека и толку време се предвидува и самото снабдување?

повели, доколку си заинтересиран прочитај го договорот!
Имаш договорот со Катар? Ме интересира.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Имаш договорот со Катар? Ме интересира.
... Не, ама со Израел на 30 години склучен договор за антиковид вакцина, баш ме интересира кај да е ќе го пробијат, како и да е договор се склучува временски колку се мисли да се користи тоа што се договара, така да набргу ќе биде антиковид вакцина само сезонска- антиковид вакцина, логички поинаку не може да се објасни!
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
... Не, ама со Израел на 30 години склучен договор за антиковид вакцина, баш ме интересира кај да е ќе го пробијат, како и да е договор се склучува временски колку се мисли да се користи тоа што се договара, така да набргу ќе биде само сезонска вакцина, друг не може да се објасни логички!
Од кај знајш ти што се договорија? Можеби 30 години им гарантираат иста цена, што би било фер? Штом јака држава прави таков договор не гледам дека ги излажале.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Од кај знајш ти што се договорија? Можеби 30 години им гарантираат иста цена, што би било фер? Штом јака држава прави таков договор не гледам дека ги излажале.
... за иста Фајзер антиковид вакцина за Албанија кошта 12.00 $, за УСА 19.50 $ , а за Израел кошта 62.00 $ тоа е ,,јака држава,, :toe:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
"Се игра тука некоја игра" @bijons.

Зар треба да очекуваме некој кој нема претстава како функционира пазарна економија да разбере како се формира ценовна политика?

Абе, како имаш енергија во секоја ситница да најдеш заговор за уништување на човештвото, а немаш за да сфатиш дека цената може да зависи од милион фактори меѓу кои моментална побарувачка, приоритетна испорака и договорена количина?

Да не беа ориентирани на бизнис, секако дека ќе ги направеа "open source" вакцините. Во моментов, нема зошто да е така. Вложиле милијарди и милијарди и сега се во позиција да си формираат какви договори сметаат дека е потрено за да соберат највеќе од побарувачите. Не знам што е толку шокантно во договоров, ама ајде, можда ќе ни појасниш пак :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.822
Поени од реакции
10.551
10 дена после примање на прва доза Фајзер сѐ уште го чувствувам мускулот на раката како да ми е истегнат. Местото каде што беше убодот воопшто не боли, нелагодноста е од внатрешната страна на раката околу пазувите и се простира по бицепсот. Немам ништо на кожата што би покажало дека има некаков проблем, ниту пак имав некакви потешки симптоми после вакцината. Има некој вакво искуство?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
10 дена после примање на прва доза Фајзер сѐ уште го чувствувам мускулот на раката како да ми е истегнат. Местото каде што беше убодот воопшто не боли, нелагодноста е од внатрешната страна на раката околу пазувите и се простира по бицепсот. Немам ништо на кожата што би покажало дека има некаков проблем, ниту пак имав некакви потешки симптоми после вакцината. Има некој вакво искуство?
Да, со Синофарм, траеше до 10 дена после втората доза
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Министерството за здравство ги издаде упатствата за антиковид вакцини (конечно во јули2021 год), конкретно за Pfizer & BioNTech's COVID-19 vaccine (со ново бренд име Comirnaty),

- збунувачки во текстот за антиковид вакцина се спомнува дека е „лек“!
- збунувачки е температурата на чување во фрижидер од -90 °C до -60 °C., за да после одмрзнување, антиковид вакцината треба да се разреди и веднаш да се користи,
за потоа друго ново променето упатство од првичните протоколи, со образложување дека податоците за стабилност во употреба покажаа дека откако ќе се извади од фрижидер, неразредената антиковид вакцина може да се чува најмногу 1 месец на температура од 2°C до 8°C, па во рамки на рокот на траење од 1 месец на температура од 2°C до 8°C, за транспорт може да се користат најмногу 12 часа, а пред употреба, неотворената антиковид вакцина може да се чува најмногу 12 часа на температура до 30°C?
(тогаш која е таа логика на такво чување на -70С, за да може да седи 12ч до 30С)

- да видиме што содржи антиковид вакцината Фајзер?

активната супстанца е mRNA вакцина за COVID-19, после разредување, вијалата содржи 6 дози од 0.3 mL со по 30 микрограми mRNA во секоја,
другите состојки се:
- ((4-хидроксибутил)азанедил)бис(хексан-6,1-диил)бис(2 хексилдеканоат) (ALC-0315)
− 2-[(полиетиленгликол)-2000]-N,N-дитетрадецилацетамид(ALC-0159)
− 1,2-дистеароил–сн-глицеро-3- фосфохолин (DSPC)
− холестерол
− калиум хлорид
− калиум дихидроген фосфат
− натриум хлорид
− динатриум фосфат дихидрат
− сахароза
− вода за инјекции
... антиковид вакцината е бела до белузлава дисперзија (pH 6.9 - 7.9) обезбедена во вијала за повеќе дози од 6 дози во проѕирна вијала од 2 mL (стакло тип I), со гумен затворач и капаче што се отстранува со алуминиумска заптивка.
...интересно што приметив, да датум на одобрение и за ставање во промет на „лекот“ Фајзер во МКД е од 08.06.2021 год, а првата антиковид вакцина Фајзер токму кај медицински лица беше аплицирана на крај на месец март,

и на крајот текстот за кој нема да коментирам:

,,...За овој лек е издадено „условно одобрување“. Тоа значи дека се чекаат дополнителни докази за овој лек. Европската агенција за лекови ќе ги ревидира новите информации за овој лек најмалку секоја година и ова упатство ќе се ажурира по потреба.

... во спојлер го има целото упатство за антиковид вакцината Фајзер, како и самата припрема за аплицирање,

giphyзњ.gif
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Comirnaty
(mRNK вакцина против COVID-19) ризик од миокардитис и перикардитис


...званично известување од носителот на одобрение за ставање на промет на лекови за вакцината Comirnaty ( претходно одобрена со името Pfizer -BioNTech COVID-19 :

- Случаеви на миокардитис и перикардитис забележани се многу ретко во примена на mRNK вакцина против COVID-19- Comirnaty.

- Овие случаи примарно се јавиле во текот на првите 14 дена по вакцинација , најчесто по примена втора доза и кај помлади мажи.

- Достапните податоци укажуваат на тоа дека текот на миокардитисот и перикардитисот по вакцинација не се разликува значително од вообичаениот тек на миокардитисот и перикардитисот.

Вакцината Comirnaty е индицирана за активна имунизација со цел превенција на болеста COVID-19 предизвикана од вирусот Sars-CoV-2 кај лица на возраст од 12 години и постари.

Пријавените случаи на миокардитис и перикардитис биле поврзани со примена на mRNK вакцина против COVID-19.

Комитетот за проценка на ризик (PRAC) при Европска агенција за лекови (EMA), според проценката на сите достапни податоци и донесе заклучок дека постои рационална можност за причинско последична поврзаност помеѓу примената на mRNK вакцина против COVID-19 и појава на миокардитис и перикардитис.

- На териротија на Европска економска зона (ЕЕА) абележани се 145 случаеви кај лица кои примиле вакцина Comirnaty, како и 19 лица кои ја примиле вакцината Spikevax (mRNK вакцина против COVID-19 на Moderna регистрирана во ЕУ), 138 случаи на перикардитис кај лица кои примиле Comirnaty како и 19 лица кои ја примиле вакцината Spikevax, се смета дека во ЕЕА 177 милиони дози на Comirnaty заклучно со 31 мај и 20 милиони дози од вакцината на Модерна-Spikevax.

***
Вакцинираните да побараат итна медицинска помош доколку кај нив се појават болки во гради, недостаток на воздух или палпитации!!!
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Лиценцирање на антиковид вакцина Comirnaty - Pfizer-BioNTech COVID-19! 23.08.2021

... на 23ти август 2021 Comirnaty со претходно име Pfizer-BioNTech COVID-19 Vaccine, доби авторизација од ФДА за примена против болеста К19 кај особи постари од 16 години, додека за тие под 16 години до 12 години, како и тие кои би ја зеле како трета доза остана САМО за итна употреба,

,,..On August 23, 2021, the FDA approved the first COVID-19 vaccine. The vaccine has been known as the Pfizer-BioNTech COVID-19 Vaccine, and will now be marketed as Comirnaty, for the prevention of COVID-19 disease in individuals 16 years of age and older. The vaccine also continues to be available under emergency use authorization (EUA), including for individuals 12 through 15 years of age and for the administration of a third dose in certain immunocompromised individuals...,,

ice_screenshot_20210828-205014.jpeg

во продолжеток (кликни спојлер), каде се назначени и клиничките студии кои се во тек и завршуваат во следните години со обврска за изнесување на резултатите напишани во продолжеток на ова писмо од ФДА до Pfizer-BioNTech за лиценцирање и авторизација!

 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.029
Поени од реакции
4.515
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
ова е од 2009та лол

 

Kajgana Shop

На врв Bottom