Еве ти прво лајк, како CiTro што ги клика.
И еве ти малку реализам:
Не се поважни, ама тие се креаторите на нашата "судбина", за ширењето на лажниот патриотизам и моменталниот национален интерес со високи индекси на 32%+ невработеност (додека Бугарија си го намалија под 8%), инфлацијата, каматните стапки, презадолженоста на народот, банкротот на малите фирмички, додека поголемите компании го собираат медот, монополизацијата на одредени сектори, намерна и наметната акциза,.... да не те трујам многу со податоци, а и во интерес на владиниот интернет кој го користам кој не дозволува еден подолг пост да се прати без да има проблеми. :/
Бев тука кога се креираше ова парче земја, бев во последните генерации пионери, знам како беше.
1. Не можеш да продадеш нешто што не е твое.
2. Нема материјална убавина во едно парче хартија. Многумина не сфатиле што значи да бидеш државјанин на една земја, а што значи да се изјаснуваш према национална определба.
Ова е исто како да речеш дека живееш во Македонија и со самото тоа ти си Православен Христијанин, да негираш постоење на црнци во Македонија, и да забрануваш некој да биде обуен во Јадранки.
Не реков дека умираме од глад. Не умираме, ама не можеме да најдеме пристојна работа, додека гледаме како неквалификувани кадри седат у фотељи, гледаме како некои земаат пари од буџетот, а не работат ништо, гледаме злоупотреби и силување на буџетот, а не можеме никаде да се пожалиме. Имало поцрно и од црниот "Голи оток",.... ама за тоа не е прилика сега.
Не мора некој да биде прозван за да се изјасни по некоја тема. Додека сум тука на форумов и имаме квалитетна дискусија, ќе си пишуваме. Иако сметам дека сето тоа полека се губи и поголемиот дел од членовите немаат ниту трошка храброст да изнесат факти и да дискутираат на ниво без да навредуваат.
Не пробав да те убедам, тоа е прашање на личен интерес. Но, ако еден ден склучиш брак со припадник на друга заедница, сето ова негирање би паднало во вода.