Верувам во нашите ракометари. Верував и сеуште верувам во кошаркарите. Од фудбалерите се откажав.
Верувам дека вложуваат максимален труд со една и единствена цел- победа за Македонија. Победата ја гледаат како повторно обединета нација, среќни лица, задоволни срца, развиорени знамиња насмеани деца, расположени старци, заљубени млади ехххх, убави мигови. Што и да направат се за мене ке биде победа, доволно е оваа вечер како видов човек кој прв пат влегува во локалнит кафич, радосен извикува: Победааааааааа, дај конобарке што пие цела кафана од мене a а јас од нив едно црвено вино ке се напијам.
Ова не се случува за време на денот на изборите, за денот на независноста, денот на дрвото или екологијата. Ова е ден кога цела Македонска нација слави искрејно од срце, се радува на победа и плаче
на пораз. Излив на емоции кои ги негираат критичарите, во кое се заборава на социалните обврски во кое се заборава на лошите спомени и падежи во животот на која и да е област дали љубовна, работна, здраствена.
Да се здрави и живи е мојот благослов, да ни донесат уште многу вакви моменти, секоја чест им се поклонувам за тоа задоволство што ни го пружат. Вечна да е Македонија.