Ја следев горе-долу ситуацијата и овде што се пишува и забележав дека и според написот од Кам, како и според пишувањето овде, маркетот најверојатно сам си пукаше во колено.
Не е поентата да се навлегува дали казната била голема, дали важела за сите или не, нормално знаеме дека во оваа држава не постои еднаква примена на правила и прописи во државата. Јас сум сигурен дека вакви прекршоци имаат направено многу трговци, само сега времето е такво и работите се многу поосетливи.
Суштината како што јас гледам е многу едноставна.
Акцијата која што ја организирал КАМ е сосема легитимна и во ред, само ако (
ова е многу важно) истиот тој зејтин кој го давале гратис за сметки над 800 денари е достапен за слободно купување, согласно утврдена цена,
без услов на висината на сметката.
Просто кажано, ситуација 1, оди Петре да пазарува во КАМ, прави сметка над 800 денари и му велат, еве господине повелете шише зејтин, имаме акција и го доделуваме гратис. Благодарам, пријатно.
Е сега, ситуација 2, оди Трајанка во КАМ, и нејзина потреба како потрошувач е да купи само зејтин. Сака да го купи зејтинот Ле Бон (избор на потрошувачот), го зема и на каса и велат:
- Сценарио 1: Го чукат на касата, и велат 90 денари госпоѓо и даваат фискална, фала пријатно (во ова сценарио, акцијата на КАМ е законска)
- Сценарио 2: И велат, се извинуваме госпоѓо, овој зејтин не се продава, единствено е достапен гратис,
но (забрането условување, според точка 3, чл.136 што некој го постави поназад некоја страна) само со сметки над 800 денари. (во ова сценарио, акцијата на КАМ е незаконска).
Уште полошо е, ако тие го имале производот, но истиот бил сокриен/недостапен и го давале само на каса со сметки над 800 денари, со што вршат еклатантно измамничко однесување,
давајќи погрешни информации за достапноста на производот, многу јасно наведено и експлицитно забрането во законот, согласно чл.31 б.
Така да, КАМ треба да даде еден, едноставен одговор:
Дали производот предмет на акција (во овој случај зејтинот Ле Бон), во текот на спроведувањето на акцијата, бил слободно достапен за купување по одредена цена?
Ако одговорот е да, тие се чисти. Ако е не, тогаш си сносат вина.
Јас верувам дека ова е ненамерна грешка и нивната цел била добра, но сепак.
Еве ќе го цитирам мислењето каде што ги има законите кои ги цитирам, да бидеме на чисто.
Претпоставувам не си економист и не разбираш некои работи, ќе пробам да ти поедноставам иако
@Stefan-kobe и
@Zlatikevichius кажаа се што требаше да се каже. Значи се е тоа у реду што си го пишала со акцијата и се слагам да има таква акција се додека трае кризава и сум за да има секакви акции од тој тип се додека се во рамки на законот. Меѓутоа додека на рафтови немаш ниту еден зејтин ставено (у овој пример КАМ маркет), а си ги повлекол во магацин и ги чуваш како залиха за да правиш ваква "акција" е строго казниво со закон. Значи зејтинот, лебот, млекото, маргаринот или путерот и ред други производи ти се конвенционални производи, т.е. твојата егзистенција зависи од нив и кога одиш во продавница не размислуваш воопшто за нивно купување, туку ги купуваш веднаш и без голема споредба или напор за купување. Затоа и постојат закони за нивните цени, да не бидат дискриминирачки, да нема дампиншки цени и менаџерите да немаат дотолку нивно влијание за формирање на цената. Си постојат закони и регулативи. Нема да навлагам дали тие се почитуваат или не, дали се казнуваат бидејќи е друга тема. Во моментов дискутираме за целта на оваа акција.
Тука е проблемот кај КАМ, на производ како што е зејтинот, те условува да направиш сметка од 800 денари за да ти дадат гратис. Еве не можам да направам сметка од 800 денари за да си дозволам основен прехрамбен производ како што е зејтинот, но меѓутоа потребен ми е зејтинот веднаш, во моментот. Треба да го имаат ставено на рафт како опција (вчера го немаше кај мене во КАМ, проверено), за да се купи поединечно по негова регуларна цена, а не единствен пристап до производот да биде со услов, т.е. само ако направиш сметка над 800 денари па да го добиеш истиот гратис иако ти кажале дека количините за зејтин им се потрошиле, кога тоа е потполно неточно и истиот го имаат повлечено само од рафтовите со цел да иницираат поголема продажба на сметка на граѓанинот како што кажав казниво со закон. Вака да функционираше економијата, ехее еве првиот маркет ќе го отворам во некое село каде што луѓето патуваат за да си дозволат основни намирници и со сметка над 400 денари таму ќе продавав леб и млеко.
Не дека не е дозволено да продаваш по пониска цена од набавната, туку овде станува збор за сосема нешто трето. Еве закон согласно таквата продажба како што е случајот со зејтинот.
Лажна информација е дека немаат зејтин за продажба на рафтовите поради тоа што имаат мала количина на зејтин на залиха и истата ја чуваат за овие што ќе направат над 800 денари сметка. Жими газот. Ги повлекле во магацини и лажат дека го немаат како поединечен производ и те условуваат да направиш сметка од 800 денари за да си го дозволиш. Затоа им отиде инспекција, затоа им ги најдоа зејтините, затоа попија казна и затоа денес цел рафт беше полн со зејтин во КАМ маркетот кај мене.
Прегледај го приврзокот 325575
Еве го условувањето под 3). Те условува да купиш лепеза на производи за да направиш сметка до 800 денари за да можеш да си го дозволиш зејтинот во овој случај.
Прегледај го приврзокот 325576
Не знам што овде расправате основни економски работи а немате ни Е од економија во познавањето. Ама најинтересни, и експерти за корона, за војнава у Украина, сеа и експерти за економија станавте а благе везе си немате. Кажете сега како не сме у право со тоа што ќе ми кажете дека како совршена конкуренција маркетот може што кур сака да прави и да ја покачи цената на зејтинот на 1000 денари ако му е ќејф.