ВО ШТО верувате?

nohab87

Калфа
Член од
14 јануари 2012
Мислења
70
Поени од реакции
18
А зошто мора да има прецизно дефинирано верување во нешто/некого? Можеш да веруваш само во очигледните нешта дури и тогаш со резерва, два и три секогаш се пет ако двојката е двојка а тројката е тројка. Проблемот е што понекогаш не си сигурен во точноста на претходниот услов а претпоставената точност или неточност води скоро секогаш кон проблеми.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
А кај ги наоѓаш тие прецизни докази?
Никаде на светот нема ништо прецизно.
Јас некако не сум воодушевена од твоето верување.некако не ми е баш јасно какво е тоа твое верување,но твое е.
Види дефиницијата за прецизно кај мене и кај тебе не е иста. Ама за мене доволно прецизен доказ е дека кога еден човек станува се почесто болен, и установаат со тестови кои се 99% точни дека има сида и причината за неговата болест е самиот тој вирус кој го напаѓа имунолошкиот систем.

Да не би била науката да снабди со овој одговор, кој би бил одговорот? Така му било пишано од бога? Yeah, right.
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 20:22 ---
Да? Иако сум навлезен во науката, не се осмелувам да кажам дека им верувам целосно на физичките докази. Физичките докази се математички прекрасно формулирани, но секогаш ги земам со доза внимание.
Братко, ако не ги земаш со доза внимание, или си глуп или магаре. Нормално е дека апсолутно се треба да го земеш со доза внимание, и малку мозок, затоа шо физичкиот доказ е тој, фиксен, ама ситуацијата може да ја промени релевантноста.
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Види дефиницијата за прецизно кај мене и кај тебе не е иста. Ама за мене доволно прецизен доказ е дека кога еден човек станува се почесто болен, и установаат со тестови кои се 99% точни дека има сида и причината за неговата болест е самиот тој вирус кој го напаѓа имунолошкиот систем.

Да не би била науката да снабди со овој одговор, кој би бил одговорот? Така му било пишано од бога?
Чек малце наука си е наука,а верување си е верување.
Јас верувам во судбина и верувам во Господ нешто што е над нас и Тој прави се со причина.
А науката е од луѓето створена.
Јас ги делам тие поими.
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Верувам само во себе пошо сам ако не си помогнам никој нема, а најмалце господ или Тој.
Се на планетава е од човек створено, освен самата Земја.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Чек малце наука си е наука,а верување си е верување.
Јас верувам во судбина и верувам во Господ нешто што е над нас и Тој прави се со причина.
А науката е од луѓето створена.
Јас ги делам тие поими.
точно, и јас ги делам, ама пак, верата која е заснована на “бог“ нема физички доказ дека тој постои, никој ниту го видел, ниту знае каде е, ниту има представа како изгледа. Се е базирано на бабина деветина. Додека науката, од друга страна, за секое зашто дава затоа, дури и за религијата, науката има и зашто и затоа за секоја можна религија што постои, каде што дефиницијата е малтене иста, страв и мотивација на едно место за општа контрола на масата.
Не ме сфаќај погрешно, јас не верувам во богови енд стаф, бидејќи никој не успеал да ми докаже дека постои. Тоа е тоа.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Верувам во нашите ракометари. Верував и сеуште верувам во кошаркарите. Од фудбалерите се откажав.
Верувам дека вложуваат максимален труд со една и единствена цел- победа за Македонија. Победата ја гледаат како повторно обединета нација, среќни лица, задоволни срца, развиорени знамиња насмеани деца, расположени старци, заљубени млади ехххх, убави мигови. Што и да направат се за мене ке биде победа, доволно е оваа вечер како видов човек кој прв пат влегува во локалнит кафич, радосен извикува: Победааааааааа, дај конобарке што пие цела кафана од мене a а јас од нив едно црвено вино ке се напијам.
Ова не се случува за време на денот на изборите, за денот на независноста, денот на дрвото или екологијата. Ова е ден кога цела Македонска нација слави искрејно од срце, се радува на победа и плаче
на пораз. Излив на емоции кои ги негираат критичарите, во кое се заборава на социалните обврски во кое се заборава на лошите спомени и падежи во животот на која и да е област дали љубовна, работна, здраствена.
Да се здрави и живи е мојот благослов, да ни донесат уште многу вакви моменти, секоја чест им се поклонувам за тоа задоволство што ни го пружат. Вечна да е Македонија.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Верувам само во себе пошо сам ако не си помогнам никој нема, а најмалце господ или Тој.
Се на планетава е од човек створено, освен самата Земја.
Дури и религијата е од човековата фантазија створена, и затоа и јас те поддржувам.
И јас верувам во сам себе, затоа што јас знам дека постојам, додека бог не знаем дека постои, така да ако постои, кога ке дојде тука меѓу нас да го видиме и да знаеме дека е тука, тогаш нема ниту да имаме потрба да веруваме дека тој постои, туку ке знаеме дека тој постои. Ама малку тешко, слабо и иде на религијата, логиката на нештата.
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Дури и религијата е од човековата фантазија створена, и затоа и јас те поддржувам.
И јас верувам во сам себе, затоа што јас знам дека постојам, додека бог не знаем дека постои, така да ако постои, кога ке дојде тука меѓу нас да го видиме и да знаеме дека е тука, тогаш нема ниту да имаме потрба да веруваме дека тој постои, туку ке знаеме дека тој постои. Ама малку тешко, слабо и иде на религијата, логиката на нештата.
Да да и религијата се подразбира под погоре спомнатото "се".Ноу хард филингс али на религијата ништо не и оди освен криминалните зделки на нејзините пропагатори:нинџ:
 
L

Ligeia

Гостин
Компромисот помеѓу религијата во случајов христијанската,бидејќи од такво семејство потекнувам и јас која сум атеист по определба го пронаоѓам само во еден човек а тоа е апостолот Неверни Тома.Човекот како лик од христијанската книга ми е одличен симбол на скептицизмот и додека не го видел Исус со своите очи и не ги допрел неговите рани не поверувал во неговото воскреснување.Моите ме израснале во христијански,традиционален дух но јас откога пораснав и по чист парадокс се определив за професија која се води по науката и зема основа од биологијата,репродукцијата и генетиката некако останав во прашалник и затоа и јас додека не го видам и не го перцепирам Бог со сите мои човечки сетила вид,слух и допир-нема теорија да поверувам.Иако ги имам прочитано основите на повеќето религии морам да заклучам дека во сите пронаоѓам некаква логика освен во нашата религија која ја почитувам но кога се работи за верување повеќе верувам во човечката фантазија и способност за преувеличување бидејќи од својата 5 годишна возраст до ден денес сум сведок на овие ''моќи'' во човештвото:) .Засега верувам само во човечката потреба и олицетворенија на злото и доброто со кои се сретнувам секојдневно и доволно ми е само да ги распознавам но и тоа пак му го должам на мојата стекната свест и воспитување.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Која е потребата да се има точно дефиниран став ? За да се има тотем кон тоно дефинираниот став и да се има лажно суеверие и верба во тоа нешто... Тоа е многу животински луѓе многу ниско свесно.
Реално видете што има смисла а што не тотемизмот е лоша илузија.

Јас верувам во се она што има смисла. А што за мене има смисла ? Се она што моите рецептори (мојата свест) го регистрира и препознава баш во вистинска фаза и смисла.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Во себе :)

“The beauty of the Übermensch came to me as a shadow: what are gods to me now!”

:cool:
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Верувам во сегашниот момент со своите сетила, но со мислите доста лутам надвор од млечниот пат. Сакам да верувам во нешто што било причина за креирање на целиот Универзум, нешто со особини на човек, прекрасни планови и организација, создавајќи ја вечноста за своја игра. Не сакам да се ограничувам базирајќи се на догми туку секојдневно да го спознавам она, повеќе од само коски и мускули, Нешто со бесконечна смисла за креативност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom