Брак без деца

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.044
Поени од реакции
2.131
Брак без деца..е исто ко ние без глава..едностано не оди без деца...
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Брак без деца..е исто ко ние без глава..едностано не оди без деца...
Не оди без деца, па не би рекла баш така. Познавам парови кои се подолго време во брак без деца па добро функционираат. Можеби бракот би бил поисполнет со деца и јас лично сакам деца, но ете некои од x причини ги немаат а сепак добро функционираат.
 
Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.044
Поени од реакции
2.131
Не оди без деца, па не би рекла баш така. Познавам парови кои се подолго време во брак без деца па добро функционираат. Можеби бракот би бил поисполнет со деца и јас лично сакам деца, но ете некои од x причини ги немаат а сепак добро функционираат.
Oкеј е се..но не личи баш брак без деца ...затоа се напраени машкото и женското :D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.854
Единствен реален и издржлив пост.
Сите овие што викаат не, не би ја/го оставил/а, 90% баш обратно ќе направат. Лесно е да кажете НЕ. Во пракса не функционира така.
Велите ќе посвоите. Пробајте, секаде е проблем тоа, а на нашиве простори mission impossible.
Велите вештачко оплодување. Ко да е тоа плукни залепи, и готово, решен проблем. Не ќе да е така

Погледајте го болдот од Луси_лу, тоа е проблемот. Во горомен број случаи тоа и се случува, ќе видите дека „идеалниот“ партнер бил далеку од идеален.
Што би рекле браќа црногорци: „На муци се познају јунаци“
Точно. Сето тоа се случува. Никој нема да рече, ,,еј супер, не можеме да имаме деца,,. Огромна голгота поминуваат тие луѓе, а искрено, знам луѓе кои по 10-15 години се обидуваат да имаат дете, немаат, но сеуште се заедно.
Јас мислам дека ако е правиот човек покрај мене, ќе преживеам и без биолошко дете.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Велат дека децата се најголемо богатство, но скраја да е било како било никогаш не би дозволил да ја изгубам партнерката, сепак мислам дека љубовта меѓу партнерите е столбот во бракот и без него чоек може само да пропадне.

Какви времиња се ретко кој мисли на деца.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Јас секогаш сум сакал да имам куче наместо деца. Кучињата се послушни, можеш да ги издресираш, благодарни се за храната и покривот што им го даваш......
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Точно. Сето тоа се случува. Никој нема да рече, ,,еј супер, не можеме да имаме деца,,. Огромна голгота поминуваат тие луѓе, а искрено, знам луѓе кои по 10-15 години се обидуваат да имаат дете, немаат, но сеуште се заедно.
Јас мислам дека ако е правиот човек покрај мене, ќе преживеам и без биолошко дете.
Хм....правиот..... кој може тоа да знае?
Превиот е денес, за 2 години, за 5...... Но после можеш да сватиш дека всушност не бил. Ако потпадне на сиот тој притисок.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.854
Хм....правиот..... кој може тоа да знае?
Превиот е денес, за 2 години, за 5...... Но после можеш да сватиш дека всушност не бил. Ако потпадне на сиот тој притисок.
Ако попуштиме, јас или тој, значи не сме правите еден за друг. Правиот е ,,прав,, и тогаш кога има 80 години и моча во кревет и на неговиот/нејзнинот партнер не му/и е тешко да му/и менува пелени.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ако попуштиме, јас или тој, значи не сме правите еден за друг. Правиот е ,,прав,, и тогаш кога има 80 години и моча во кревет и на неговиот/нејзнинот партнер не му/и е тешко да му/и менува пелени.
Е така де. Ама во повеќето случаи испаѓа дека не се правите....тоа е проблемот. Додека се е „мазно“ многумина можат да бидат „прави“
Како што реков и претходно, црногорците велат: „На муци се познају јунаци“.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.854
Е така де. Ама во повеќето случаи испаѓа дека не се правите....тоа е проблемот. Додека се е „мазно“ многумина можат да бидат „прави“
Како што реков и претходно, црногорците велат: „На муци се познају јунаци“.
Многу нормално. Знаеш, сите многу лесно викаат ,,да,, во матично. А тука прашањето има дел што вика ,,Во добро и лошо, болест и здравје, итн....,,, Да е бракот нешто лесно и сосема забавно, не би требало да биде регулиран со закон.
А не можеме сега глобално за сите да зборуваме. Како што забележав на многумина ,,смислата на животот,, им е во децата. Ама не би го оставиле партнерот.
Јас мислам дека би го оставиле, и тоа многу брзо. Зошто ќе си ја изгубат ,,смислата на животот,,.

И затоа зборувам во принцип, во мое име. Децата не ми се животот, ниту па нешто сум притресена како и што ќе биде. Нормално како и секој човек, сакам да ги имам. Но, прво го наоѓам партнерот, после правам деца. Иако многумина уште прават деца пред брак за секој случај, ,,што ако во брак не можеме да имаме,,. Идиотизам.

Баш имаше таков пример пред некое време, од луѓе од моја близина. Типот имал кила и не бил сигурен дали може дете да напраи, и 1 година пробувал да напраи за да видат дали можат да прават свадба.
И сега ќе има трудна невеста, среќна што мажот замислете успеал дете да напраи....

ИДИОТИЗАМ.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
И затоа зборувам во принцип, во мое име. Децата не ми се животот, ниту па нешто сум притресена како и што ќе биде. Нормално како и секој човек, сакам да ги имам. Но, прво го наоѓам партнерот, после правам деца. Иако многумина уште прават деца пред брак за секој случај, ,,што ако во брак не можеме да имаме,,. Идиотизам.
Потполно си во право....освен во делот што цело време пробувам да го доловам

Обрни малку внимание на болдот. Го наоѓаш и еве, пу пу скраја да е (што би рекле вернициве Не дај боже) не можете да направите. Дали во тој случај еден од партнерите, нема да попушти под тој притисок? Некои се оддаваат на пиење, на неверства, некои психички попуштаат па станува звер....итн да не редам. Ќе се запрашаш, абе дали е тоа човекот за кој се омажив/оженив???
Тогаш ќе го открие своето право лице, а се дотогаш било глума.
 
Не, тогаш нема да го открие правото лице. Депресијата и омразата кон сам себе заради неможноста, чувството на вина, прават партнерот со проблем да стане таков. Депресијата, стравот, сожалувањето кон себе и сожалувањето кон партнерот, лутината према животот, прави да биде одвратен другиот партнер.

Зошто има и друга ситуација, на пример, поради несреќа едниот останува инвалид и не може да има деца. Дали ќе го оставиме зошто не може да има деца, па дури ниту секс?

Нормално е дека нема да се радуваме или туку така прифатиме, ни едниот ни другиот не би можеле, но со заеднички напор се се средува.

Имам таква ситуација во моја близина, човекот имаше сообраќајка и е буквално неподвижен, лежи на интензивна повеќе од 1 година, од која 2 месеци помина во кома и не знаеа дали ќе се разбуди. Има две деца со жена му. Прилично се млади, по 35-40 години имаат и двајцата.
Моментално се во Австрија во болница, им даваат помалку од 10% шанси дека тој некогаш ќе успее да се помрдне. Што сега?

Не се богати, ама таа најде и изнајде начини и начини како да дојде до пари, да трча по доктори и болници, да биде мајка на две многу мали деца.

Тие што се откажуваат - а не се сите - очигледно не го слушнале добро прашањето на матичарот или пак решиле да стапат во брак од погрешни причини. Или не знаеле дека бракот не е само сексање и романтични вечери, бракот е многу голема, огромна, и се очекува доживотна обврска.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не, тогаш нема да го открие правото лице. Депресијата и омразата кон сам себе заради неможноста, чувството на вина, прават партнерот со проблем да стане таков. Депресијата, стравот, сожалувањето кон себе и сожалувањето кон партнерот, лутината према животот, прави да биде одвратен другиот партнер.
Е да знаеш како откриваат своето право лице и по 10, 15, па и 20 год глумеле дека се нешто друго, ехеееее милион примери имам
 
~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Сигурна сум дека има и такви бракови кои совршено функционираат и без деца. Сепак не е само направи го детето и остави го само на себе или пак плати луѓе(бебиситерка или нешо слично) да ти го чуваат додека ти се гушиш во еден куп обврски кои ги имаш.На детето му треба внимание и љубов од родителите.Иако мислам дека бракот без деца не е потполно исполнет.Ако наидам на партнер кој сака деца но од биолошки причини нема да може да ги има, би посвоила детенце.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Да бидам искрена, не сакам само брак, сакам фамилија.Сакам деца да ми трчаат по станот и да ми го разубавуваат/загорчуваат животот и пак да ги сакам повеќе од се на светот.Сакам да можам да го вдишам мирисот на новороденото МОЕ дете и да бидам најгордата мајка на светот кога ќе ја земе дипломата во рака.Сакам се ... цел пакет.
Така што, не знам, somethings are a deal breaker, за мене тоа се децата.
Може да те прашам нешто? :)
Што доколку (не дај Боже) ти си таа што не може да има деца?
Како до тој цел пакет?
Треба тогаш партнерот да те остави тебе? хмм
 
Kajgana Shop

На врв Bottom