Брука во КАМ маркетите

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.634
Поени од реакции
37.593
...кој беа тие? а пишуваше нешто дополнително за разлика ос другите зејтини? и дали таков зејтин може да се најде на друго место?
 
Последно уредено:

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.548
Поени од реакции
2.737
...кој беа тие? а пишуваше нешто дополнително за разлика ос друфите зејтини? и дали таков зејтин може да се најде на друго место?
Mislam deka samo Kam ima pravo da gi nosi tuka,garant nekoj ekskluziven dogovor so niv.Ama ne e samo zejtin.Imaat i mnogu drugi produkti od ovaa firma sto samo vo Kam gi imam videno (majonez,maslinki i drugi nekoj slicni proizvodi)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.634
Поени од реакции
37.593
Mislam deka samo Kam ima pravo da gi nosi tuka,garant nekoj ekskluziven dogovor so niv.Ama ne e samo zejtin.Imaat i mnogu drugi produkti od ovaa firma sto samo vo Kam gi imam videno (majonez,maslinki i drugi nekoj slicni proizvodi)
... ме интересира дали на шишето пишува ,,специјално се полни за потребите на КАМ,,, одосно го добиваат во рефуз, а го полнат во еднолитарско шише?
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.723
Поени од реакции
6.103
... ме интересира дали на шишето пишува ,,специјално се полни за потребите на КАМ,,, одосно го добиваат во рефуз, а го полнат во еднолитарско шише?
Ne, ne...
Najverovatno pisuva "proizvedeno za Kam", ama ne e refus/polneto...
Toa se Private labels
Автоматски споено мислење:

Mislam deka samo Kam ima pravo da gi nosi tuka,garant nekoj ekskluziven dogovor so niv.Ama ne e samo zejtin.Imaat i mnogu drugi produkti od ovaa firma sto samo vo Kam gi imam videno (majonez,maslinki i drugi nekoj slicni proizvodi)
Ne.
"Le Bon " e privaten brend. Isto kako "Extra" na Tinex, ili "5" na Zito... Ne e toa firma ili ekskluziven dogovor...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.634
Поени од реакции
37.593
download (2).jpeg images (1).jpeg
...и други маркети има производи кои од големи количини рефус препакуваат во мали количини од кило назначувајќи на пример ,,Веро шеќер, ,, Кипер грав,,.
" Акцијата на „КАМ маркет“, во која се подаруваше масло „Ле бон“ за секоја сметка од 800 денари, во овие кризни времиња беше осмислена со добра намера и единствено со фокус на нашите лојални потрошувачи, велат во реакцијата испратена до медиумите.

-Вакви промоции се редовна пракса во сите бранши во трговија на мало и услужни дејности, во нашата земја, во регионот и во целиот свет. Поради нарушувањата на пазарот, како последица на актуелните случувања во светот, менаџментот на „КАМ“ направи напор и успеа да обезбеди пратка од 38.000 литри масло од приватната марка „Ле бон“ за македонскиот пазар, квалитетен производ со пониска пазарна цена, се вели во реакцијата.

Како што појаснуваат одлуката да се подари целото количество во вредност од 55.000 евра, по принцип на таканаречено условено купување, била донесена од две причини: да се овозможи рамномерна достапност на овој дефицитарен производ, односно да се избегне купување големи количества од страна на помал број лица и истовремено да им се даде подарок на редовните потрошувачи како благодарност за нивната лојалност.

-Сакаме уште еднаш да потенцираме дека во времето на реализацијата на акцијата, на рафтовите во маркетите на „КАМ“ беше достапно маслото „Брилијант“ од 1 и 5 литри. Поради големата побарувачка, количините поставени на рафтовите се трошат брзо, во некои маркети побрзо отколку во другите, и можно е да помине кратко време додека тој недостиг се надополни, додаваат во реакцијата.

Од компанијата посочуваат дека во никој случај не станува збор за намерно отстранување на маслото од рафтовите."
:oeoeoe: (y)
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.701
Извади си Мастер како примател на плата и нема да имаш провизија на било кој банкомат во земјава и нема да замараш за тие мочани 20 денари. Убаво ти вика Оби, банките одговараат пред НБРМ и не може да ставаат провизии и камати како што ќе им текне, а тие 20 денари за вадење од шалтер или 30 за одржување сметка се морални зашо банките од тоа живеат, исто како што маркетите живеат од разликата помеѓу набавната и продажната цена, механичарот од работната рака итн итн.

Бог да чува каков дноперт, класичен фиромјанец, се чуди зашо банките прават профит, продавниците го крадат, Т-home преваранти слаб нет имаат, ЕВН лопови струја му крадат итн итн. Па не земај плата нигде бе што да ти кажам, исели се на Марс и на рака нека ти даваат марсовците пари.
:lolzz::lolzz::lolzz: :facepalm:

Буквално истото ти го пишуваме и ние, не ти се свиѓа во КАМ, имаш избор, ти дрн дрн јариња. За банките магично ти текна дека имаш избор и нема што да се замараме за мочани 20 денари (па демек од тие 20 денари живееле банките :facepalm:). Лицемерие како што кажав. Истиот лицемер беше и на почетокот на короната, се утепа јадејќи лајна за луѓето, после брат ти излезе дека бил ист како тие што ги вреѓаше, па те снема од темата, како прав патриота, што поддржа бојкот и летово гордо ќе отиде во Грција.

Така е, банките одговараат пред НБРСевернаМ, затоа Еуростандард ги прееба клиентите, кои од страна на државата се присилени преку банка да ги вртат парите, затоа имаме брачен пар, каде едниот е на висока позиција во НБРСМ, одговорен за контрола на банките, а другиот, директор во Стопанска Банка Скопје :aplauz:

Пак читаш селективно. Неколку поста претходно пишав дека нема никаква разлика од профитирањето за време на пандемија и ова со зејтинот.
Девојче, не се мешај, видовме дека лесно ти се рони бисерот, созреј, па после полесно ќе реагираш на спротивставени мислења.
Не е исто, бидејќи за време на пандемијата бевме (и сеуште) присилени, нема избор. Прави разлика од присилен и имањето избор.

На Топлата и другите што се закатанчивте за одлука на приватен субјект, не ви е проблем да дадете 50еур за некое апче/лек кое реално кошта 1еур, или на сестрите/докторите во државните клиники, плик со пари за да завршат работа за кој со години сте плаќале. Ама за зејтин, кој на долг рок со често користење, го нарушува здравјето, е тоа треба да биде евтино. (y)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
...кој беа тие? а пишуваше нешто дополнително за разлика ос другите зејтини? и дали таков зејтин може да се најде на друго место?
Може истиот да е со Брилијант, само никогаш не смее да излезе инфо која фирма го полни.
Ова е нормално во бизнисот, ако потпишеш ексклузивен договор со предефинирани количини, и гарантираш дека ќе ги откупиш во текот на одреден период, тој што произведува не се замара тоа да биде со негова лепенка, туку се полни со лепенка од купувачот.
Ајварите, конзервираните производи, огромен број се полнат и произведуваат во конзервни фабрики кои на пример во Тинекс носат под нивен бренд и таму се поскапи за 30-40%.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
На Топлата и другите што се закатанчивте за одлука на приватен субјект, не ви е проблем да дадете 50еур за некое апче/лек кое реално кошта 1еур, или на сестрите/докторите во државните клиники, плик со пари за да завршат работа за кој со години сте плаќале. Ама за зејтин, кој на долг рок со често користење, го нарушува здравјето, е тоа треба да биде евтино. (y)
...... и не знаеш да извлечиш заклучок од напишаното. :pipi:

Ја никаде не се бунам зошто зејтинот кошта 150 денари, туку се бунам заради тоа што го кријат зејтинот во магацинот за да после истиот тој зејтин му го препорадаваат на народот по повисоки цени. И така креираат паника, па народот е во состојба да се истепа меѓусебно за едно шише зејтин....дури и кога реално нема никаква потреба од такво нешто. Зејтин, брашно, шеќер, сол, шпагети, макарони, паштети, конзерви....има во сите други маркети, така да беспотребна е целата галама.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.364
Поени од реакции
10.262
:lolzz::lolzz::lolzz: :facepalm:

Буквално истото ти го пишуваме и ние, не ти се свиѓа во КАМ, имаш избор, ти дрн дрн јариња. За банките магично ти текна дека имаш избор и нема што да се замараме за мочани 20 денари (па демек од тие 20 денари живееле банките :facepalm:). Лицемерие како што кажав. Истиот лицемер беше и на почетокот на короната, се утепа јадејќи лајна за луѓето, после брат ти излезе дека бил ист како тие што ги вреѓаше, па те снема од темата, како прав патриота, што поддржа бојкот и летово гордо ќе отиде во Грција.

Така е, банките одговараат пред НБРСевернаМ, затоа Еуростандард ги прееба клиентите, кои од страна на државата се присилени преку банка да ги вртат парите, затоа имаме брачен пар, каде едниот е на висока позиција во НБРСМ, одговорен за контрола на банките, а другиот, директор во Стопанска Банка Скопје :aplauz:



Девојче, не се мешај, видовме дека лесно ти се рони бисерот, созреј, па после полесно ќе реагираш на спротивставени мислења.
Не е исто, бидејќи за време на пандемијата бевме (и сеуште) присилени, нема избор. Прави разлика од присилен и имањето избор.

На Топлата и другите што се закатанчивте за одлука на приватен субјект, не ви е проблем да дадете 50еур за некое апче/лек кое реално кошта 1еур, или на сестрите/докторите во државните клиники, плик со пари за да завршат работа за кој со години сте плаќале. Ама за зејтин, кој на долг рок со често користење, го нарушува здравјето, е тоа треба да биде евтино. (y)
Бадијала ме спомнуваш, нема никаква врска твојата споредба што ја направи..но, еве ќе се откантанчам, Кам си го доби заслуженото и нема веќе поента да вергламе.
Поздрав душо.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.967
Поени од реакции
42.684
:lolzz::lolzz::lolzz: :facepalm:

Буквално истото ти го пишуваме и ние, не ти се свиѓа во КАМ, имаш избор, ти дрн дрн јариња. За банките магично ти текна дека имаш избор и нема што да се замараме за мочани 20 денари (па демек од тие 20 денари живееле банките :facepalm:). Лицемерие како што кажав. Истиот лицемер беше и на почетокот на короната, се утепа јадејќи лајна за луѓето, после брат ти излезе дека бил ист како тие што ги вреѓаше, па те снема од темата, како прав патриота, што поддржа бојкот и летово гордо ќе отиде во Грција.

Така е, банките одговараат пред НБРСевернаМ, затоа Еуростандард ги прееба клиентите, кои од страна на државата се присилени преку банка да ги вртат парите, затоа имаме брачен пар, каде едниот е на висока позиција во НБРСМ, одговорен за контрола на банките, а другиот, директор во Стопанска Банка Скопје :aplauz:



Девојче, не се мешај, видовме дека лесно ти се рони бисерот, созреј, па после полесно ќе реагираш на спротивставени мислења.
Не е исто, бидејќи за време на пандемијата бевме (и сеуште) присилени, нема избор. Прави разлика од присилен и имањето избор.

На Топлата и другите што се закатанчивте за одлука на приватен субјект, не ви е проблем да дадете 50еур за некое апче/лек кое реално кошта 1еур, или на сестрите/докторите во државните клиники, плик со пари за да завршат работа за кој со години сте плаќале. Ама за зејтин, кој на долг рок со често користење, го нарушува здравјето, е тоа треба да биде евтино. (y)
бафре, океј е тоа прифатен субјект и останато. Али ратно профитерство не е океј. Вакви манипулации со основни прехрамбени продукти и енергенси не смеат да бидат толерирани.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.610
Поени од реакции
115.089
Истиот лицемер беше и на почетокот на короната, се утепа јадејќи лајна за луѓето, после брат ти излезе дека бил ист како тие што ги вреѓаше, па те снема од темата, како прав патриота, што поддржа бојкот и летово гордо ќе отиде во Грција.
?
Ти не си нешто добар и ме мешаш со некого изгледа, трето нема.

И стварно не знам како да ти се нацрта дека имање на залиха од ОСНОВЕН ПРЕХРАНБЕН ПРОДУКТ и неставање во продажба на истото а притоа тераш акции за тој производ е казниво со закон.

Значи да ти нацртам, ако КАМ имале по рафтовите зејтин и правеле акција тогаш тоа е ок и нивен проблем, ама ако КАМ имале залихи и немало на рафтовите зејтин, а правеле акција за гратис зејтин со над 800 денари сметка тогаш заслужена им е казната.

Да не се разбереме погрешно, јасно е дека на секој приватњак целта е профит, ама си има одредени граници сето тоа. Еве ми стига порака дека СПОРТ М има акција и ваучер од 500 денари во нивните продавници за сметка над 3500 денари. Значи ако купиш нешто во вредност од 3500+ денари имаш ваучер од 500 денари за да си купиш нешто кај нив. Ова е нивна интерна акција и нема ништо незаконско овде, они можаат и имаат право без пари да делат патики ако сакаат ако не прекршуваат некој дел од законот. Вие што се буните не сфаќате дека одредени прехранбени продукти се заштитени со закон баш ради вакви работи, затоа и имаше замрзнување на цените на таквите производи пред 2 месеци, за да не ја осети народот премногу кризата, барем за основните работи.

И да, за Еуростандард крива е државата т.е. НБРМ, се слагам за тоа со тебе. Имаа шанса да ја спасат, не се нафатија, изгледа им одговараше да пропадне. Друга е причата со останатите банки, Стопанска е со грчки капитал, Халк со турски итн, така да тие банки пропаѓање мало сутра.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.199
Поени од реакции
18.303
Ја следев горе-долу ситуацијата и овде што се пишува и забележав дека и според написот од Кам, како и според пишувањето овде, маркетот најверојатно сам си пукаше во колено.

Не е поентата да се навлегува дали казната била голема, дали важела за сите или не, нормално знаеме дека во оваа држава не постои еднаква примена на правила и прописи во државата. Јас сум сигурен дека вакви прекршоци имаат направено многу трговци, само сега времето е такво и работите се многу поосетливи.

Суштината како што јас гледам е многу едноставна.

Акцијата која што ја организирал КАМ е сосема легитимна и во ред, само ако (ова е многу важно) истиот тој зејтин кој го давале гратис за сметки над 800 денари е достапен за слободно купување, согласно утврдена цена, без услов на висината на сметката.

Просто кажано, ситуација 1, оди Петре да пазарува во КАМ, прави сметка над 800 денари и му велат, еве господине повелете шише зејтин, имаме акција и го доделуваме гратис. Благодарам, пријатно.

Е сега, ситуација 2, оди Трајанка во КАМ, и нејзина потреба како потрошувач е да купи само зејтин. Сака да го купи зејтинот Ле Бон (избор на потрошувачот), го зема и на каса и велат:

- Сценарио 1: Го чукат на касата, и велат 90 денари госпоѓо и даваат фискална, фала пријатно (во ова сценарио, акцијата на КАМ е законска)

- Сценарио 2: И велат, се извинуваме госпоѓо, овој зејтин не се продава, единствено е достапен гратис, но (забрането условување, според точка 3, чл.136 што некој го постави поназад некоја страна) само со сметки над 800 денари. (во ова сценарио, акцијата на КАМ е незаконска).

Уште полошо е, ако тие го имале производот, но истиот бил сокриен/недостапен и го давале само на каса со сметки над 800 денари, со што вршат еклатантно измамничко однесување, давајќи погрешни информации за достапноста на производот, многу јасно наведено и експлицитно забрането во законот, согласно чл.31 б.

Така да, КАМ треба да даде еден, едноставен одговор:

Дали производот предмет на акција (во овој случај зејтинот Ле Бон), во текот на спроведувањето на акцијата, бил слободно достапен за купување по одредена цена?

Ако одговорот е да, тие се чисти. Ако е не, тогаш си сносат вина.

Јас верувам дека ова е ненамерна грешка и нивната цел била добра, но сепак.

Еве ќе го цитирам мислењето каде што ги има законите кои ги цитирам, да бидеме на чисто.

Претпоставувам не си економист и не разбираш некои работи, ќе пробам да ти поедноставам иако @Stefan-kobe и @Zlatikevichius кажаа се што требаше да се каже. Значи се е тоа у реду што си го пишала со акцијата и се слагам да има таква акција се додека трае кризава и сум за да има секакви акции од тој тип се додека се во рамки на законот. Меѓутоа додека на рафтови немаш ниту еден зејтин ставено (у овој пример КАМ маркет), а си ги повлекол во магацин и ги чуваш како залиха за да правиш ваква "акција" е строго казниво со закон. Значи зејтинот, лебот, млекото, маргаринот или путерот и ред други производи ти се конвенционални производи, т.е. твојата егзистенција зависи од нив и кога одиш во продавница не размислуваш воопшто за нивно купување, туку ги купуваш веднаш и без голема споредба или напор за купување. Затоа и постојат закони за нивните цени, да не бидат дискриминирачки, да нема дампиншки цени и менаџерите да немаат дотолку нивно влијание за формирање на цената. Си постојат закони и регулативи. Нема да навлагам дали тие се почитуваат или не, дали се казнуваат бидејќи е друга тема. Во моментов дискутираме за целта на оваа акција.

Тука е проблемот кај КАМ, на производ како што е зејтинот, те условува да направиш сметка од 800 денари за да ти дадат гратис. Еве не можам да направам сметка од 800 денари за да си дозволам основен прехрамбен производ како што е зејтинот, но меѓутоа потребен ми е зејтинот веднаш, во моментот. Треба да го имаат ставено на рафт како опција (вчера го немаше кај мене во КАМ, проверено), за да се купи поединечно по негова регуларна цена, а не единствен пристап до производот да биде со услов, т.е. само ако направиш сметка над 800 денари па да го добиеш истиот гратис иако ти кажале дека количините за зејтин им се потрошиле, кога тоа е потполно неточно и истиот го имаат повлечено само од рафтовите со цел да иницираат поголема продажба на сметка на граѓанинот како што кажав казниво со закон. Вака да функционираше економијата, ехее еве првиот маркет ќе го отворам во некое село каде што луѓето патуваат за да си дозволат основни намирници и со сметка над 400 денари таму ќе продавав леб и млеко.

Не дека не е дозволено да продаваш по пониска цена од набавната, туку овде станува збор за сосема нешто трето. Еве закон согласно таквата продажба како што е случајот со зејтинот.

Лажна информација е дека немаат зејтин за продажба на рафтовите поради тоа што имаат мала количина на зејтин на залиха и истата ја чуваат за овие што ќе направат над 800 денари сметка. Жими газот. Ги повлекле во магацини и лажат дека го немаат како поединечен производ и те условуваат да направиш сметка од 800 денари за да си го дозволиш. Затоа им отиде инспекција, затоа им ги најдоа зејтините, затоа попија казна и затоа денес цел рафт беше полн со зејтин во КАМ маркетот кај мене.

Прегледај го приврзокот 325575

Еве го условувањето под 3). Те условува да купиш лепеза на производи за да направиш сметка до 800 денари за да можеш да си го дозволиш зејтинот во овој случај.

Прегледај го приврзокот 325576

Не знам што овде расправате основни економски работи а немате ни Е од економија во познавањето. Ама најинтересни, и експерти за корона, за војнава у Украина, сеа и експерти за економија станавте а благе везе си немате. Кажете сега како не сме у право со тоа што ќе ми кажете дека како совршена конкуренција маркетот може што кур сака да прави и да ја покачи цената на зејтинот на 1000 денари ако му е ќејф.
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
686
Поени од реакции
1.543
Има разлика бе луѓе, како не разбирате не сте ми ич јасни.

СОСЕМА Е ВО РЕД е ти да правиш акции од овој тип, нема ништо спорно во тоа, напротив привлекуваш и потрошувачи. АМА, ете го тоа „ама“ каде што се јавува како проблем во овој случај. ОНИ во буквална смисла го тргнаа од рафтовите производот кој генерира меѓудругото најголема потрошувачка тука кај нас. Секое домаќинство влегува, потребен му е зејтин, без многу размислување (ако не и ич) купува и си оди. Ти доаѓаш, потребен ти е зејтин во моментот да купиш а немаш во тебе доволно пари за да направиш сметка од 800 денари, гледаш дека имаат зејтин ама не го продаваат намерно туку го чуваат за условување само со сметка над 800 денари да го добиеш гратис. ТОА Е НЕЗАКОНСКИ ЗАШТО ПО ДИФОЛТ ТЕ УСЛОВУВА како што вика законот. И не ми кажувајте дека "ако не ти се свиѓа, не пазари таму". Ја нема да пазарам, Петко нема да пазари, ама тоа нема да го смени фактот дека акцијата им е противзаконска на тој начин како што тие ја спровеле.

Ќе беше законски ако го имаат ставено зејтинот на рафтовите за да можат и тие што влегле само за леб, млеко, јајца да си купат и зејтин како опција. Додека тие што си прават стандард сметка од 800 денари во едно пазарување е сосема легитимно да си добијат гратис зејтин.

@Bafra Не е така како ти што викаш, приватњак па ајде ќе накачувам цени како ми прднало. Си има закони бре човече, државата кажува за кои производи имаш бариери во поглед со поставување на цени, а во кои немаш минимални или никакви ограничувања. Не знам како не го разбираш ова, да ти вадам закони пак за ова со поставување на цената ќе биде џабе и бескорисно, пак ќе си тераш по своето и ќе тераш инает иако ова да го кажеш некаде надвор ќе ти се утепаат од смеење сите.

Тоа е целото објаснување. Измешавте триста работи и пак не ја разбравте поентата, не знам што да ви кажам друго.

Дали попиле казна или не, ич не ме боли таквото. Поентата е дека не смеат законски тоа да го прават, ало, значи законот тебе ти налага така. Не навлагам дали требало или не да ги казнат и не замарајте со "ама колку други маркети има што го прават истото па не ги казнуваат". Ме боли кур, исто и тие работат незаконски па треба да се казнат така да не замарајте.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.899
Поени од реакции
23.553
...... и не знаеш да извлечиш заклучок од напишаното. :pipi:

Ја никаде не се бунам зошто зејтинот кошта 150 денари, туку се бунам заради тоа што го кријат зејтинот во магацинот за да после истиот тој зејтин му го препорадаваат на народот по повисоки цени. И така креираат паника, па народот е во состојба да се истепа меѓусебно за едно шише зејтин....дури и кога реално нема никаква потреба од такво нешто. Зејтин, брашно, шеќер, сол, шпагети, макарони, паштети, конзерви....има во сите други маркети, така да беспотребна е целата галама.
Ама кој го крие бре? Дај договорете се со измислициве. Ако снемало во одреден момент а било изложено на почеток на денот, како е КАМ крив за тоа?
Или треба да вработат посебна екипа зејтинаши кои ќе полнат рафтови беспрестано додека другиве грабаат по 20 шишиња одеднаш?
Плус они не го препродаваат, туку го даваат гратис на сметка од 800 денари, што значи добиваш 11.2% гратис на работите кои ги пазариш.

Бидејќи не сум во МКД, а моите живеат многу блиску до КАМ, ја натерав мајка ми кога ќе оди нареден пат да ми сликне дали има зејтин за продажба или "го кријат по магацини". Многу ме интересираше целава ситуација во која тврдите дека немало зејтин воопшто на продажба. Еве ти слика од тоа како изгледа КАМ после грабежот од испаничени тетки.
Може убаво да се види дека имало најмалку три нивоа со зејтин според картоните.

1647696575125.png


Зашто они би биле виновни за нивната акција каде ги честат своите верни потрошувачи?
Нели ви е срам малце да плукате цело време без да согледате факти?
Ова што ги набедувате дека го криеле е уште посрамно.
Јас ако би бил менаџер на КАМ, би сакал оние верни потрошувачи да можат да купат зејтин кога пазарат во моите маркети, па сигурно би лупнал ваква некоја промоција, па дури и 1000ка би ве условил. Подобро тоа отколку да дојде некој цинцар кој возел 10 км до КАМ од својата колиба за да заштеди 100 денари при купување на 120 литри и да створи паника кај другите само затоа што комшијата кој го сретнал пред кооперација слушнал од другиот комшија дека ќе нема зејтин заради ова во Украина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom